Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 11 август
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница нека има приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 август. Во презентацијата треба да се понудат две списанија, иако се презентира само едно. Нека биде прикажано како да се одговори на приговорот: „Имам работа/Немам време“. (Види во книгата Расправљање, 19. страница.)
15 мин: „Имитирај ја Јеховината доброта.“a Замоли ги присутните да раскажат кратки искуства што покажуваат како љубезните постапки го отвориле патот да дадат сведоштво. Пофали го собранието за напорите што ги вложуваат за да им помагаат на соверниците.
20 мин: „Благословите од пионерската служба.“b Користи ги дадените прашања. Замоли еден или двајца пионери да коментираат за благословите што ги добиле од пионерската служба. Спомни дека секој што е заинтересиран за пионерска служба може да добие молба од секретарот.
Песна 11 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 18 август
12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Дискутирај за „Нова програма за Денот на специјален собир“. Објави го датумот за следниот Ден на специјален собир и поттикни ги сите да присуствуваат. Ако собирот е за неколку месеци, спомни дека оние што сакаат да се крстат треба да го информираат претседавачкиот надгледник.
15 мин: „Дело што освежува.“c Договори однапред двајца или тројца да коментираат за тоа како ги освежува христијанската служба.
18 мин: „Да го одржуваме нашето место за обожавање во добра состојба.“d (Пасуси 1—5) Користи ги дадените прашања. Кога дискутираш за 3. и 4. пасус, повтори ги локалните подготовки за чистење на Салата на Царството. Укажи на некои работи на кои треба да се обрне внимание. Пофали го собранието за нивните напори да одржуваат едно прикладно место за вистинско обожавање.
Песна 114 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 25 август
10 мин: Локални известувања. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има два посебни приказа како да се презентира Стражарска кула од 1 септември и Разбудете се! од 8 септември. Во обата случаи треба да се понудат две списанија едно во друго, иако само едно се презентира. Прикажи еден родител и неговиот син или ќерка тинејџер како вежбаат подготвувајќи се за делото со списанија. Пред да ги прикажат, тие накратко ја повторуваат секоја од предложените презентации.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Собери смелост да проповедаш (1. Сол. 2:2). Говор и дискусија со присутните. Објасни зошто многумина се плашат да им пристапат на другите со пораката за Царството. Ова е случај дури и со оние што веќе со години се активни. Раскажи некои од искуствата што се наоѓаат во Стражарска кула од 1 декември 1999, 25. страница; Стражарска кула од 15 декември 1999, 25. страница и Стражарска кула од 1 април 1996, 31. страница. Покани ги присутните да коментираат за тоа како тие можеле да соберат смелост да ја споделуваат добрата вест во прилики кога чувствувале страв. Заклучи со охрабрување да црпиме сила од Јехова, темелено на Стражарска кула од 15 декември 1999, страници 23, 24.
Песна 125 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 1 септември
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите од служба на теренот за август. Спомни ја понудата на литература за септември. Договори однапред еден или двајца да раскажат охрабрувачки искуства што ги имале додека сведочеле неформално кога беше обласниот конгрес, додека биле на одмор или во некоја друга прилика во текот на летните месеци.
15 мин: Го одржуваш ли ветувањето дека ќе навратиш пак? Говор и дискусија со присутните темелена на Стражарска кула од 15 септември 1999, страници 10, 11, од поднасловот „Други начини да ги одржиме своите ветувања“. Кога во нашата служба наидуваме на луѓе што покажуваат интерес, обично договараме да ја продолжиме дискусијата во друга прилика. Дали совесно навраќаме повторно како што сме ветиле? Разгледај ги библиските начела што треба да нѐ мотивираат да го одржиме своето ветување. Покани ги присутните да раскажат искуства што покажуваат како биле благословени затоа што набрзо повторно навратиле.
20 мин: „Да го одржуваме нашето место за обожавање во добра состојба.“e (Пасуси 6—12) Користи ги дадените прашања. Истакни колку е важно исправно да се одржува Салата на Царството, нагласувајќи ја рамката на 5. страница. Вклучи краток извештај за состојбата на вашата Сала на Царството, и спомни ги сите планови во врска со поправките или подобрувањата.
Песна 41 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.