ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/00 стр. 2
  • Распоред за состаноци за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноци за служба
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 14 февруари
  • Седмица што почнува од 21 февруари
  • Седмица што почнува од 28 февруари
  • Седмица што почнува од 6 март
Нашата служба за Царството 2000
km 2/00 стр. 2

Распоред за состаноци за служба

Седмица што почнува од 14 февруари

Песна 113

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: „Проповедај ја речта . . . итно“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори. Вклучи коментари од книгата Нашата служба, страница 169. Дај некои практични предлози за тоа како да се зголеми проповедничката активност во остатокот од зимата.

20 мин: „Како да развиеме способност за расудување“. Говор и приказ. Објасни зошто способноста за расудување е толку важна во службата и како да се стекне. Двајца способни објавители нека дискутираат за тоа како да се направи подготовка за службата следејќи ги чекорите што се изнесени во пасус 3 од статијата и потоа нека ја прикажат нивната презентација.

Песна 43 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 февруари

Песна 32

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: „Жени кои напорно работат во Господа“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута, а потоа продолжи со дискусија со прашања и одговори. Вклучи коментари од Стражарска кула од 15 септември 1996, страници 14, 15, пасуси 18, 19. Срдечно пофали ги сестрите за нивната спремна поддршка, корисните услуги што им ги прават на другите и за нивната ревносна проповедничка активност.

20 мин: „Што може да ни помогне да стоиме цврсти во верата?“ Говор на еден старешина. Живееме во критични времиња и на сите ни е потребна некаква помош. Разгледај што можат да направат старешините и слугите помошници за да ги зајакнат оние кои се притиснати од обесхрабрувачки проблеми. (Види го поднасловот „Пастирење што е изградувачко“ во Стражарска кула од 15 септември 1993, страници 21—23.) Објасни како можеме меѓусебно да се охрабруваме на начини кои ќе нѐ стабилизираат духовно (Рим. 1:11, 12).

Песна 82 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 февруари

Песна 46

10 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба за февруари. Кратко разгледај ги ‚Четирите лесни чекори‘ за користење трактати за да се започнат разговори, кои беа изнесени на страница 4 од Наша служба за Царството од минатиот месец. Подготви приказ како може да се користи трактатот Мирољубив нов свет за да се понуди книгата Спознание. Откако ќе ги поставиш прашањата од уводниот пасус на трактатот, прочитај го првиот пасус на страница 3, вклучувајќи го и Псалм 36:29. Ако е покажан интерес, отвори ја книгата Спознание на страница 5, прочитај ја рамката и понуди студија. Овој месец сите треба да вложуваме посебни напори да започнуваме нови домашни библиски студии.

5 мин: Рубрика прашања. Говор на старешина.

12 мин: Да се цени работата на браќата кои учествуваат во изградбата и реновирањето на Сали на Царството. Говор на старешина. Охрабрувачки говор кој ја нагласува спремноста и самопожртвуваноста на браќата и сестрите кои се ставаат на располагање на местата каде што се градат Сали на Царството. Досега во Македонија се завршени четири нови Сали на Царството. Ќе се градат и други. Многумина ги користеа викендите и другото слободно време за да помогнат. Сеедно дали имаат вештини или не, сите оние кои можат да помогнат се ценети. Охрабри ги браќата да продолжат да се ставаат на располагање за идните проекти кога ќе се почнат. Интервјуирај некои кои учествувале во проектот за изградба на Сали на Царството, ако ги има, и вклучи ги нивните коментари за радоста што ја доживеале. (Види Стражарска кула од 1 јуни 1999, страници 18, 19, пасуси 15, 16.)

18 мин: „Да се проповеда добрата вест со цврсто уверување“. Нека има две или три минути срдечен вовед на темел на материјалот и наведените и цитирани стихови во пасуси 1 и 2. Потоа обработи ги пасуси 3—12 со дискусија со прашања и одговори.

Песна 85 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 6 март

Песна 53

5 мин: Локални известувања.

10 мин: Локални потреби.

10 мин: „Внимавај како слушаш“. Еден семеен поглавар дискутира со својата сопруга и децата што можат да направат за да извлечат поголема корист од собраниските состаноци, собирите и конгресите. Смета дека сите во семејството би можеле подобро да се сконцентрираат. Ги разгледуваат наведените предлози и размислуваат за тоа како да ги применат, вклучувајќи ја и потребата да дискутираат повеќе во врска со она што го научиле. Размислуваат како да живеат во склад со нивната одлучност да не пропуштат ниту еден состанок и ниту еден дел од некој конгрес или собир, ако е можно.

20 мин: „Да се проповеда добрата вест со цврсто уверување“. По краток преглед на минатонеделната дискусија на првите 12 пасуси од додатокот, води дискусија со прашања и одговори на темел на пасуси 13—24. Добро користи ги цитираните и наведените стихови.

Песна 130 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели