Распоред за состаноците за служба
ЗАБЕЛЕШКА: Наша служба за Царството ќе направи распоред за Состанокот за служба секоја седмица во текот на летните месеци. Доколку е потребно, собранијата можат да направат преиначувања за да се овозможи присуствување на Обласниот конгрес „Извршители на Божјата реч“. Онаму каде што е соодветно, искористете 15 минути од последниот Состанок за служба пред да се одржи конгресот за да ги разгледате навремените совети од додатокот за овој месец. Охрабри ги сите да одвојат неколку минути за да ја разгледаат отпечатената програма пред да започне секоја утринска и пладневна сесија и да бидат во исчекување на она што ќе се дискутира. Тоа ќе олесни да се насочи вниманието врз програмата и да се прават кратки, но смисловни забелешки. Две до четири седмици после конгресот, на Состанокот за служба треба да има 30-минутно повторување на врвните точки од програмата. Тогаш, секој треба да биде подготвен доброволно да даде краток коментар кога тројцата квалификувани браќа кои ќе имаат задача да го одржат овој дел ќе замолат за тоа. Тие коментари можат да изразат на кој начин она што се научило на конгресот може да се примени во животот или во службата на теренот. Може да се раскажат едно или две избрани, кратки искуства. Добрата подготовка на сите е клучот за Состанокот за служба да биде интересен и поучен.
Седмица што почнува од 8 мај
15 мин: Локални известувања и избрани известувања од Наша служба за Царството. Еден старешина внимателно ќе ја разгледа горната забелешка во врска со преиначувањата во Состанокот на служба.
15 мин: „Дали ги цениш светите работи?“ Говор на старешина. Нагласи колку е важно да се присуствува на сите три дена на обласниот конгрес.
15 мин: „Нам ни е потребна Јеховината организација“. Дискусија со прашања и одговори за статијата на страници 30 и 31 од Стражарска кула од 1 јануари 2000. Примени го материјалот особено на поканувањето нови на собраниските состаноци.
Песна 201 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 15 мај
13 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.
16 мин: „Внимавај на светите објави“. Прашања и одговори. Нагласи ги причините зошто треба сите да бидеме на своите места кога ќе започне секоја сесија.
16 мин: „Задржи добро однесување кое го прославува Бог“. Еден старешина дискутира за статијата со едно семејство. Разгледуваат што треба да направат за да задржат уредност, добри манири, чистота и примерен изглед и однесување на јавни места.
Песна 86 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 22 мај
12 мин: Локални известувања. Разгледај ја рубриката прашања.
20 мин: „Бидете будни“. Дискусија со прашања и одговори. Објасни зошто е итно да останеме духовно будни дури и ако не го знаеме денот и часот. (Види Стражарска кула од 1 ноември 1995, страница 20.)
13 мин: Какви се твоите планови за летото? Едно семејство дискутира за тоа што ќе прават во текот на летните месеци. Разговараат за нивното присуство на сите три дена на обласниот конгрес и за тоа да бидат помошни пионери во текот на еден или повеќе месеци. Исто така, можеби ќе имаат прилика да отидат во некој парк или да учествуваат во некој здрав вид рекреација. Сите се согласуваат да не ја занемарат својата рутина на теократска активност.
Песна 79 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 29 мај
12 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба за мај. Прикажи една кратка презентација за понуда на литература во јуни. Покажи како да се понуди библиска студија, користејќи ја лекција 13 од брошурата Бара.
15 мин: „Најди радост во твојата света служба“. Говор. Дискутирај зошто имаме причини да се радуваме во нашата служба. (Види Insight [Увид], том 2, страница 120.)
18 мин: Читање на Библијата кое наградува. Говор и приказ на темел на Vodič, страница 33, пасуси 6, 7. Редовната програма за читање на Библијата, врз која се темелат врвните точки на Библијата, е дел од наставниот план на Теократската школа за служба. (Наша служба за Царството од декември 1999, страница 7.) Едно семејство има приказ за тоа како некое семејство можеби разгледувало дел од седмичното читање за школата. Избираат една или две интересни мисли и дополнително истражуваат во Индекс на публикации на Watch Tower или во Увид во Писмото. Покажи како читањето на Библијата може да стане посмисловно и подобро да нѐ опреми ‚исправно да ракуваме со речта на вистината‘ (2. Тим. 2:15, NW).
Песна 212 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 5 јуни
5 мин: Локални известувања.
10 мин: Локални потреби.
15 мин: „Предност што им е достапна на помладите“. Говор и дискусија со присутните. Раскажи искуства од Стражарска кула од 1 декември 1996, страница 13, пасус 15. Замоли ги младите да се присетат како уживале во дистрибуирањето списанија. Еден или двајца младинци нека прикажат едноставна презентација со списанија од врата до врата. Охрабри ги родителите да ги земаат со себе своите деца во делото со списанија секоја седмица.
15 мин: „,Проверени дали сме подобни‘ — на кој начин?“ Говор на еден старешина. Разгледај ја библиската подготовка за слуги помошници во собранието. (Види Увид, том 2, страница 409.) Објасни кои квалификации мора да ги исполнат за да бидат наименувани. (Види ја книгата Наша служба, страници 55, 56.) Истакни на кои начини можат да служат слугите помошници и охрабри повеќе браќа да се стремат кон оваа предност.
Песна 82 и заклучна молитва.