Известувања
◼ Понуда на литература за август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Радувај се засекогаш на животот на земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш и Што ни се случува кога ќе умреме? Септември: Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Како алтернативна понуда, може да се нуди Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Октомври: Специјална кампања за да се презентира новата брошура, но ќе се нудат и поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! во текот на целиот месец. Таму каде што ќе биде покажан интерес, нека се понуди брошурата Бара, и нека се следи интересот со цел да се започнат домашни библиски студии. Ноември: Ќе се нуди книгата Учи од големиот учител. Ако лицето рече дека нема деца, нека се понуди брошурата Бара. Ќе се сосредоточиме на тоа да ја користиме брошурата за да започнеме домашни библиски студии.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој одреден од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 септември или колку што е можно побрзо по тоа. Кога ќе се направи ова, дајте известување пред собранието откако ќе биде прочитан следниот сметководен извештај.
◼ Годишната инвентура на целата литература и списанија што стојат на располагање треба да се изврши на или околу 31 август 2004. Оваа инвентура е слична на сегашното месечно пребројување што го врши слугата за литература, а севкупниот износ треба да се внесе во формуларот за Инвентура на литература (S—18). Вкупниот број списанија што стојат на располагање треба да се добие од слугата за списанија. Претседавачкиот надгледник и секретарот ќе го потпишат формуларот. Секое собрание ќе добие три формулари за Инвентура на литература (S—18). Ве молиме, испратете го оригиналот до канцеларијата на Бетелот најдоцна до 6 септември. Задржете една копија за својата архива. Третата копија може да се користи како работен лист.