ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/5 стр. 3
  • Што се случило со интегритетот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што се случило со интегритетот?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Променливите мерила на интегритетот
  • Ќе останеш ли беспрекорен по секоја цена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Зошто да бидеш беспрекорен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Зачувај ја својата беспрекорност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Доверба во еден несовршен свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/5 стр. 3

Што се случило со интегритетот?

ПРЕД малку повеќе од сто години, Барни Барнато, шпекулант со дијаманти, се вратил од Јужна Африка во Англија. По своето пристигнување, се навредил од една новинска приказна напишана за него. Затоа, на уредникот му дал некакви ракописни белешки за втора статија „само за да се исправат работите“, заедно со еден чек на огромна сума пари.

Уредникот, Џ. К. Џером, ги фрлил белешките во корпата за отпадна хартија и го вратил чекот назад. Изненаден, Барнато веднаш ја удвоил својата понуда. И таа била одбиена. „Колку сакате?“ — прашал тој. Присеќавајќи се на инцидентот, Џером вели: „Му објаснив дека тоа едноставно не оди така — не во Лондон“. Неговиот уреднички интегритет дефинитивно не бил на продажба.

„Интегритет“ се дефинира како „морална исправност; чесност“. Лицето со интегритет е достојно за доверба. Но денес, нечесноста — недостиг на интегритет — ги поткопува сите профили на луѓе.

Во Британија, медиумите го популаризираа зборот „невкусност“ за да го опишат губитокот на морален интегритет. Како што се изразил весникот The Independent, невкусноста опфаќа „сѐ — од љубовните афери и изборните манипулации со локалните влади, па до митото во врска со големите извозни налози“. Ниедно подрачје од животот не е изземено.

Променливите мерила на интегритетот

Се разбира, интегритетот не значи совршеност, но одразува една основна особина кај лицето. Во нашиов свет кој е настроен кон брзо богатење, интегритетот може да се смета за пречка, а не за доблест. На пример, користењето на софистицирани направи од страна на студентите за да мамат на испитите, е во пораст и е скоро невозможно да се откријат овие нови уреди. Еден британски универзитетски професор тврди дека повеќе од половината од сите британски студенти мамеле, а секако дека Британија не е единствена.

Не треба да се превиди цената за невините луѓе кога недоверливи поединци лажат и мамат. Земи го случајот со индискиот град Бопал, каде што во 1984 година еден отровен гас уби над 2.500 мажи, жени и деца, и повреди уште стотици илјади лица. The Sunday Times извести: „Проектите за помош на жртвите се заплеткани во корупција . . . Задачата за просејување на оправданите случаи се искомплицира со илјадници лажни рекламации, фалсификувани документи и лажни докази“. Како последица од тоа, по десет години, до оние кои се во оскудица беа дистрибуирани само 3.500.000 од 470.000.000 долари за отштета.

А како е со религијата? Како се котира таа во оваа работа со интегритетот? За жал, мерилата честопати не се ништо повисоки отколку во секуларниот свет. Земи го за пример римокатоличкиот бискуп Емон Кејси, кој признал дека е татко на еден вонбрачен син, сега тинејџер. Ситуацијата на Кејси, како што истакнал британскиот весник Guardian, ни „оддалеку не е единствена“. Во сличен тон, The Times известил: „Вистината за срамот на бискупот Кејси не е дека неговото злодело е исклучително, туку во тоа дека мамењето во врска со целибатот не е ниту ново ниту ретко“. Поддржувајќи ја оваа расправија, The Glasgow Herald (Шкотска) тврди дека само 2 отсто од римокатоличкото свештенство во Соединетите Држави избегнувало и хетеросексуални и хомосексуални односи. Без разлика дали оваа бројка е точна или не, таа укажува на репутацијата на католичкото свештенство во поглед на моралот.

Соочен со такви примери, можно ли е еден поединец да задржи морален интегритет? Дали тоа се исплаќа? Што изискува тој и кои се наградите ако се прави така?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели