Службени состаноци за април
Седмица од 5. април
Песна 129
10 мин: Месни известувања. Прегледај ги текуштите изданија на списанијата, истакнувајќи ги статиите што можат да бидат од особен интерес на вашето подрачје. Договори со двајца објавители, еден постар и еден помлад, да прикажат кратка библиска понуда.
15 мин: „Стражарска кула — навремена духовна храна.“ Дискусија со прашања и одговори. Вклучи коментари за потребата да се препознае искрен интерес пред да се понуди претплата. Доказите за искрен интерес опфаќаат спремност да се разговара и да се изрази мислењето, љубезно расположение, спремност да го следи читањето на библиски стихови и покана за повторна и натамошна дискусија (kmE 5/90, стр. 8). Обично е најдобро неколку пати да се остават списанија за да се утврди интересот пред да се понуди шестмесечна претплата.
20 мин: „Поврзи ги трактатите со другата литература.“ Обработување со прашања и одговори. Вклучи кратки прикази на основа на предлозите во пасуси 2-6. Обработи мисли од рамката „Сети се да ги користиш брошурите“.
Песна 14 и заклучна молитва.
Седмица од 12. април
Песна 15
10 мин: Месни известувања. Осврни се на впечатливи искуства поврзани со прославата на Споменот. Охрабри ги сите објавители овој викенд да работат со нивните групи за служба на подрачјето.
20 мин: „Едноставни и делотворни повторни посети.“ Дискусија со присутните. Да се изнесе еден приказ кој покажува како да се започне разговор на повторна посета. Потсети ги сите дека е потребно да ги информираат станарите дека имаат предност да придонесат за светското дело. Дај предлози за она што може да се каже. Следнава изјава се наоѓа на втората страна од Стражарска кула: „Ова е дел од светското образовно дело кое се финансира со доброволни донации“. Можат да се употребат и други слични изрази.
15 мин: Прашања. Позитивна и охрабрувачка дискусија што ја води надгледникот за служба или друг старешина кој служел како помошен пионер. Интервјуирај еден или двајца објавители кои одвреме-навреме служат како помошни пионери.
Песна 39 и заклучна молитва.
Седмица од 19. април
Песна 194
10 мин: Месни известувања и прикладни Известувања од Наша служба за Царството. Прочитај благајнички извештај и некои писма на благодарност за донациите. Прочитај Лука 6:38 и пофали го собранието за нивната дарежливост во поддржувањето на светското дело како и на потребите на месното собрание.
20 мин: „Да им се помогне на новите да напредуваат.“ Разговор меѓу двајца или тројца водители на студија на книга. По разгледувањето на врвните точки од статијата, објасни какви планови се направени за информациите да се применат локално. Како можеме да им помогнеме на новозаинтересираните да присуствуваат на Споменот? Кои услови мораат да ги исполнат новите ако сакаат да учествуваат во службата на подрачјето? Што може да се стори да им се помогне на поединци чие учество порано било нередовно? Како може сите да бидат охрабрени да имаат потполно учество секој месец? Како можат јаките објавители да им помогнат на другите? (Рим. 15:1, 2).
15 мин: „Ќе одиме во домот Господов.“ Обработување на 1-8. пасус од додатокот, со прашања и одговори. Накратко разгледај важни мисли од публикациите споменати во пасус 7. Способен објавител нека прикаже како може да му се помогне на некој нов да разбере зошто сме организирани во собранија (w 3/85, стр. 23, 24, пас. 6, 7). Истакни ги обележјата на нашите состаноци кои се во остра спротивност со религиозните служби на т.н. христијанство. Охрабри ги водителите на библиски студии секоја седмица да вклучат кратка дискусија која е обмислена да му помогне на ученикот да развие поголемо ценење за организацијата и за потребата да биде дел од неа.
Песна 28 и заклучна молитва.
Седмица од 26. април
Песна 180
10 мин: Месни известувања и Теократски вести. Побарај од присутните да раскажат искуства поврзани со нивната зголемена служба во текот на тој месец, на пример ако биле помошни пионери, започнале нови библиски студии или им помогнале на некои интересенти да присуствуваат на Споменот.
15 мин: „Повторно родени.“ Книга Расудување, стр. 296-7. Приказ со двајца објавители кои во службата од куќа до куќа среќаваат некого кој ги прашува: ‚Дали вие сте повторно родени?‘ Објавителите одговараат на еден од начините што се предложени на стр. 296-7. Потоа, објавителите разговараат како да направат повторна посета и при тоа да ги употребат мислите од стиховите во пасуси 1-3, на стр. 295.
20 мин: „Ќе одиме во домот Господов.“ Обработка на пасусите 9-14 од додатокот, со прашања и одговори. Користејќи ги предлозите од пасуси 12 и 13, еден објавител нека покаже како да се разговара со некој кој се воздржува.
Песна 127 и заклучна молитва.