Теократска школа за проповедање — 1995
УПАТСТВА
Во текот на 1995 година, Теократската школа за проповедање ќе биде организирана на следниов начин.
УЧЕБНИЦИ: Свето писмо на Стариот и на Новиот Завет на македонски јазик, Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог [uw], „Сето Писмо е од Бог инспирирано и корисно“ [si-SB], Најголемиот човек кој некогаш живеел [gt] и „Библиски теми за дискусија“ [rd-SB].
Школата ќе започнува со песна, молитва и изрази на добредојде, а потоа ќе уследи:
ГОВОР БР. 1:15 минути. Овој говор треба да го одржи старешина или оспособен слуга помошник, а ќе се темели на Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог или на „Сето Писмо е од Бог инспирирано и норисно“. Оваа задача треба да се одржи како 10-12-минутен поучен говор, после кој следи 3-5-минутно усно повторување, со користење на печатените прашања од публикацијата. Целта не треба да биде само да се помине материјалот туку да се обрне внимание на практичната вредност на информациите кои се разгледуваат, истакнувајќи го она што би било од најголема корист за собранието. Треба да се користи одредената тема. Сите се поттикнати да се подготват темелно однапред за да извлечат потполна корист од овој материјал.
Браќата на кои им е доделен овој говор треба да внимаваат да се држат за зададеното време. Приватен совет може да се даде ако е потребно или ако говорникот однапред го побара.
ВРВНИ ТОЧКИ ОД БИБЛИЈАТА: 6 минути. Нив треба да ги изнесе надгледникот на школата, некој друг оспособен старешина или слуга помошник, делотворно применувајќи го материјалот на локалните потреби. Ова не треба да биде само сиже на доделениот материјал. Општиот преглед на доделените поглавја ограничи го на 30 до 60 секунди. Главната цел е да им се помогне на присутните да сфатат зошто и како тие информации ни користат нам. Надгледникот на школата потоа ќе ги распореди учениците и во другите простории.
ГОВОР БР. 2: 5 минути. Тоа е читање на зададениот материјал од Библијата од страна на некој брат. Ова ќе важи како за главната школа така и за помошните групи. Доделените пасуси за читање обично се доволно кратки да му допуштат на ученикот да даде кратко објаснување во уводот и заклучокот. Може да се вклучи историска позадина, значење на пророштво или наука, како и примена на начелата. Треба да се прочитаат сите зададени стихови без прекинување. Се разбира, кога тие не следат еден по друг, ученикот може да го спомене бројот на стихот со кој читањето продолжува.
ГОВОР БР. 3: 5 минути. Овој говор ќе им биде доделен на сестри. Темите за овој говор ќе се темелат на книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел или на „Библиски теми за дискусија“. Ученичката на која и е доделен говорот треба да знае да чита. Додека го држи говорот, таа може и да седи и да стои. Надгледникот на школата ќе одреди еден соговорник, но може да се користат и додатни соговорници. Сестрите на кои им се доделува овој говор ќе треба да ја приспособат темата и материјалот за да ги прикажат во практични рамки, по можност во служба на проповедање или при неформално сведочење. Првенствена важност треба да му се придаде на делотворното користење на материјалот, а не на рамката.
ГОВОР БР. 4: 5 минути. Се доделува на брат или на сестра. Ќе се темели на „Библиски теми за дискусија“. Кога му се доделува на брат, треба да го одржи како говор упатен до сите присутни. Обично ќе биде најдобро братот да го подготви својот говор имајќи ги на ум присутните во Салата на Царството за навистина да биде поучен и корисен за оние кои ќе го слушаат. Кога ѝ е доделен на сестра, материјалот треба да се изнесе како што е изложено за Говор бр. 3.
