ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/03 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 10 март
  • Седмица што почнува од 17 март
  • Седмица што почнува од 24 март
  • Седмица што почнува од 31 март
  • Седмица што почнува од 7 април
Нашата служба за Царството 2003
km 3/03 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 10 март

Песна 5

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница нека има приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 март. Иако се презентира само Стражарска кула, треба да бидат понудени две списанија едно во друго.

15 мин: Да извлечеме корист од Годишникот за 2003. Говор и дискусија со присутните. Дискутирај за врвните точки од ‚Писмото од Водечкото тело‘ што е на 3—5 страница. Договори однапред неколкумина да раскажат извештаи и искуства што сметаат дека се особено охрабрувачки и ја зајакнуваат верата. Спомни ги врвните точки од светскиот извештај. Охрабри ги семејствата во текот на годината да ја прочитаат целата книга. Дај предлози на кои начини можеме да ја користиме книгата за да ги насочиме новите кон Јеховината организација и да ги охрабриме да присуствуваат на состаноците.

20 мин: „Бидете ревносни за она што е добро!“a (Пасуси 1—12). Откако ќе дискутираш за 6. пасус, еден објавител накратко нека прикаже како кани роднина, сосед, соученик или колега на Меморијалот, користејќи ја печатената покана. Ако сѐ уште не се дистрибуирани, печатените покани за Меморијалот треба да бидат достапни по состанокот.

Песна 19 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 17 март

Песна 34

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: Биди мудар во изборот на друштво. Говор на еден старешина темелен на Разбудете се! од 8 јуни 1997, 27. страница и на материјалот под насловот „Лошо друштво“ на 242. страница во книгата Расправљање. Покажи како тие начела се однесуваат и на младите и на возрасните. Нагласи ги користите од тоа да се изберат за пријатели оние што го сакаат Јехова и што покажуваат дека настојуваат да се држат за неговите мерила.

20 мин: „Бидете ревносни за она што е добро!“b (Пасуси 13—26). Да го одржи претседавачкиот надгледник. Кога го разгледуваш 14. пасус, вклучи кратка презентација на еден старешина што прави охрабрувачка посета кај некој болен брат, во текот на која љубезно објаснува како може братот да учествува во зголемената активност на собранието за време на сезоната на Меморијалот.

Песна 53 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 24 март

Песна 72

10 мин: Локални известувања. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има два посебни приказа како да се презентира Стражарска кула од 1 април и Разбудете се! од 8 април.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Јеховини сведоци — позитивно влијание во околината. Говор и дискусија со присутните. Понекогаш имаме прилика да објасниме како нашата служба и пример се од корист за околината. Покани ги присутните да коментираат за следниве точки: 1) Ние ги поучуваме луѓето да живеат според библиските мерила за морал. 2) Поучуваме на чесност и почит кон авторитетите. 3) Поучуваме за хармонија помеѓу расите, националностите и социјалните групи. 4) Им помагаме на другите да го подобрат својот семеен живот така што ги охрабруваме да ги применуваат библиските начела. 5) Сме научиле илјадници да читаат и да пишуваат. 6) Се даваме себеси за да им помогнеме на другите во време на катастрофа. 7) Сме биле од помош во обезбедувањето религиозна слобода што ја уживаат сите. (Види ја книгата Proclaimers — Објавители, 699. страница.)

Песна 121 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 31 март

Песна 130

12 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да ги предадат извештаите за служба на теренот за март. Спомни ја понудата на литература за април. Разгледај „Користи ја книгата Обожавај го Бог за да водиш библиски студии“. Дискутирај за главните точки од „Потсетници за Меморијалот“.

13 мин: Локални искуства. Покани ги сите во собранието да раскажат искуства што ги доживеале за време на зголемената активност во текот на март. Пофали ги за нивните напори и охрабри ги во текот на април сите да учествуваат толку колку што им дозволуваат околностите.

20 мин: „Јехова е достоен за секоја пофалба.“c Нагласи ја важноста на Меморијалот. Покажи како можат сите да бидат од помош помагајќи им на другите да присуствуваат. Објасни што може да се стори за да се контактира со неактивните со цел да го обноват својот интерес. Покани ги присутните да раскажат некои охрабрувачки искуства од минатогодишното одбележување на Меморијалот.

Песна 173 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 7 април

Песна 191

10 мин: Локални известувања.

15 мин: Како да расудуваме од Писмото. Дискусија со присутните. Како можеме да ја развиеме способноста делотворно да расудуваме со луѓето во служба? 1) Стекни здраво спознание од Писмото преку редовна лична студија и присуство на состаноците. 2) Медитирај за она што го учиш, истражувајќи ги вистините од различни гледишта. 3) Не барај само објаснувања за стиховите туку и библиски причини за нив. 4) Разгледај како би им ги објаснил стиховите на различни видови луѓе. 5) Размисли за тоа како би можел да илустрираш одредени мисли.

20 мин: „Како нѐ ослободува вистината.“d Вклучи коментари од рамката на 6. страница од Стражарска кула од 1 октомври 1998. Покани ги присутните да коментираат за тоа како вистините од Божјата реч им донеле слобода.

Песна 217 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели