Службени состаноци за јуни
ЗАБЕЛЕШКА: Наша служба за Царството ќе ги планира Службените состаноци за секоја седмица во текот на летото. Собранијата нека прилагодат според потребите, земајќи предвид дека ќе се присуствува на Обласниот конгрес „Божествена поука“, а следната седмица на Службениот состанок 30 минути ќе се повторуваат врвните точки од програмата. Повторувањето на програмата од обласниот конгрес за секој ден треба да се додели однапред на двајца или тројца оспособени браќа кои ќе бидат во состојба да се сосредоточат на истакнатите мисли. Ова добро подготвено повторување ќе му помогне на собранието да ги запомни клучните мисли за лично да ги примени и да ги употреби на подрачјето. Коментарите на присутните и споменатите искуства треба да бидат кратки и конкретни.
Седмица од 7. јуни
Песна 162
10 мин: Месни известувања. Сврти го вниманието на „Летни потсетници“ и накратко разгледај ги. Покажи колку е вредно да се има при рака списанија кога се сведочи неформално.
15 мин: „Помогни им на другите да научат за Најголемиот човек.“ Дискусија со прашања и одговори. Ако допушта времето, замоли ги присутните да коментираат како тие уживале додека ја проучувале книгата на Собраниска студија на книга.
20 мин: „Користи трактати за да ја воведеш книгата Најголемиот човек.“ Дискусија со присутните. Да се одржат два прикази. Првиот треба да ја употреби предложената понуда во 2. пасус. Откако ќе го претстави трактатот, објавителот препознава мал интерес кај станарот, па затоа одлучува да му понуди две списанија наместо книга. Вториот приказ треба да ја употреби истата понуда од пасус 2, но овојпат станарот покажува интерес. Објавителот му ја претставува книгата по кратка дискусија за информациите од трактатот, а исто така накратко ја објаснува подготовката за донации. Потсети ги објавителите да ги нудат текуштите списанија кога интересот што го покажал станарот не ја оправдува понудата на книга или кога нема да се прифати книгата.
Песна 205 и заклучна молитва.
Седмица од 14. јуни
Песна 196
10 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Предложи прикладни мисли за разговор од текуштите списанија кои би се користеле во службата на подрачјето оваа седмица.
15 мин: Прашања. Говор на старешина. Истакни ја нашата одговорност да се однесуваме прикладно кога присуствуваме на крштение. Вклучи сродни мисли од рубриката Прашања од Наша служба за Царството, декември 1991.
20 мин: „Зошто трактатите се толку драгоцени во нашата служба денес.“ Дискусија со прашања и одговори. По последниот пасус, да се одржи краток приказ кој покажува колку е лесно да се употреби трактат при неформално сведочење.
Песна 126 и заклучна молитва.
Седмица од 21. јуни
Песна 31
10 мин: Месни известувања. Спомени некои најзначајни податоци од мартовскиот Извештај од службата. Исто така спомени го уделот што го имало месното собрание во извештајот од службата за тој месец. Вклучи благајнички извештај и прочитај ја секоја благодарност за донациите. Изрази ценење за финансиската поддршка на месното собрание, како и на светското дело на Друштвото.
15 мин: „Започнување на библиски студии со книгата Најголемиот човек.“ Дискусија со прашања и одговори. По пасус 2, да се прикаже како да се започне библиска студија со книгата. Објавителот почнува така што ги чита првите три пасуси од 111. поглавје од книгата, а потоа продолжува со предложената понуда во 2. пасус од статијата.
20 мин: Говор за Создавањето, темелен на книгата Расправљање, страници 381-6. Говорникот треба да биде избирлив за да искористи толку точки колку што може соодветно да ги разгледа во доделеното време.
Песна 79 и заклучна молитва.
Седмица од 28. јуни
Песна 130
10 мин: Месни известувања. Теократски вести. Сврти го вниманието на неколку мисли за разговор од текуштите списанија што можат да се употребат во службата од куќа до куќа или при неформално сведочење.
20 мин: „Биди редовен во службата на подрачјето.“ Говор на надгледникот за служба или на друг оспособен брат. Повтори ги информациите од Организирано да ја извршуваме нашата служба, стр. 106-10, колку што дозволува времето. Нагласи ја потребата сите да учествуваат редовно во службата и без одлагање да го предаваат извештајот од службата на крајот на месецот.
15 мин: По потреба на собранието. Може повторно да се разгледаат потребите на собранието како што биле истакнати во текот на последната посета на покраинскиот надгледник или да се употреби програмска точка од Наша служба за Царството која била или ќе биде пропуштена заради посета на конгрес.
Песна 71 и заклучна молитва.