СОВЕТИ И ЗАБЕЛЕШКИ: По секој говор што ќе го одржат учениците, надгледникот на школата ќе даде конкретен совет кој не мора да биде по редоследот на совети даден на ливчето Совет за говори. Подобро е да се концентрира на подрачјата на кои ученикот треба да се поправи. Ако говорникот заслужува само „Д“, а нема други говорнички одлики означени со „П“ или „Р“, тогаш советникот ќе ја заокружи рубриката каде инаку би се појавило „Д“,„П“ и „Р“, за следната говорничка одлика на која ученикот би требало да поработи. Тој ќе го советува ученикот во врска со тоа истата таа вечер, а на следното ливче Задача за школата (Ѕ-89) ќе му ја означи таа говорничка одлика. Оние кои имаат говори треба да седнат напред во салата. Тоа ќе заштеди време и ќе му овозможи на надгледникот да го советува директно секој ученик. Ако допушта времето, после давањето на потребниот устен совет, советникот може да ги прокоментира информативните и практични мисли коишто учениците не ги опфатиле. Надгледникот на школата би требало да внимава за советот и забелешките после секој говор да не потроши повеќе од две минути. Кога во изнесувањето на Врвните точки од Библијата е изоставено нешто битно, може да се даде приватен совет.
ПОДГОТВУВАЊЕ НА ГОВОРИТЕ: Пред да го подготви доделениот говор, ученикот треба внимателно да го прочита материјалот од Водичот кој се занимава со говорничката одлика на која треба да работи. Учениците на кои им е доделен вториот говор можат да изберат тема која одговара на делот од Библијата кој треба да се чита. Другите говори ќе се состават во склад со темата која е зададена на отпечатениот распоред.
ВРЕМЕ: Ниту еден говор не треба да го пречекори времето, а ниту советите и забелешките на советникот. Говорите 2 до 4 треба тактично да бидат прекинати штом ќе истече времето. Оној кој е одреден да дава знак за прекин треба да го стори тоа веднаш. Кога ќе го пречекорат времето браќата кои го држат говорот бр. 1 и Врвните точки од Библијата, треба да им се даде приватен совет. Сите треба посебно да внимаваат на своето време. Програмата треба да трае вкупно 45 минути, без песна и молитва.
ПИСМЕНО ПОВТОРУВАЊЕ: Периодично се врши писмено повторување. При подготовката, повтори го зададениот материјал и доврши со читањето на предвидените поглавја од Библијата. Во текот на 25-минутното повторување може да се користи само Библијата. Остатокот од времето ќе се посвети на дискусија за прашањата и одговорите. Секој ученик ќе ги провери своите одговори. Надгледникот на школата заедно со присутните ќе ги разгледа одговорите на прашањата за повторување, а ќе се концентрира на потешките, помагајќи им на сите да ги разберат јасно одговорите. Ако, од некои причини, локалните околности налагаат, повторувањето може да се одржи и една седмица подоцна.
ГОЛЕМИ СОБРАНИЈА: Собранијата кои имаат по 50 и повеќе ученици во школата можеби ќе сакаат да организираат додатни групи на ученици кои ќе ги одржуваат своите говори пред други советници. Секако, и некрстените лица кои живеат во склад со христијанските начела можат да се запишат во школата и да добиваат задачи.
ОТСУТНИ: Сите во собранието можат да покажат ценење за оваа школа така што ќе настојуваат да го посетат секој седмичен состанок, ќе се подготвуваат добро за своите задачи и ќе се јавуваат да одговорат на поставените прашања. Се надеваме дека сите ученици совесно не ги извршуваат своите задачи. Ако ученикот кој е на распоредот не е присутен, еден доброволец може да ја преземе задачата, трудејќи се да ја изнесе онолку добро колку што му допуштаат можностите за таа куса подготовка. Co соодветно учество на присутните, материјалот може да го обработи и самиот надгледник.
РАСПОРЕД
*Првите броеви се однесуваат на Песнарката од 225 песни, а бројот во заградата на Песнарката од 100 песни.
2 јан. Читање на Библијата: Псалм 119:113-176
Песна бр. 127 (51)
Бр. 1: Идентификување на големото мноштво (uw стр. 103, 104, пас. 1-4)
Бр. 2: Псалм 118:161-176
Бр. 3: Зошто Исус бил наречен „човекот“ (gt погл. 123)
Бр. 4: td 46А Нема предодреденост за човекот
9 јан. Читање на Библијата: Псалми 120 до 130
*Песна бр. 26 (9)
Бр. 1: Обележјата на другите овци мора да бидат препознатливи (uw стр. 105, пас. 5)
Бр. 2: Псалм 121:1-122:4
Бр. 3: Зошто се плашел Пилат од Исус (gt погл. 124)
Бр. 4: td 37А Исусовиот човечки живот бил откупнина за сите
16 јан: Читање на Библијата: Псалми 131 до 136
*Песна бр. 129 (52)
Бр. 1: Зошто големото мноштво ја преживува големата неволја (uw стр. 106-109, пас. 6-13)
Бр. 2: Псалм 131:1-18
Бр. 3: Докази за Исусовата љубов кон човештвото (gt погл. 125)
Бр. 4: td 37Б Зошто можел Исус да ја плати откупнината
23 јан. Читање на Библијата: Псалми 137 до 140
*Песна бр. 205 (67)
Бр. 1: Зошто денес има на Земјата само толку малку наследници на Царството (uw стр. 110-112, пас. 1-7)
Бр. 2: Псалм 136:1-137:8
Бр. 3: Како останал Исус пример до самиот крај (gt погл. 126)
Бр. 4: td 50А Како да се препознае единствената вистинска религија
30 јан. Читање на Библијата: Псалми 141 до 145
*Песна бр. 165 (22)
Бр. 1: Псалми — Зошто е корисна — 1. дел (si стр. 104, 105, пас. 23-27)
Бр. 2: Псалм 143:1-15
Бр. 3: Зошто не интересира Исусовиот погреб и неговиот празен гроб (gt погл. 127)
Бр. 4: td 50В Дали е погрешно да се осудуваат лажните науки?
6 фев. Читање на Библијата: Псалми 146 до 150
*Песна бр. 102 (2)
Бр. 1: Псалми — Зошто е корисна — 2. дел (si стр. 105, 106, пас. 28-32)
Бр. 2: Псалм 148:1-14
Бр. 3: Радоста поради Исусовото воскресение (gt погл. 128)
Бр. 4: td 50Д Кога ја одобрува Бог промената на религијата
13 фев. Читање на Библијата: Изреки 1 и 2
*Песна бр. 185 (87)
Бр. 1: Увод во Изреки
Бр. 2: Изреки 2:1-19
Бр. 3: Како може да не зајакне верата во воскресението (gt погл. 129)
Бр. 4: td 50Е Дали гледа Бог во секоја религија по нешто добро?
20 фев. Читање на Библијата: Изреки 3 и 4:27
*Песна бр. 200 (88)
Бр. 1: Увод во Изреки — 2. дел (si стр. 107, 108, пас. 6-11)
Бр. 2: Изреки 3:1-18
Бр. 3: Исус објаснува како да се покажува љубов (gt погл. 130)
Бр. 4: td 5А Кој ќе биде подигнат од мртвите?
27 фев. Читање на Библијата: Изреки 5 и 6
*Песна бр. 11 (4)
Бр. 1: Како знаат тие дека се духовни синови? (uw стр. 112-116, пас. 8-14)
Бр. 2: Изреки 6:1-19
Бр. 3: Како ги зацврстил Исус своите ученици (gt погл. 131)
Бр. 4: td 5Б Каде ќе бидат воскреснати мртвите?
6 март Читање на Библијата: Изреки 7 и 8
*Песна бр. 105 (44)
Бр. 1: Препознавање на Јеховината видлива организација (uw стр. 117-119, пас. 1-7)
Бр. 2: Изреки 8:22-36
Бр. 3: Што прави Исус оддесно на Бог (gt погл. 132)
Бр. 4: td 40А Повторното враќање на Исус е невидливо
13 март Читање на Библијата: Изреки 9 и 10
*Песна бр. 224 (40)
Бр. 1: Библиската улога на Водечкото тело (uw стр. 120-122, пас. 8-12)
Бр. 2: Изреки 10:16-32
Бр. 3: Зошто бил Исус најголемиот човек кој некогаш живеел (gt погл. 133)
Бр. 4: td 40Б Повторното враќање на Христос се познава по видливи факти
20 март Читање на Библијата: Изреки 11 и 12
*Песна бр. 38 (17)
Бр. 1: Да го анализираме нашето ценење кон Божјата организација (uw стр. 123, 124, пас. 13, 14)
Бр. 2: Изреки 11:1-14
Бр. 3: Зошто треба секој да ја прочита книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел (gt — Подготвено од уводниот материјал во книгата.)
Бр. 4: td 51А Христијаните не се должни да го држат сабатот
27 март Читање на Библијата: Изреки 13 и 14
*Песна бр. 139 (59)
Бр. 1: Зошто да се слушаат совети? (uw стр. 125-127, пас. 1-4)
Бр. 2: Изреки 14:1-16
Бр. 3: td 51Б Сабатниот закон не им бил даден на христијаните
Бр. 4: td 51Г Кога започнува и кога завршува Божјиот сабатен одмор
3 апр. Читање на Библијата: Изреки 15 и 16
*Песна бр. 59 (35)
Бр. 1: Да се следи примерот на оние кои прифатиле совет (uw стр. 127, 128, пас. 5, 6)
Бр. 2: Изреки 15:16-16
Бр. 3: td 53Б Бог дава спасение само преку Христос
Бр. 4: td 53Г Изреката „еднаш спасен, засекогаш спасен“ не е библиска
10 апр. Читање на Библијата: Изреки 17 и 18
*Песна бр. 163 (71)
Бр. 1: Да се развиваат непроценливи особини (uw стр. 128-131, пас. 7-14)
Бр. 2: Изреки 18:1-15
Бр. 3: td 53Д „Сеопшто спасение“ не е библиско
Бр. 4: td 6А Што е грев
17 апр. Читање на Библијата: Изреки 19 и 20
*Песна бр. 35 (15)
Бр. 1: Љубовта ги идентификува вистинските христијани (uw стр. 132, 133, пас. 1-5)
Бр. 2: Изреки 19:8-23
Бр. 3: td 6Б Зошто страда целото човештво поради Адамовиот грев
Бр. 4: td 6В Што претставувал забранетиот плод?
24 апр. Писмено повторување. Комплетирај го читањето од Псалм 119:113-150:6 до Изреки 1-20
*Песна бр. 6 (3)
1 мај Читање на Библијата: Изреки 21 и 22
*Песна бр. 95 (39)
Бр. 1: Што да се стори кога ќе настанат проблеми (uw стр. 134, 135, пас. 6-9)
Бр. 2: Изреки 22:1-8, 10а, 11-15а, 16,17
Бр. 3: td 6Ѓ Што е грев против светиот дух?
Бр. 4: td 10А Што е душа?
8 мај Читање на Библијата: Изреки 23 и 24
*Песна бр. 46 (21)
Бр. 1: Да се решаваат проблемите библиски (uw стр. 135-138, пас. 10-17)
Бр. 2: Изреки 24:1-16
Бр. 3: td 10Б Во што е разликата меѓу душата и духот?
Бр. 4: td 9А Што е светиот дух?
15 мај Читање на Библијата: Изреки 25 и 26
*Песна бр. 145 (18)
Бр. 1: Да практицираме оддаденост на Бог дома (uw стр. 139-141, пас. 1-5)
Бр. 2: Изреки 25:1-13
Бр. 3: td 9Б Животната сила на човекот и на животните е наречена дух
Бр. 4: td 9В Зошто ги одбегнуваме сите облици на спиритизам
22 мај Читање на Библијата: Изреки 27 и 28
*Песна бр. 84 (49)
Бр. 1: Изреки — Зошто е корисна — 1. дел (si стр. 109, 110, пас. 19-28)
Бр. 2: Изреки 28:1-14
Бр. 3: td 57А Зошто не може Јехова да биде дел од тројство
Бр. 4: td 57Б Синот не е еднаков со Таткото
29 мај Читање на Библијата: Изреки 29 до 31
*Песна бр. 50 (24)
Бр. 1: Изреки — Зошто е корисна — 2. дел (si стр. 110, 111, пас. 29-38)
Бр. 2: Изреки 31:10-31
Бр. 3: td 57Г Bo која смисла Бог и Христос се едно
Бр. 4: td 57Д Светиот дух не е личност
5 јуни Читање на Библијата: Проповедник 1 до 3
Песна бр. 41 (23)
Бр. 1: Увод во Проповедник (si стр. 112, 113, пас. 1-8)
Бр. 2: Проповедник 3:1-9, 18-22
Бр. 3: td 16В Бог не е виновен за светските неволји
Бр. 4: td 16Г Зошто Бог го допушта злото
12 јуни Читање на Библијата: Проповедник 4 до 6
*Песна бр. 62 (29)
Бр. 1: Исполни ја својата улога во Божјето семејно уредување (uw стр. 141-145, пас. 6-13)
Бр. 2: Проповедник 5:1-8, 18-20
Бр. 3: td 16Д Бог ја покажува својата голема милост
Бр. 4: td 16Ѓ Божјето Царство е единствениот лек
19 јуни Читање на Библијата: Проповедник 7 до 9
*Песна бр. 162 (70)
Бр. 1: Библиски причини зошто не сме под Мојсеевиот закон (uw стр. 146-148, пас. 1-6)
Бр. 2: Проповедник 7:1-12
Бр. 3: td 47А Сите вистински христијани мораат да сведочат за вистината
Бр. 4: td 47Б Зошто постојано ги посетуваме луѓето
26 јуни Читање на Библијата: Проповедник 10 до 12
*Песна бр. 133 (55)
Бр. 1: Проповедник — Зошто е корисна (si стр. 114, пас. 15-19)
Бр. 2: Проповедник 12:1-14
Бр. 3: td 47Е Сведочењето не ослободува од вина за крв
Бр. 4: td 36А Зошто е залудно да се обожаваат претци
3 јули Читање на Библијата: Песна над песните 1 до 4
*Песна бр. 168 (74)
Бр. 1: Увод во Песна над песните (si стр. 115, пас. 1-4)
Бр. 2: Песна над песните 2:1-14
Бр. 3: td 36Б Ние можеме да им искажуваме чест на луѓето, но го обожаваме само Бог
Бр. 4: td 1А Божја војна која ќе му стави крај на злото
10 јули Читање на Библијата: Песна над песните 5 до 8
*Песна бр. 152 (65)
Бр. 1: Песна над песните — Зошто е корисна (si стр. 117, пас. 16-18)
Бр. 2: Песна над песните 8:1-14
Бр. 3: td 1В Армагедон е во склад со Божјата љубов
Бр. 4: td 27А Крштевањето е христијанско барање
17 јули Читање на Библијата: Исаија 1 до 3
*Песна бр. 180 (80)
Бр. 1: Увод во Исаија (si стр. 118, 119, пас. 1 -8)
Бр. 2: Исаија 1:1-13
Бр. 3: td 27Б Крштевањето не ги очистува гревовите
Бр. 4: td 2А Библијата е Божја инспирирана реч
24 јули Читање на Библијата: Исаија 4 до 7
*Песна бр. 144 (61)
Бр. 1: За простување и спасение неопходна е верата (uw стр. 148-150, пас. 7-10)
Бр. 2: Исаија 6:1-13
Бр. 3: td 2В Библијата е практичен водич за наше време
Бр. 4: td 2Ѓ Библијата е за луѓе од сите народи и раси
31 јули Читање на Библијата: Исаија 8 до 10
*Песна бр. 140 (84)
Бр. 1: Корист од познавањето на Законот (uw стр. 150, 151 пас. 11-13; стр. 153, пас. 14)
Бр. 2: Исаија 9:1-12
Бр. 3: td 23А Трансфузијата на крв го повредува Божјиот закон
Бр. 4: td 23Б Животоважна е послушноста кон Бог
7 авг. Читање на Библијата: Исаија 11 до 13
*Песна бр. 44 (38)
Бр. 1: Темелни начела на Мојсеевиот закон: „Одговорности пред Бог“ (uw стр. 152)
Бр. 2: Исаија 11:1-10
Бр. 3: td 59А Времињата на народите завршиле во 1914
Бр. 4: td 60А Препознавање на вистинската христијанска црква
14 авг. Читање на Библијата: Исаија 14 до 17
*Песна бр. 170 (85)
Бр. 1: Темелни начела на Мојсеевиот закон: „Забранети религиозни обичаи“ (uw стр. 152)
Бр. 2: Исаија 14:3-20
Бр. 3: td 60Г Вистинската христијанска црква е изградена на Христос
Бр. 4: td 55А Создавањето се согласува со научните докази
21 авг. Читање на Библијата: Исаија 18 до 22
*Песна бр. 175 (78)
Бр. 1: Темелни начела на Мојсеевиот занон: „Бран и семеен живот“ (uw стр. 152)
Бр. 2: Исаија 21:1-17
Бр. 3: td 55Б Деновите на создавање не биле 24-часовни денови
Бр. 4: td 26А Исус умрел на срамен столб, а не на крст
28 авг. Писмено повторување. Комплетирај го читањето од Изреки 21-31; Про 1-12; Пе 1-8 до Исаија 1-22
*Песна бр. 204 (90)
4 септ. Читање на Библијата: Исаија 23 до 26
*Песна бр. 106 (45)
Бр. 1: Темелни начела на Мојсеевиот закон: „Одговорности кон другите луѓе“ (uw стр. 152)
Бр. 2: Исаија 25:1-12
Бр. 3: td 26Б Зошто обожавањето на крстот е идолопоклонство
Бр. 4: td 52А Зошто умираат луѓето
11 септ. Читање на Библијата: Исаија 27 до 29
*Песна бр. 27 (10)
Бр. 1: Животот и крвта се свети (uw стр. 154-156, пас. 1-6)
Бр. 2: Исаија 28:1-13
Бр. 3: td 52Б Мртвите не се свесни и не знаат ништо
Бр. 4: td 52В Зошто е невозможно да се разговара со мртвите
18 септ. Читање на Библијата: Исаија 30 до 33
*Песна бр. 160 (69)
Бр. 1: Медицинската употреба на крв и христијанската одговорност (uw стр. 156-160, пас. 7-12)
Бр. 2: Исаија 32:1-8, 16-20
Бр. 3: td 11А Ѓаволот навистина постои
Бр. 4: td 11Б Ѓаволот владее со овој систем на ствари
25 септ. Читање на Библијата: Исаија 34 до 37
*Песна бр. 146 (62)
Бр. 1: Вистинските христијани не се дел од светот (uw стр. 161-163, пас. 1-6)
Бр. 2: Исаија 35:1-10
Бр. 3: td 11Г Ангелите кои му се придружиле на Сатана се направиле себеси демони
Бр. 4: td 15А Божјата намера со Земјата
2 окт. Читање на Библијата: Исаија 38 до 40
*Песна бр. 143 (60)
Бр. 1: Што треба да прави христијанинот за да не биде дел од светот (uw стр. 163-168, пас. 7-16)
Бр. 2: Исаија 40:12-26
Бр. 3: td 15В Земјата ќе биде секогаш населена
Бр. 4: td 24А Како да се препознаат лажните пророци
9 окт. Читање на Библијата: Исаија 41 до 43
*Песна бр. 92 (42)
Бр. 1: Продолжи да зборуваш храбро за Божјата Реч (uw стр. 169-171, пас. 1-7)
Бр. 2: Исаија 43:1-15
Бр. 3: td 28А Духовното лечење донесува трајни користи
Бр. 4: td 28Б Божјето Царство ќе донесе трајни телесни оздравувања
16 окт. Читање на Библијата: Исаија 44 до 46
*Песна бр. 166 (73)
Бр. 1: Корист од примерот на апостолите (uw стр. 172, пас. 8)
Бр. 2: Исаија 46:1-13
Бр. 3: td 28В Ha денешните лечења со вера им недостига доказ за Божје одобрување
Бр. 4: td 28Г Зборувањето на јазици ја исполнило својата цел
23 окт. Читање на Библијата: Исаија 47 до 49
*Песна бр. 56 (26)
Бр. 1: Да се проповеда храбро и разборито (uw стр. 173-175, пас. 9-13)
Бр. 2: Исаија 48:1-11, 16-19
Бр. 3: td ЗЗБ Само 144.000 одат на небо
Бр. 4: td 38Б Bo пеколот нема никакво мачење
30 окт. Читање на Библијата: Исаија 50 до 53
*Песна бр. 132 (54)
Бр. 1: Задржи цврсто во мислите дека Јеховиниот ден е близу (uw стр. 176, 177, пас. 1-4)
Бр. 2: Исаија 52:1-15
Бр. 3: td 38В Огнот е симбол на уништување
Бр. 4: td 38Д Bo споредбата за богаташот и Лазар нема дословен оган
6 ноем. Читање на Библијата: Исаија 54 до 57
*Песна бр. 187 (83)
Бр. 1: Будно следи ги настаните кои го исполнуваат знакот (uw стр. 178, 179, пас. 5, 6)
Бр. 2: Исаија 55:1-13
Бр. 3: td 42Б Раните христијани не славеле родендени ниту Божик
Бр. 4: td 29А Обожавањето ликови е срам за Бог
13 ноем. Читање на Библијата: Исаија 58 до 62
*Песна бр. 107 (46)
Бр. 1: Големото дело на одвојување — доказ дека крајот е близу (uw стр. 179-183, пас. 7-14)
Бр. 2: Исаија 60:4-17
Бр. 3: td 29Б Обожавањето идоли било замка за Израел
Бр. 4: td 29В Обожавање кое Јехова не го прифаќа
20 ноем. Читање на Библијата: Исаија 63 до 66
*Песна бр. 77 (34)
Бр. 1: Исаија — Зошто е корисна (si стр. 123, пас. 34-39)
Бр. 2: Исаија 65:11-25
Бр. 3: td 17А Бог не го одобрува меѓуверството
Бр. 4: td 17Б Бог бара исклучителна оддаденост
27 ноем. Читање на Библијата: Јеремија 1 до 3
*Песна бр. 70 (32)
Бр. 1: Увод во Јеремија (si стр. 124, пас. 1-5)
Бр. 2: Јеремија 1:4-19
Бр. 3: td 20А Вистинските христијани мораат да го знаат и да го користат Божјето име
Бр. 4: td 20В Библијата и творештвото сведочат за постоењето на Бог
4 дек. Читање на Библијата: Јеремија 4 до 6
*Песна бр. 97 (13)
Бр. 1: Јеховината мудра и полна со љубов намера (uw стр. 184-186, пас. 1-5)
Бр. 2: Јеремија 5:1-14
Бр. 3: td 20Г Јеховините чудесни својства
Бр. 4: td 20Ѓ He му служат сите на истиот Бог
11 дек. Читање на Библијата: Јеремија 7 до 9
*Песна бр. 158 (27)
Бр. 1: Јехова го обединува својот народ (uw стр. 186, 187, пас. 6-9)
Бр. 2: Јеремија 9:12-26
Бр. 3: td 21А Потеклото на Јеховините сведоци
Бр. 4: td 19Б Исус е Божји Син и наименуван цар
18 дек. Читање на Библијата: Јеремија 10 до 12
*Песна бр. 222 (100)
Бр. 1: Човечките суштества ќе бидат ослободени (uw стр. 188-191, пас. 10-17)
Бр. 2: Јеремија 10:6-15, 22-25
Бр. 3: td 19Г Зошто мораме да веруваме во Исус Христос
Бр. 4: td 19Д Верувањето во Христос мора да биде придружено со дела
25 дек. Писмено повторување. Комплетирај го читањето од Исаија 23-66 до Јеремија 1-12
*Песна бр. 34 (14)