ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/04 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 13 септември
  • Седмица што почнува од 20 септември
  • Седмица што почнува од 27 септември
  • Седмица што почнува од 4 октомври
Нашата служба за Царството 2004
km 9/04 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 13 септември

Песна 43

12 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлогот на 4. страница е практичен за подрачјето на твоето собрание, употреби го да покажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 септември. Може да се користи и друга презентација. По приказот, истакни накратко некој позитивен аспект од презентацијата.

15 мин: „Задржи едноставно око.“a Користи ги дадените прашања. Ако има време, истакни ги наведените стихови.

18 мин: Очевидци на нашите добри дела (1. Петр. 2:12). Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 1 ноември 2002, страници 12—14, пас. 14—20. Замоли ги присутните да коментираат за тоа какво влијание имало врз луѓето во нашата околина тоа што можеле да ги набљудуваат нашите добри дела.

Песна 162 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 20 септември

Песна 88

10 мин: Локални известувања. Разгледај некои врвни точки од писмото од бетелската канцеларија на првата страница од ова издание на Наша служба за Царството. Поттикни ги сите да го прочитаат извештајот во Броеви 16:1—35, а потоа да ја гледаат видеокасетата Почитувај го Јеховиниот авторитет за да се подготват за Состанокот за служба за седмицата од 4 октомври.

15 мин: Што постигнавме минатата година? Говор на старешина на темел на собранискиот извештај за служба за 2004 службена година. Сосредоточи се на позитивните аспекти од извештајот, и пофали го собранието за добрите работи што ги постигнало. Истакни колку се труделе пионерите. Спомни едно или две подрачја на кои собранието може да работи следната година.

20 мин: Да се истрае со добри дела (Гал. 6:10). Интервјуирај двајца или тројца општи пионери или објавители што одвреме навреме учествуваат во помошна пионерска служба. На какви пречки наидувале во својата служба за Јехова и како ги совладале? Што им помогнало со истрајност да им прават добро на другите? Каква лична корист имале од напорите што ги вложиле во христијанската служба, и како таа им користела на другите? Ако е соодветно, вклучи и коментари за тоа што било направено локално за да се достигнат со добрата вест оние што зборуваат други јазици. Пофали ги сите за ‚нивната верна работа и нивниот труд од љубов и за нивната истрајност‘ (1. Сол. 1:2, 3).

Песна 103 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 27 септември

Песна 221

15 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба на теренот за септември. Прикажи како да се понудат Стражарска кула од 1 октомври и Разбудете се! од 8 октомври.

10 мин: Јеховината реч е жива. Говор. За да ни помогне да извлечеме уште поголема корист од програмата за редовно читање на Библијата која се изнесува во Теократската школа за служба, во избрани изданија на Стражарска кула излегува рубрика со наслов „Јеховината реч е жива“. Користејќи ја Стражарска кула од 15 септември 2004, страници 24—27, истакни некои од карактеристиките на овие статии. По општиот преглед, делот „Одговорени библиски прашања“ дава објаснување на некои потешки библиски стихови. Коментарите под „Поуки за нас“ ни го свртуваат вниманието на практичната вредност на информациите што сме ги прочитале. Разгледај неколку конкретни примери за да покажеш како оваа рубрика ќе ни помогне подобро да ја разбереме Божјата реч. Охрабри ги сите во потполност да ја користат оваа подготовка додека од следната седмица почнуваме да ја читаме книгата Второзаконие.

20 мин: „Користи ја добро Библијата.“b Употреби ги дадените прашања. Како основа за воведните коментари нека ти биде книгата Школа за служба, 145. страница, пасуси 2, 3. Вклучи и два кратки приказа, еден на ново место и еден на повторна посета, за да покажеш како да се применат дадените предлози.

Песна 38 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 4 октомври

Песна 5

5 мин: Локални известувања.

15 мин: Локални потреби.

25 мин: „Мораме да го почитуваме Јеховиниот авторитет.“ Прочитај го Јуда 11, ограничувајќи ги воведните коментари на максимум две минути. Веднаш потоа продолжи со дискусија со присутните користејќи ги сите прашања од статијата. Нагласи дека ако сакаме и понатаму да бидеме одобрени од Јехова, не смееме да имаме бунтовен став како што имал Кореј и дека треба да се угледаме на примерот на неговите синови, кои не дозволиле ништо друго да им биде поважно од лојалноста кон Јехова.

Песна 99 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели