ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/95 стр. 3-6
  • Теократска школа за проповедање — 1996

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Теократска школа за проповедање — 1996
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Поднаслови
  • Упатства
  • РАСПОРЕД
Нашата служба за Царството 1995
km 10/95 стр. 3-6

Теократска школа за проповедање — 1996

Упатства

Во текот на 1996 година, Теократската школа за проповедање ќе биде организирана на следниов начин.

УЧЕБНИЦИ: Задачите ќе се темелат на следниве публикации: Библија на македонски јазик, Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог [uw], „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“ [si-SB], Расудување на темел на Писмото [rs-SB], Спознание кое води до вечен живот [kl] и „Библиски теми за дискусија“ [td-SB].

Школата треба да започнува НАВРЕМЕ со песна, молитва и изрази на добредојде, а потоа следи:

ЗАДАЧА БР. 1: 15 минути. Овој говор треба да го одржи старешина или слуга помошник, а ќе се темели на Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог или на „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“. Оваа задача треба да се одржи како 10–12-минутен поучен говор, после кој следат 3–5 минути усно повторување со користење на печатените прашања од публикацијата. Целта не треба да биде само да се помине материјалот туку да се обрне внимание и на практичната вредност на информациите кои се разгледуваат, истакнувајќи го она што би било од најголема корист за собранието. Треба да се користи одредената тема. Сите се поттикнати однапред да се подготват темелно за да извлечат потполна корист од овој материјал.

Браќата на кои им е доделен овој говор треба да внимаваат да се држат за зададеното време. Ако е потребно или ако говорникот однапред замоли за тоа, може да се даде приватен совет.

ВРВНИ ТОЧКИ ОД БИБЛИЈАТА: 6 минути. Нив треба да ги изнесе некој старешина или слуга помошник кој делотворно ќе го примени материјалот на локалните потреби. Ова не треба да биде само сиже на материјалот што е доделен за читање. Општиот преглед на доделените поглавја ограничи го на 30 до 60 секунди. Главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како тие информации ни користат нам. Потоа, надгледникот на школата ќе ги распореди учениците и во другите простории.

ГОВОР БР. 2: 5 минути. Тоа е читање на зададениот материјал од Библијата. Го одржува брат. Ова ќе важи како за главната школа така и за помошните групи. Доделените пасуси за читање обично се доволно кратки со цел ученикот да може да даде кратко објаснување во уводот и заклучокот. Може да се вклучи историска позадина, значење на пророштво или наука, како и примена на начелата. Треба да се прочитаат сите зададени стихови без прекинување. Се разбира, кога тие не следат еден по друг, ученикот може да го спомене бројот на стихот со кој читањето продолжува.

ГОВОР БР. 3: 5 минути. Овој говор ќе им биде доделен на сестри. Темите за овој говор ќе се темелат на „Библиски теми за дискусија“ или на книгата Спознание кое води до вечен живот. Ученичката на која ѝ е доделен говорот треба да знае да чита. Додека го држи говорот, таа може да седи или да стои. Ако говорот се темели на „Библиски теми за дискусија“, тогаш сестрите на кои им е доделен овој говор ќе треба да ги приспособат темата и материјалот за да ги прикажат во практични рамки, по можност во служба на проповедање или при неформално сведочење. Ако говорот се темели на книгата Спознание, рамката може да биде повторна посета или домашна библиска студија. Надгледникот на школата првенствено ќе обрне внимание на начинот на кој ученичката му помага на станарот да расудува и да го разбере материјалот и на примената на библиските стихови. Не мора да се прочитаат пасусите од книгата. Надгледникот на школата ќе одреди еден соговорник, но можат да се користат и додатни соговорници. Првенствена важност треба да му се придаде на делотворното користење на материјалот, а не на рамката.

ГОВОР БР. 4: 5 минути. Се доделува на брат или на сестра. Ќе се темели на книгата Расудување на темел на писмото. Кога му се доделува на брат, треба да го одржи како говор упатен до сите присутни. Обично ќе биде најдобро ако братот го подготвува својот говор имајќи ги на ум присутните во Салата на Царството, со цел да биде навистина поучен и корисен за оние кои ќе го слушаат. Кога ѝ е доделен на сестра, материјалот треба да се изнесе онака како што е изложено во упатството за Говор бр. 3.

