Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 14 февруари
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 февруари и Разбудете се! од 8 февруари. Накратко разгледај како може презентациите што служат како пример, да се приспособат кон потребите на локалното подрачје. (Види ја Наша служба за Царството од јануари 2005, стр. 8.)
35 мин: „Сезоната на Меморијалот — време на зголемена активност.“a Да го изнесе надгледникот за служба. Кога ќе дискутираш за пасус 6, вклучи ги коментарите од Разбудете се! од 8 декември, 2004 страници 20-21. Објави ги оние што ќе служат како помошни пионери. Накратко опиши ја подготовката за дополнителни состаноци за служба на подрачјето. Поттикни ги сите на некој начин да ја зголемат духовната активност во текот на оваа сезона на Меморијалот.
Песна 14 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 21 февруари
10 мин: Локални известувања. Разгледај ги главните точки од рамката на 6. страница, „Помогни им да добијат натамошно сведоштво.“ Поттикни ги сите точно да го пополнуваат формуларот Те молиме, продолжи понатаму (S-43) кога ќе има потреба.
20 мин: „Покажи благодарност за Јеховината верна љубов.“b Објави го времето и местото за Меморијалот, заедно со името на говорникот и други соодветни детали. Кога ќе дискутираш за пасус 4, вклучи и кратка презентација во која еден објавител поканува едно лице од неговата обиколка со списанија, да дојде на Меморијалот. Отпечатените покани за Меморијалот треба да се на располагање по состанокот, ако ова веќе не е направено.
15 мин: „Водење напредни библиски студии — дел 6.“c Вклучи една презентација од четири минути, во која едно лице што ја проучува Библијата прашува зошто толку малку од присутните на Меморијалот земаат од лебот и виното. Водителот на библиската студија го пофалува за прашањето, го запишува и предлага да дискутираат за него откако ќе го разгледаат материјалот за проучување за таа седмица. На крајот од студијата, водителот му го покажува материјалот што следува по прашањето „Кој треба да зема од лебот и од виното?“ на страници 379 од книгата Расправљање. Тие читаат заедно и ученикот искажува ценење за јасниот одговор на прашањето што го поставил.
Песна 21 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 28 февруари
15 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од служба за февруари. Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 1 март и Разбудете се! од 8 март. Можат да се употребат и други реалистични презентации. На крајот од едната презентација, користејќи ја задната страница од Разбудете се! од 8 март, објавителот нека го покани станарот да дојде на Меморијалот.
20 мин: Покажи грижа за оние што се слаби (Дела 20:35). Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и на ист начин како што се води студијата на Стражарска кула, продолжи со дискусија со прашања и одговори во врска со Стражарска кула од 1 јули 2004, страници 17-18, пасуси 12-16. Еден брат којшто добро чита нека ги прочита пасусите. Сосредоточи се на тоа како може информациите да се применат во врска со претстојниот Меморијал и специјалното предавање.
10 мин: Понуди ја Бдејте! Дискутирај и прикажи презентации коишто можат да се користат за да се понуди брошурата во март. Може да се користат предложените презентации од додатокот на Наша служба за Царството од јануари 2005 или други презентации кои се делотворни на локалното подрачје.
Песна 72 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 7 март
10 мин: Локални известувања. Разгледај ги главните мисли од рамката „Потсетници за Меморијалот“.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Нуди ги списанијата во твојата служба.“d Откако ќе дискутираш за пасусите 3 и 4, материјалот примени го локално. Кратко интервјуирај еден или двајца објавители кои успешно ги нудат списанијата во дуќани, на улица, на јавни места или кога сведочат неформално. Замоли ги да објаснат како го прават тоа. Нека има кратка презентација или нека се одглуми некое искуство.
Песна 192 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.