Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 30 август 2004. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 5 јули до 30 август 2004.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Како можеме да ја објасниме причината за нашата надеж „со благ нарав и со длабока почит“? (1. Петр. 3:15) [be стр. 192, пас. 2—4].
2. Зошто е важно да зборуваме со увереност? (Рим. 8:38, 39; 1. Сол. 1:5; 1. Петр. 5:12) [be стр. 194].
3. Како се покажува увереност? [be стр. 195, пас. 3—стр. 196 пас. 4].
4. Што е такт, зошто е тоа важно, и како можеме да поставиме рамнотежа помеѓу оваа особина и цврстината? (Рим. 12:18) [be стр. 197].
5. Што ќе земе предвид едно тактично лице пред да каже нешто? (Посл. 25:11; Јован 16:12) [be стр. 199].
ЗАДАЧА БР. 1
6. На кој начин можат нашите разговори и нашите навики за проучување на Библијата да покажат до кој степен сме напредувале во вистината? [be стр. 74, пас. 3—стр. 75, пас. 2].
7. Што се мисли со тоа ‚да си откупуваме поволно време‘, и како можеме да го направиме тоа? (Ефеш. 5:16) [w 15.11.02 стр. 23].
8. На кој начин Писмото разјаснува дека пред Бог сите луѓе се еднакви, и како треба тоа да влијае врз нашата служба? [w 1.1.02 стр. 5—7].
9. Кое е значењето на уникатното име на Творецот, Јехова? [w 15.1.02 стр. 5].
10. Што ја направило жртвата на Авел „со поголема вредност“ од жртвата на Каин, и каква поука можеме да извлечеме од ова во врска со нашата „жртва на фалба“? (Евр. 11:4; 13:15) [w 15.1.02 стр. 21, пас. 6—8].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. На кој начин Левит 18:3 може да ни помогне да не стекнеме искривено чувство за исправно и погрешно? (Ефеш. 4:17—19) [w 1.2.02 стр. 29].
12. Што било пророчки предочено со ‚двата леба‘ кои првосвештеникот ги принесувал како „движен принос“ за време на Празникот на седмици (Пентекост)? (Лев. 23:15—17) [w 1.3.98 стр. 13, пас. 21].
13. Во случај на прељуба, како што е забележано во Броеви 5. поглавје, во која смисла на виновната жена ‚родницата [бедрата, NW] ќе ѝ овене‘? (Бро. 5:27) [w 1.4.84 стр. 19].
14. Зошто Маријам и Арон зборувале против Мојсеј поради неговата жена Етиопка? (Бро. 12:1).
15. Што била „книгата на Јеховините војни“? (Бро. 21:14, NW).