‚Тие се придржуваат за своето религиозно воспитание‘
ЕДНА жена од Мајами (Флорида, САД), го испратила следново писмо до еден локален весник: „На 10 декември, на еден пазар за стари работи, на син ми му беше извадено портмонето од џебот. Во него беше неговата возачка дозвола, картичката од социјалното осигурување итн., како и 260 долари.
Откако ја пријави загубата кај управникот, тој си дојде дома. Рано вечерта, имаше телефонски повик од една госпоѓа која зборуваше шпански и која, со помош на еден телефонист кој служеше како толкувач, му кажа дека го имала најдено неговото портмоне.
Му ја даде својата адреса . . . Му го даде портмонето кое беше нечепнато, вклучувајќи ги и 260-те долари.
Го видела крадецот како му го краде портмонето и викала. Крадецот го фрлил портмонето и побегнал. Дотогаш, син ми ѝ се изгубил од погледот, па го зела портмонето дома и телефонирала.
Таа и нејзиното семејство се Јеховини сведоци. Тие очигледно се придржуваат за своето религиозно воспитание“.
Јеховините сведоци не ја покажуваат чесноста за да добијат фалба од луѓето (Ефесјаните 6:7). Напротив, тие сериозно посакуваат да му донесат фалба на својот небесен Татко, Јехова (1. Коринтјаните 10:31). Нивната љубов спрема Бог и спрема ближниот ги тера да го објавуваат ‚евангелието‘ за Божјето Царство (Матеј 24:14). Со посредство на Царството, Бог ветува дека ќе ја претвори Земјата во прекрасен рај. Тогаш, Земјата ќе биде место не само на физичка убавина туку и на морална извонредност, каде што чесноста ќе преовладува засекогаш (Евреите 13:18, НС; 2. Петрово 3:13).