ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/94 стр. 2
  • Состаноци за служба за октомври

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за октомври
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Поднаслови
  • Седмица од 3 октомври
  • Седмица од 10 октомври
  • Седмица од 17 октомври
  • Седмица од 24 октомври
  • Седмица од 31 октомври
Нашата служба за Царството 1994
km 10/94 стр. 2

Состаноци за служба за октомври

Седмица од 3 октомври

Песна 203

10 мин: Локални известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Потсети ги сите да си ја понесат со себе брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш на следниот Состанок за служба.

17 мин: „Сега е времето.“ Прашања и одговори. Вклучи коментари за поднасловот „Стремете се кон духовни цели“ од 4. и 5. страница во Наша служба за Царството од ноември 1993.

18 мин: „Посвети им внимание на списанијата во октомври.“ Дискусија со присутните. Два добро подготвени прикази нека покажат како да се користат списанијата за да се започне разговор. Нагласи дека е важно да се нудат списанија на секоја врата со цел да се започне и одржи обиколка со списанија.

Песна 212 и заклучна молитва.

Седмица од 10 октомври

Песна 104

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај и благодарност за донациите, ако има.

20 мин: „Родители — поддржувајте!“ Говор на старешина темелен на првите три статии од Разбудете се! од 8 август 1994 (англ.). Примени го материјалот локално. Накратко интервјуирај еден родител кој веќе има искуство во разговори со наставници или со училишната управа. Истакни како можат родителите да ги поддржат нивните деца.

15 мин: „Да ја користиме делотворно новата брошура.“ Дискутирај за статијата со присутните. Истакни некои обележја на брошурата и дај предлози како тие да се употребат за да се утешат ужалените.

Песна 108 и заклучна молитва.

Седмица од 17 октомври

Песна 194

10 мин: Локални известувања. Теократски вести.

15 мин: „Да не се откажуваме од правење на она што е примерно.“ Говор на старешина. Духовниот замор може да ја намали нашата радост и ревност во Јеховината служба. Разгледај неколку начини на обновување на духовната сила така што ќе ги користиш предлозите дадени во Стражарска кула од 6/86, стр. 28 (рамка). Нагласи го сесрдното поддржување на собраниските активности.

20 мин: „Помогни им со љубов на оние кои покажуваат интерес.“ Дискусија со присутните. Договори се за два прикази во кои ќе се користат предложените презентации. Објасни што се препорачува во врска со нудењето претплати. Обично е најдобро да се чека сѐ додека не се направат една или повеќе повторни посети. Така ќе биде видлив искрениот интерес. Започни со шестмесечна претплата. Ако интересот е неизвесен, носи ги списанијата ти лично сѐ додека не се покаже поповолна реакција.

Песна 156 и заклучна молитва.

Седмица од 24 октомври

Песна 141

12 мин: Локални известувања. Разгледување на „Повторно ќе ја проучуваме книгата Откровение.“ Потсети ги сите колку е важно да се проучуваат лекциите однапред и редовно да се присуствува.

15 мин: Дали имаш постојана нарачка? Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! се од огромна помош во ширењето на пораката за Царството. Треба да ги нудиме во секоја прилика. Наша служба за Царството од март 1984 му препорача на секој објавител да има „утврдена нарачка на списанија . . . поради одреден број на примероци од секое издание“. Инаку би утврдиле дека повеќе немаме најнови броеви за понуда и мораме да зависиме од трактати и брошури. Добро е секој член на семејството да има постојана нарачка. Нарачките оставете ги на штандот за списанија. Не заборавај да ги подигнеш секоја седмица. Тактично информирај го станарот дека примаме скромни прилози за нашето дело; не заборави да ги ставиш во соодветната кутија во Салата на Царството. Спомени кои се користите ако се има постојана нарачка.

18 мин: „Барај го најнапред царството на Бога — така што секогаш ќе принесуваш жртви на фалба.“ Прашања и одговори. Спомени некои корисни цели кон кои можеме да се стремиме ние лично. Дискутирај за начините на кои можеме да им помогнеме на другите да направат повеќе.

Песна 171 и заклучна молитва.

Седмица од 31 октомври

Песна 169

12 мин: Локални известувања. Бидејќи во ноември и декември доаѓаат световни празници, охрабри ги сите да размислат во врска со пријавувањето за помошна пионерска служба. Дај некои предлози како можеме да најдеме доволно време за да го сториме тоа.

15 мин: По потреба на собранието или еден старешина да одржи говор на темел на статијата „Можеш ли да покажуваш стрпливост?“ од Стражарска кула од 15 мај 1994, стр. 21-23.

18 мин: Понуда на книгата Библијата — Реч Божја или човечка? во ноември. Со оглед на тоа што повеќето луѓе веќе имаат Библија, треба да им покажеме зошто е практична таа книга. Многумина се интересираат за библиските пророштва. Осврни се на книгата Расудување (стр. 44, поднаслов „Библиските пророштва го објаснуваат значењето на светските прилики“), и дискутирај за тоа како може да се започне библиски разговор на темел на Јован 17:3 и Псалм 36:10, 11, 29. Договори се со способен објавител да прикаже како може да се презентира книгата Библијата — Реч Божја или човечка? на локалното подрачје.

Песна 136 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели