Состаноци за служба за јуни
Седмица што почнува од 2 јуни
8 мин: Локални известувања. Избрани Известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за февруарскиот извештај од службата на теренот за земјата и за локалното собрание.
15 мин: „Дај сѐ од себе“. Прашања и одговори. (Види и Стражарска кула од 15 април 1993, страници 28—30.)
22 мин: „Спознанието од Бог одговара на многу прашања“. Претседавачот дискутира за статијата со двајца или тројца објавители, вклучувајќи и еден младинец. Коментирај за пасус 1, нагласувајќи зошто книгата Спознание е толку делотворна за да ни помогне да одговориме на прашањата. Прикажи еден практичен дел и предложи подобрувања после секоја презентација.
Песна 200 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 9 јуни
10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.
15 мин: Потсетници за летната сезона. Говор и дискусија со присутните. Многумина од нас планираат додатни активности за време на летните месеци и тие можеби вклучуваат одење на одмор, посетување роднини или уживање во рекреација. Како можеме да ги организираме работите за да не бидат занемарени теократските активности? Дискутирај за следново: 1) Да присуствуваме на обласниот конгрес сите три дена. 2) Да одржиме редовно присуство на состаноците, без разлика дали сме дома или на друго место. 3) Да средиме да имаме редовно учество во службата, а ако сме далеку од дома, да ги испратиме извештаите од службата на теренот до собранието. 4) Да понесеме залиха од литература за неформално сведочење кога патуваме. 5) Да работиме повеќе во вечерното сведочење за време на подолгите денски часови. 6) Да се пријавиме како помошни пионери за еден или повеќе месеци од летото. 7) Старешините да ги задржат добро организирани собраниските активности и да се уверат дека кога некој е отсутен, неговите доделени должности се згрижени.
20 мин: Поучување на другите — итна потреба. Говор на старешина. Разгледај го извештајот од службата ширум светот за 1996, во Стражарска кула од 1 јануари 1997. Засилениот напор да им се сведочи на луѓето секаде каде што можат да се најдат, донесува плод. Сега има итна потреба да се проследат сите места каде што сме оставиле литература и да ги поучуваме луѓето за вистината. Кога контактираме со нив на јавни места, тактично да го побараме нивното име и адресата за да може да биде направена повторна посета. Треба да правиме повеќе отколку само да го посееме семето на Царството; мораме и да го залеваме (1. Кор. 3:6—8). Кога семето е посеано на убава почва, доброто поучување може да му помогне на лицето да ја разбере неговата смисла (Мат. 13:23, НС). Ние треба да учествуваме колку што е можно поцелосно и повешто во делото на поучување (Евр. 5:12а). Вклучи точки од додатокот на Наша служба за Царството од јуни 1996, пасуси 25, 26. Нагласи го настојувањето да се започнат студии или со брошурата Бара или со книгата Спознание.
Песна 204 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 16 јуни
10 мин: Локални известувања. Предложи точки за разговор од текуштите списанија.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Идентификување на твојата религија како вистинска или лажна. Еден старешина води дискусија со двајца или тројца способни објавители на темел на приложениот извадок од Разбудете се! од 22 декември 1989, страница 18 (англ.). Многу наизглед искрени луѓе се посетувани секогаш одново. Меѓутоа, тие никогаш не прифатиле библиска студија. Дискутирај за тоа како точките од оваа статија на Разбудете се! би можеле да се користат за да ги направат свесни за потребата да постапуваат во склад со точното спознание. Укажи на клучните точки во книгата Спознание, поглавје 5: „Чие обожавање го прифаќа Бог?“ Прочитај го пасус 20. Кај таквите поединци можеме да правиме повторни посети за љубезно и тактично да ги охрабриме да прифатат студија и да присуствуваат на состаноците.
Песна 201 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 23 јуни
10 мин: Локални известувања. Истакни ги подготовките за служба на теренот за 5 јули.
15 мин: Што велат тие за нас? Говор темелен на информациите кои се наоѓаат во Индексот на публикации на Watch Tower 1986—1995, страници 341—343. Избери истакнати „Изјави од другите“ за Јеховините сведоци — нашето однесување и нашето дело. Можат да се употребат некои референции како што се следниве: w 15.6.93 22, 23; w 1.7.93 14; w 15.2.94 6; w 15.11.94 8; w 1.7.95 32. Покажи како другите се поволно импресионирани од она што го гледаат кај нас. Објасни зошто ова треба да нѐ мотивира секогаш исправно да се однесуваме и да истраеме во нашето дело. Истакни како да ги користиме таквите поволни коментари кога разговараме со познаниците и заинтересираните лица кои сакаат да знаат повеќе за нас.
20 мин: „Родители — обучувајте ги своите деца да проповедаат“. Прашања и одговори. Вклучи го упатството од книгата Наша служба, страница 100, под поднасловот „Да им се помогне на младите луѓе“.
Песна 211 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 30 јуни
10 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да ги предадат извештаите од службата на теренот за јуни.
20 мин: „Млади — кои се вашите духовни цели?“ Двајца татковци дискутираат заедно за статијата. Тие размислуваат како да им помогнат на своите деца да сфатат зошто е неопходно да си поставуваат теократски цели кои ќе донесат духовни благослови, наместо да тежнеат по материјалистички интереси. (Види ја и книгата Наша служба, страници 116—118.)
15 мин: Подготовка за понуда на литература за јули. Избери една или две брошури кои биле добро примени на локалното подрачје и повтори некои истакнати точки за секоја од нив. Предложи начини на кои би можеле да бидат вклучени во некоја презентација. Потсети ги сите да ја спомнат подготовката за донации, да водат белешки за местата каде што оставиле литература и да навратат за да го негуваат интересот.
Песна 222 и заклучна молитва.