СОВЕТИ И ЗАБЕЛЕШКИ: По секој говор што ќе го одржат учениците, надгледникот на школата ќе даде конкретен совет кој не мора да биде по редоследот на совети даден на ливчето Совет за говори. Подобро е да се концентрира на подрачјата на кои ученикот треба да се поправи. Ако говорникот заслужува само „Д“, а нема други говорнички одлики означени со „П“ или „Р“, тогаш советникот ќе ја заокружи рубриката каде инаку би се појавило „Д“, „П“ и „Р“, за следната говорничка одлика на која ученикот би требало да работи. Тој ќе го советува ученикот после истиот состанок, а на следното ливче Задача за школата (S-89) ќе му ја означи таа говорничка одлика. Оние кои имаат говори треба да седат во првиот ред од салата. Тоа ќе заштеди време и ќе му овозможи на надгледникот директно да го советува секој ученик. Ако допушта времето, откако ќе му го даде потребниот устен совет, советникот може да ги прокоментира информативните и практични мисли коишто учениците не ги опфатиле. Надгледникот на школата би требало да внимава да не потроши повеќе од две минути за советот и забелешките после секој говор. Кога при изнесувањето на Врвните точки од Библијата е изоставено нешто битно, може да се даде приватен совет.

ПОДГОТВУВАЊЕ НА ГОВОРИТЕ: Пред да го подготви доделениот говор, ученикот треба внимателно да го прочита материјалот од Водичот кој се занимава со говорничката одлика на која треба да работи. Учениците на кои им е доделен вториот говор можат да изберат тема која одговара на делот од Библијата кој треба да се чита. Другите говори ќе се состават во склад со темата која е дадена на распоредот.

ВРЕМЕ: Ниту еден говор не треба да го пречекори времето, а тоа важи и за советите и забелешките на советникот. Говорите 2 до 4 треба тактично да бидат прекинати штом ќе истече времето. Оној кој е одреден да дава знак за прекин треба да го стори тоа веднаш. Кога ќе го пречекорат времето браќата кои го држат говорот бр. 1 и Врвните точки од Библијата, треба да им се даде приватен совет. Сите треба посебно да внимаваат на своето време. Програмата треба да трае вкупно 45 минути, без песна и молитва.

ПИСМЕНО ПОВТОРУВАЊЕ: Повремено се врши писмено повторување. При подготовката, повтори го зададениот материјал и доврши со читањето на предвидените поглавја од Библијата. Во текот на 25-минутното повторување може да се користи само Библијата. Остатокот од времето ќе се посвети на дискусија за прашањата и одговорите. Секој ученик ќе ги провери своите одговори. Надгледникот на школата заедно со присутните ќе ги разгледа одговорите на прашањата за повторување, а ќе се концентрира на потешките, помагајќи им на сите јасно да ги разберат одговорите. Ако од некои причини локалните околности го налагаат тоа, повторувањето може да се одржи и една седмица подоцна.

ГОЛЕМИ СОБРАНИЈА: Собранијата кои имаат по 50 и повеќе ученици во школата можеби ќе сакаат да организираат додатни групи на ученици кои ќе ги одржуваат своите говори пред други советници. Секако, и некрстените лица кои живеат во склад со христијанските начела можат да се запишат во школата и да добиваат задачи.

ОТСУТНИ: Сите во собранието можат да покажат ценење за оваа школа така што ќе настојуваат да го посетат секој седмичен состанок, добро ќе се подготвуваат за своите задачи и ќе коментираат на поставените прашања. Се надеваме дека сите ученици совесно ќе ги извршуваат своите задачи. Ако ученикот кој е на распоредот не е присутен, еден доброволец може да ја преземе задачата, трудејќи се да ја изнесе онолку добро колку што му допуштаат можностите за таа куса подготовка. Со соодветно учество на присутните, материјалот може да го обработи и самиот надгледник.

РАСПОРЕД

1 јан. Читање на Библијата: Јеремија 13 до 15

Песна бр. 213

Бр. 1: Како се постигнува вистинска христијанска обединетост (uw стр. 5-7, пас. 1-7)

Бр. 2: Јеремија 14:10-22

Бр. 3: td 22Б Што ќе направи Божјето Царство за човештвото

Бр. 4: Исус не отишол на небото со своето дословно тело (rs стр. 421 пас. 2 до стр. 422 пас. 1)

8 јан. Читање на Библијата: Јеремија 16 до 19

Песна бр. 163

Бр. 1: Клучни фактори за христијанското единство (uw стр. 8 пас. 8 до 8[3])

Бр. 2: Јеремија 18:1-17

Бр. 3: td 22В Царството владее иако Христовите непријатели сѐ уште се активни

Бр. 4: Зошто Исус се појавувал во материјализирани тела (rs стр. 422 пас. 2 до стр. 423 пас. 1)

15 јан. Читање на Библијата: Јеремија 20 до 22

Песна бр. 19

Бр. 1: Додатни фактори што ги обединуваат христијаните (uw стр. 9 пас. 8[4] до 9)

Бр. 2: Јеремија 20:1-13

Бр. 3: td 22Д Божјето Царство не доаѓа преку човечки напори

Бр. 4: Оние што се воскреснати за да владеат со Христос ќе бидат како него (rs стр. 423 пас. 3-7)

22 јан. Читање на Библијата: Јеремија 23 до 25

Песна бр. 89

Бр. 1: Избегнувај разединувачки влијанија (uw стр. 10, 11 пас. 10-12)

Бр. 2: Јеремија 23:16-32

Бр. 3: td 41А Што се мисли со изразот „крај на светот“

Бр. 4: Што ќе значи воскресението за човештвото воопшто (rs стр. 424 пас. 1 до стр. 425 пас. 1)

29 јан. Читање на Библијата: Јеремија 26 до 28

Песна бр. 114

Бр. 1: Каква личност е Јехова (uw стр. 12, 13 пас. 1-4)

Бр. 2: Јеремија 26:1-16

Бр. 3: td 41Б Биди буден за доказите за последните денови

Бр. 4: Зошто воскреснатите нема да бидат судени за нивните минати дела (rs стр. 425 пас. 3)

5 фев. Читање на Библијата: Јеремија 29 до 31

Песна бр. 35

Бр. 1: Имитирај го Јеховиниот пример на љубов (uw стр. 14, 15 пас. 5-7)

Бр. 2: Јеремија 31:27-40

Бр. 3: td 13Б Бог ветува вечен живот за послушното човештво

Бр. 4: Како оживуваат на Земјата ,другите умрени‘ (rs стр. 425 пас. 4 до стр. 426 пас. 3)

12 фев. Читање на Библијата: Јеремија 32 и 33

Песна бр. 166

Бр. 1: Учи ги луѓето за вистината за Бог (uw стр. 15-17 пас. 8-11[2])

Бр. 2: Јеремија 33:1-3, 14-26

Бр. 3: td 13Г Само членовите на Христовото тело одат на небото

Бр. 4: Оние кои се вклучени во земското воскресение (rs стр. 426 пас. 4 до стр. 427 пас. 4)

19 фев. Читање на Библијата: Јеремија 34 до 37

Песна бр. 85

Бр. 1: Само еден е Јехова (uw стр. 17, 18 пас. 11[3] до 12)

Бр. 2: Јеремија 35:1-11, 17-19

Бр. 3: td 13Д Земскиот живот им е ветен на неограничен број „други овци“

Бр. 4: Настаните поврзани со Христовата присутност се случуваат во период кој опфаќа години (rs стр. 432 пас. 1, 2)

26 фев. Читање на Библијата: Јеремија 38 до 41

Песна бр. 13

Бр. 1: Што значи да се оди во името на Бог (uw стр. 18, 19 пас. 13-15)

Бр. 2: Јеремија 38:1-13

Бр. 3: td 4Б Брачната заедница мора да биде чесна

Бр. 4: Христовото враќање е невидливо (rs стр. 432 пас. 3 до стр. 433 пас. 2)

4 март Читање на Библијата: Јеремија 42 до 45

Песна бр. 77

Бр. 1: Помогни им на другите да ја прифатат Библијата како Реч Божја (uw стр. 20-22 пас. 1-6)

Бр. 2: Јеремија 43:1-13

Бр. 3: td 4В Христијаните мораат да го почитуваат начелото за поглаварство

Бр. 4: На кој начин ќе дојде Исус и како ќе го види секое око (rs стр. 433 пас. 4 до стр. 434 пас. 4)

11 март Читање на Библијата: Јеремија 46 до 48

Песна бр. 46

Бр. 1: Секојдневно читај ја Библијата (uw стр. 23-25 пас. 7-11)

Бр. 2: Јеремија 48:1-15

Бр. 3: td 4Г Одговорноста на христијанските родители спрема децата

Бр. 4: Настани поврзани со Христовата присутност (rs стр. 435 пас. 1-5)

18 март Читање на Библијата: Јеремија 49 и 50

Песна бр. 175

Бр. 1: Проучувај за да научиш за Јехова (uw стр. 25, 26 пас. 12 до 12[1])

Бр. 2: Јеремија 49:1-11, 15-18

Бр. 3: td 4Д Христијаните мораат да стапуваат во брак само со сохристијани

Бр. 4: Од христијаните не се бара да држат сабат (rs стр. 339 пас. 2 до стр. 340 пас. 3)

25 март Читање на Библијата: Јеремија 51 и 52

Песна бр. 70

Бр. 1: Јеремија — Зошто е корисна (si стр. 129 пас. 36-39)

Бр. 2: Јеремија 51:41-57

Бр. 3: td 4Ѓ Вистинските христијани не се полигамни

Бр. 4: Не постои библиски извештај дека Адам држел сабат (rs стр. 340 пас. 4 до стр. 341 пас. 2)

1 апр. Читање на Библијата: Плач Јеремиин 1 и 2

Песна бр. 217

Бр. 1: Увод во Плач Јеремиин (si стр. 130, 131 пас. 1-7)

Бр. 2: Плач Јеремиин 2:13-22

Бр. 3: td 35А Марија не била „Мајка Божја“

Бр. 4: Исус не го поделил Мојсеевиот закон на „церемонијален“ и „морален“ дел (rs стр. 341 пас. 3 до стр. 342 пас. 1)

8 апр. Читање на Библијата: Плач Јеремиин 3 до 5

Песна бр. 190

Бр. 1: Плач Јеремиин — Зошто е корисна (si стр. 132 пас. 13-15)

Бр. 2: Плач Јеремиин 5:1-22

Бр. 3: td 35В Библијата покажува дека Марија не е „вечна девица“

Бр. 4: Десетте заповеди престанале да важат заедно со Мојсеевиот закон (rs стр. 342 пас. 2, 3)

15 апр. Читање на Библијата: Језекиил 1 до 4

Песна бр. 112

Бр. 1: Увод во Језекиил (si стр. 132, 133 пас. 1-6)

Бр. 2: Језекиил 3:16-27

Бр. 3: td 54А Што вели Писмото за Споменот

Бр. 4: Кога бил отстранет Мојсеевиот закон, зошто не биле отстранети и моралните ограничувања (rs стр. 343 пас. 1, 2)

22 апр. Читање на Библијата: Језекиил 5 до 8

Песна бр. 180

Бр. 1: Размисли за библиската тема и за контекстот на стиховите (uw стр. 26 пас. 12[2] и 12[3])

Бр. 2: Језекиил 5:1-15

Бр. 3: td 54Б Славењето на мисата е небиблиско

Бр. 4: Какво значење има сабатот за христијаните (rs стр. 343 пас. 3 до стр. 345 пас. 1)

29 апр. Писмено повторување. Заврши со Јеремија 13-52; Пл 1-5 до Језекиил 1-8

Песна бр. 113

6 мај Читање на Библијата: Језекиил 9 до 11

Песна бр. 163

Бр. 1: Лично примени го и сподели го со другите она што го учиш (uw стр. 26-28, пас. 12[4] до 13)

Бр. 2: Језекиил 9:1-11

Бр. 3: Бог сака да имаш среќна иднина (kl стр. 6, 7 пас. 1-5)

Бр. 4: На кого се осврнува Библијата како на светци (rs стр. 355 пас. 1-4)

13 мај Читање на Библијата: Језекиил 12 до 14

Песна бр. 105

Бр. 1: Што велат пророците за Исус (uw стр. 29-31 пас. 1-6)

Бр. 2: Језекиил 14:1-14

Бр. 3: Вечниот живот во Рај не е само сон (kl стр. 7-9 пас. 6-10)

Бр. 4: Зошто не се молиме на „светци“ (rs стр. 356 пас. 1-3)

20 мај Читање на Библијата: Језекиил 15 и 16

Песна бр. 46

Бр. 1: Обрни внимание на пророчките претслики (uw стр. 32, 33 пас. 7 до 8[2])

Бр. 2: Језекиил 16:46-63

Бр. 3: Каков ќе биде животот во Рајот (kl стр. 9, 10 пас. 11-16)

Бр. 4: Вистината за почитувањето на реликвии и ликови на „светци“ (rs стр. 357 пас. 1 до стр. 358 пас. 1)

27 мај Читање на Библијата: Језекиил 17 до 19

Песна бр. 132

Бр. 1: Нашиот првосвештеник бил проречен (uw стр. 33 пас. 8[3] и 8[4])

Бр. 2: Језекиил 18:21-32

Бр. 3: Зошто е неопходно спознанието за Бог (kl стр. 10, 11 пас. 17-19)

Бр. 4: Вистинските христијански светци не се ослободени од гревот (rs стр. 358 пас. 2)

3 јуни Читање на Библијата: Језекиил 20 и 21

Песна бр. 144

Бр. 1: Како можеме да ја покажеме својата вера во Христос (uw стр. 33-37 пас. 9-14)

Бр. 2: Језекиил 21:18-32

Бр. 3: Книга која го открива спознанието за Бог (kl стр. 12, 13 пас. 1-6)

Бр. 4: Сеопштото спасение е небиблиско (rs стр. 368 пас. 1)

10 јуни Читање на Библијата: Језекиил 22 и 23

Песна бр. 222

Бр. 1: Послушноста кон Бог донесува вистинска слобода (uw стр. 38-40 пас. 1-5)

Бр. 2: Језекиил 22:17-31

Бр. 3: Што открива Библијата за Бог (kl стр. 13-15 пас. 7-9)

Бр. 4: Дали сите луѓе на крајот ќе бидат спасени? (rs стр. 368 пас. 2)

17 јуни Читање на Библијата: Језекиил 24 до 26

Песна бр. 160

Бр. 1: Каде може денес да се најде вистинска слобода (uw стр. 40-42 пас. 6-9)

Бр. 2: Језекиил 26:1-14

Бр. 3: Зошто можеш да имаш доверба во Библијата (kl стр. 15, 16 пас. 10-13)

Бр. 4: Ќе бидат спасени „сите видови луѓе“ (rs стр. 368 пас. 3)

24 јуни Читање на Библијата: Језекиил 27 до 29

Песна бр. 19

Бр. 1: Световната слобода е всушност ропство (uw стр. 42, 43 пас. 10-12)

Бр. 2: Језекиил 29:1-16

Бр. 3: Библијата е точна и доверлива (kl стр. 17 пас. 14, 15)

Бр. 4: Библијата вели дека некои нема никогаш да бидат спасени (rs стр. 369 пас. 1-3)

1 јули Читање на Библијата: Језекиил 30 до 32

Песна бр. 132

Бр. 1: Како да се препознае лошото друштво (uw стр. 44, 45 пас. 13, 14)

Бр. 2: Језекиил 31:1-14

Бр. 3: Библијата е книга на пророштва (kl стр. 17, 18 пас. 16-18)

Бр. 4: Еднаш спасен не значи засекогаш спасен (rs стр. 369 пас. 4 до стр. 370 пас. 1)

8 јули Читање на Библијата: Језекиил 33 и 34

Песна бр. 112

Бр. 1: Големото спорно прашање со кое секој мора да се соочи (uw стр. 46, 47 пас. 1-3)

Бр. 2: Језекиил 34:17-30

Бр. 3: Библиските пророштва за Исус (kl стр. 19-21 пас. 19, 20)

Бр. 4: Зошто мора верата да има дела (rs стр. 370 пас. 2 до стр. 371 пас. 1)

15 јули Читање на Библијата: Језекиил 35 до 37

Песна бр. 38

Бр. 1: Имитирај ја верата на лојалните (uw стр. 47-52 пас. 4-11)

Бр. 2: Језекиил 35:1-15

Бр. 3: Биди желен за спознанието за Бог (kl стр. 21, 22 пас. 21-23)

Бр. 4: Како знаеме дека навистина постои Ѓавол (rs стр. 346 пас. 1 до стр. 347 пас. 1)

22 јули Читање на Библијата: Језекиил 38 и 39

Песна бр. 26

Бр. 1: Да му оддаваме чест на Јехова со своето однесување (uw стр. 52-54 пас. 12-15)

Бр. 2: Језекиил 38:1-4, 10-12, 18-23

Бр. 3: Вистинскиот Бог и неговото име (kl стр. 23, 24 пас. 1-5)

Бр. 4: Сатана не е само зло во луѓето (rs стр. 347 пас. 2-4)

29 јули Читање на Библијата: Језекиил 40 до 44

Песна бр. 67

Бр. 1: Што учиме од тоа што Бог го допушта злото (uw стр. 55-57 пас. 1-7)

Бр. 2: Језекиил 40:1-15

Бр. 3: Зошто треба да го употребуваш Божјето име (kl стр. 24, 25 пас. 6-8)

Бр. 4: Бог не го создал Ѓаволот (rs стр. 348 пас. 1)

5 авг. Читање на Библијата: Језекиил 45 до 48

Песна бр. 63

Бр. 1: Језекиил — Зошто е корисна (si стр. 137 пас. 29-33)

Бр. 2: Језекиил 47:1-12

Бр. 3: На кој начин Јехова си стекнал големо име (kl стр. 25-27 пас. 9-13)

Бр. 4: Зошто Бог не го уништил Сатана веднаш после неговата побуна (rs стр. 348 пас. 2 до стр. 349 пас. 1)

12 авг. Читање на Библијата: Даниил 1 и 2

Песна бр. 220

Бр. 1: Увод во Даниил (si стр. 138, 139 пас. 1-6)

Бр. 2: Даниил 2:31-45

Бр. 3: Особините на вистинскиот Бог (kl стр. 27, 28 пас. 14-16)

Бр. 4: Не потценувај ја моќта на Ѓаволот (rs стр. 349 пас. 2 до стр. 350 пас. 2)

19 авг. Читање на Библијата: Даниил 3 и 4

Песна бр. 136

Бр. 1: Бог никогаш не е неправеден (uw стр. 57-61 пас. 8-16)

Бр. 2: Даниил 3:16-23, 91-97

Бр. 3: Јехова Бог е милосрден и милостив (kl стр. 28, 29 пас. 17-19)

Бр. 4: Близу е ослободувањето од Сатановото злобно влијание (rs стр. 350 пас. 4 до стр. 351 пас. 3)

26 авг. Писмено повторување. Заврши со Језекиил 9-48 до Даниил 1-4

Песна бр. 114

2 септ. Читање на Библијата: Даниил 5 и 6

Песна бр. 56

Бр. 1: Спротивстави им се на злите духовни сили (uw стр. 62-64 пас. 1-5)

Бр. 2: Даниил 6:4-11, 16, 19-23

Бр. 3: Јехова е бавен на гнев, непристрастен и праведен (kl стр. 30 пас. 20, 21)

Бр. 4: Дали сите сексуални односи се грешни? (rs стр. 289 пас. 2 до стр. 290 пас. 3)

9 септ. Читање на Библијата: Даниил 7 и 8

Песна бр. 138

Бр. 1: Биди буден за Ѓаволовите подмолни средства (uw стр. 64-67 пас. 6-12)

Бр. 2: Даниил 7:2-14

Бр. 3: Јехова Бог е единствен (kl стр. 30, 31 пас. 22, 23)

Бр. 4: Што вели Библијата за хомосексуалноста (rs стр. 290 пас. 5 до стр. 291 пас. 2)

16 септ. Читање на Библијата: Даниил 9 и 10

Песна бр. 123

Бр. 1: Облечи ја комплетната воена опрема од Бог (uw стр. 67-69 пас. 13-15)

Бр. 2: Даниил 9:20-27

Бр. 3: Исус Христос е клучот за спознанието за Бог (kl стр. 32, 33 пас. 1-3)

Бр. 4: Мора да се направат промени за да му се угоди на Бог (rs стр. 291 пас. 3 до стр. 292 пас. 1)

23 септ. Читање на Библијата: Даниил 11 и 12

Песна бр. 190

Бр. 1: Даниил — Зошто е корисна? (si стр. 141, 142 пас. 19-23)

Бр. 2: Даниил 12:1-13

Бр. 3: Ветениот Месија (kl стр. 33 пас. 4, 5)

Бр. 4: Како можел еден совршен човек да згреши (rs стр. 82 пас. 2 до стр. 83 пас. 2)

30 септ. Читање на Библијата: Осија 1 до 5

Песна бр. 50

Бр. 1: Увод во Осија (si стр. 143, 144 пас. 1-8)

Бр. 2: Осија 5:1-15

Бр. 3: Исусовата лоза го идентификува како Месија (kl стр. 34 пас. 6)

Бр. 4: Зошто го признаваме гревот онаков каков што е (rs стр. 84 пас. 1 до стр. 85 пас. 2)

7 окт. Читање на Библијата: Осија 6 до 10

Песна бр. 4

Бр. 1: Спознание, вера и воскресение (uw стр. 70-73 пас. 1-7)

Бр. 2: Осија 8:1-14

Бр. 3: Исполнетите пророштва го идентификуваат Исус како Месија (kl стр. 34-36 пас. 7, 8)

Бр. 4: Како се одразил гревот врз нашиот однос со Бог (rs стр. 85 пас. 3 до стр. 86 пас. 2)

14 окт. Читање на Библијата: Осија 11 до 14

Песна бр. 146

Бр. 1: Осија — Зошто е корисна? (si стр. 145 пас. 14-17)

Бр. 2: Осија 11:1б-12

Бр. 3: Натамошни докази дека Исус бил Месијата (kl стр. 36 пас. 9)

Бр. 4: Што вели Библијата за душата (rs стр. 106 пас. 1 до стр. 107 пас. 2)

21 окт. Читање на Библијата: Јоил 1 до 3

Песна бр. 143

Бр. 1: Увод во Јоил и зошто е корисна (si стр. 146-148 пас. 1-5, 12-14)

Бр. 2: Јоил 2:1-11, 28-32

Бр. 3: Јехова сведочи за својот Син (kl стр. 38 пас. 10, 11)

Бр. 4: Библијата вели дека животните се души (rs стр. 107 пас. 3 до стр. 108 пас. 2)

28 окт. Читање на Библијата: Амос 1 до 5

Песна бр. 151

Бр. 1: Увод во Амос (si стр. 148, 149 пас. 1-6)

Бр. 2: Амос 3:1-15

Бр. 3: Исусовото претчовечко постоење (kl стр. 39 пас. 12-14)

Бр. 4: Ниту душата ниту духот не продолжуваат свесно да живеат после смртта (rs стр. 108 пас. 3 до стр. 110 пас. 4)

4 ноем. Читање на Библијата: Амос 6 до 9

Песна бр. 212

Бр. 1: Амос — Зошто е корисна? (si стр. 150 пас. 13-17)

Бр. 2: Амос 8:1-14

Бр. 3: Исусовиот животен пат на Земјата (kl стр. 40, 41 пас. 15-17)

Бр. 4: Како го опишува Библијата светиот дух (rs стр. 98 пас. 2 до стр. 99 пас. 1)

11 ноем. Читање на Библијата: Авдиј 1-21 до Јона 1-4

Песна бр. 215

Бр. 1: Увод во Авдиј и во Јона и зошто се корисни (si стр. 151-153 пас. 1-5, 10-14; стр. 153-155 пас. 1-4, 9-12)

Бр. 2: Јона 3:10; 4:1-11

Бр. 3: Исус е жив и владее како Цар (kl стр. 41, 42 пас. 18-20)

Бр. 4: Доказ дека едно лице има свет дух (rs стр. 99 пас. 3 до стр. 100 пас. 2)

18 ноем. Читање на Библијата: Михеј 1 до 4

Песна бр. 139

Бр. 1: Увод во Михеј (si стр. 155, 156 пас. 1-8)

Бр. 2: Михеј 4:1-12

Бр. 3: Обожавањето што го прифаќа Бог (kl стр. 43-45 пас. 1-5)

Бр. 4: Во човекот не постои духовен дел кој ја преживува смртта на телото (rs стр. 100 пас. 6 до стр. 101 пас. 3)

25 ноем. Читање на Библијата: Михеј 5 до 7

Песна бр. 162

Бр. 1: Михеј — Зошто е корисна? (si стр. 157, 158 пас. 16-19)

Бр. 2: Михеј 6:1-16

Бр. 3: Да се врши Божјата волја (kl стр. 46, 47 пас. 6-10)

Бр. 4: Нема комуникација со „духот“ на мртов човек (rs стр. 372 пас. 4 до стр. 373 пас. 4)

2 дек. Читање на Библијата: Наум 1 до 3

Песна бр. 168

Бр. 1: Увод во Наум и зошто е корисна (si стр. 158-160 пас. 1-7, 11, 12)

Бр. 2: Наум 1:2-14

Бр. 3: Обожавај го Бог онака како што сака Тој (kl стр. 48 пас. 11-13)

Бр. 4: Зошто вистинските христијани ги одбиваат сите спиритистички обичаи (rs стр. 373 пас. 5)

9 дек. Читање на Библијата: Авакум 1 до 3

Песна бр. 47

Бр. 1: Увод во Авакум и зошто е корисна (si стр. 161-163 пас. 1-5, 12-14)

Бр. 2: Авакум 1:12–2:8

Бр. 3: Внимавај да не го навредиш Бог (kl стр. 49, 50 пас. 14-17)

Бр. 4: Избегнувај спиритистички обичаи (rs стр. 374 пас. 1 до 375 пас. 3)

16 дек. Читање на Библијата: Софонија 1 до 3

Песна бр. 172

Бр. 1: Увод во Софонија и зошто е корисна (si стр. 163-166 пас. 1-6, 10-12)

Бр. 2: Софонија 1:7-18

Бр. 3: Држи се за Божјите високи мерила (kl стр. 50, 51 пас. 18, 19)

Бр. 4: Не покажувај љубопитство за демонските сили (rs стр. 375 пас. 4 до стр. 376 пас. 2)

23 дек. Читање на Библијата: Агеј 1 и 2

Песна бр. 152

Бр. 1: Увод во Агеј и зошто е корисна (si стр. 166-168 пас. 1-7, 13-16)

Бр. 2: Агеј 2:6-19

Бр. 3: Обожавај го Јехова со сета душа (kl стр. 51, 52 пас. 20-22)

Бр. 4: Како може некој да се ослободи од спиритистичкото влијание (rs стр. 376 пас. 3 до стр. 377 пас. 4)

30 дек. Писмено повторување. Заврши со Даниил 5-12; Ос 1-14; Јл 1-3; Ам 1-9; Авд 1-21; Јон 1-4; Мх 1-7; На 1-3; Авк 1-3; Сф 1-3 до Агеј 1-2

Песна бр. 34

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели