ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/04 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 11 октомври
  • Седмица што почнува од 18 октомври
  • Седмица што почнува од 25 октомври
  • Седмица што почнува од 1 ноември
Нашата служба за Царството 2004
km 10/04 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 11 октомври

Песна 219

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Охрабри ги сите да си ги повторат белешките користејќи ги прашањата на 1. страница за да имаат удел во дискусијата со присутните за програмата од Обласниот конгрес „Одете со Бог“ што ќе се одржи на Состанокот за служба следната седмица. Употреби го предлогот на 8. страница (ако одговара за вашето подрачје) за да покажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 октомври. Поттикни ги објавителите во својата презентација да прочитаат и стих. Може да се изнесе и некоја друга реалистична презентација.

15 мин: Уживај во тоа да им помагаш на другите (Јован 4:34). Интервјуа. Вистинска радост е да се види како некому му светнува лицето од среќа додека учи за вистините од Божјата реч (w 1.3.94 стр. 29 пас. 6, 7). Интервјуирај двајца или тројца објавители или пионери што делотворно ја користат Библијата во службата и за да започнат и водат библиски студии. Како го негуваат интересот што ќе го најдат? Каква радост им причинува тоа? Нека раскажат или нека одглумат искуства од нивната служба.

20 мин: „Специјална кампања за да се дистрибуира новата брошура.“a Да го одржи надгледникот за служба. Нека се прикажат предложените презентации. Во еден од приказите, станарот покажува многу мал интерес за библиската презентација и му се нуди трактат наместо брошура.

Песна 69 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 18 октомври

Песна 127

5 мин: Локални известувања. Накратко разгледај ги подготовките за специјалната кампања за да се дистрибуира новата брошура.

40 мин: „Обласниот конгрес нѐ поттикнува да одиме со Бог.“ Да го одржи старешина. По воведот, кој не треба да е подолг од една минута, води дискусија со присутните за програмата од конгресот користејќи ги прашањата од статијата. Распореди го времето така што ќе посветиш онолку колку што треба за да го обработиш секое прашање. Можеби за некои прашања ќе биде доволен само еден одговор. Во доделеното време нема да можат да се прочитаат сите наведени стихови; тие се дадени за полесно да се најдат одговорите. Коментарите треба да се сосредоточат на користите од применувањето на работите што ги научивме.

Песна 165 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 25 октомври

Песна 56

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Прикажи една презентација за понуда на новата брошура која дала добри резултати на локалното подрачје. Ако има време, раскажи искуства од специјалната кампања.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Изнеси докази за да ја поткрепиш Божјата реч. Дискусија со присутните на темел на книгата Школа за служба, страници 256, 257. Како да ги користиме доказите од други извори вон Библијата за да им помогнеме на луѓето да ја ценат логичноста на Писмото? Замоли ги присутните да коментираат за следниве прашања: Кои примери од физичкиот универзум можеме да ги наведеме како доказ дека постои Творец? (rs 382, 383). Како можеме да ги користиме коментарите на изучувачите или на стручњаците за да им помогнеме на другите да сфатат дека Библијата е навистина реч Божја? (rs 47—49). Која илустрација или споредба можеме да ја користиме за да им помогнеме на другите да сфатат зошто Бог ја дозволува злобата? (rs 135). Кои искуства или примери си ги користел за да им помогнеш на другите да ја ценат мудроста од послушноста на библиските совети?

Песна 62 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 1 ноември

Песна 15

10 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба на теренот.

20 мин: Како да им помогнеме на оние што зборуваат друг јазик. Говор и дискусија со присутните на темел на воведот од Добра вест за сите нации. Истакни некои карактеристики на новата брошурка. Дискутирај за трите чекори што можеме да ги преземеме за да им помогнеме на оние што зборуваат јазик кој не го разбираме. Вклучи коментари од Наша служба за Царството од јули 2003, 4. страница. Спомни дека формуларот Ве молиме, проследете (S-43) обично треба да се пополни дури и ако лицето не покажува интерес за пораката за Царството. Вклучи и приказ што покажува како да се користи новата брошурка.

15 мин: Локални искуства. Замоли ги присутните да раскажат искуства што ги имале досега во текот на специјалната кампања за дистрибуирање на новата брошура. Подготви однапред да се одглумат некои посебно интересни искуства. Ако собраниската резерва на брошури се намалува, на одделот за литература треба да му се достави барање за додатни примероци.

Песна 175 и заклучна молитва.

[Фуснота]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели