ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/4 стр. 19
  • „Светата туника од Трир“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Светата туника од Трир“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто одат да ја видат одеждата?
  • Цврсто фати се за наметката на еден Евреин
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Јеховиното семејство ужива скапоцено единство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Одржи единство во овие последни денови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Единството меѓу христијаните го слави Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/4 стр. 19

„Светата туника од Трир“

ТРИР, со историја која се протега 2.000 години наназад, е најстариот град во Германија.a Со векови, Трир имал јаки врски со Католичката црква. Во 1996 година, катедралата во Трир изложи една реликвија, која наводно е речиси исто толку стара колку и самиот град. Наречена е Светата туника од Трир.

Туниката е долга 1,57 и широка 1,09 метри и има ракави со половина должина. Направена е од памук и, според книгата Wallfahrtsführer Trier und Umgebung (Ходочаснички водич за Трир и околината) од Ханс-Јоаким Кан, веројатно била носена како надворешна облека. Некои проценки велат дека оригиналната облека — од која голем дел низ вековите бил репариран и зајакнуван со други ткаенини — датира од вториот или дури од првиот век н. е. Ако тоа е точно, таа би сочинувала едно ретко парче облека, интересен музејски примерок.

Меѓутоа, некои тврдат дека одеждата не само што е ретка туку е и света — оттука името Света туника. Тоа е затоа што е безшавна, каква што била долната облека што ја носел Исус Христос (Јован 19:23, 24). Некои тврдат дека „Светата туника“, всушност, му припаѓала на Месијата.

Не е познато како дошла туниката во Трир. Еден прирачник наведува дека му била „подарена на градот од царицата Елена, мајката на Константин Велики“. Кан истакнува дека првиот веродостоен извештај за присутноста на туниката во Трир е од 1196 година.

Туниката, која се чува во катедралата, била изложувана во редовни интервали од XVI век наваму. На пример, тоа било сторено во 1655 година, кратко после Триесетгодишната војна која многу скапо го чинела Трир. Продажбата на ходочаснички сувенири повремено донесувала приличен доход.

Во овој век имало три ходочастија на „Светата туника“ — во 1933, во 1959 и во 1996 година. Во 1933 година, ходочастието било најавено истиот ден кога Хитлер бил наименуван за канцелар на германскиот Рајх. Кан истакнува дека оваа коинциденција на двата настана на ист датум ги нагласува околностите што го опкружуваат ходочастието. Униформирани нацистички трупи формирале почесна гарда за ходочасниците надвор од катедралата. Таа година, два и пол милиони луѓе ја виделе одеждата.

Херберт, долгогодишен жител на Трир, ги споредил ходочастијата од 1959 и од 1996 година. „Во 1959 година, улиците беа преполни, имаше тезги на кои се продаваа сувенири на речиси секој агол на улиците. Годинава, целата работа е многу потивка.“ Всушност, во 1996 година, одеждата ја видоа само 700.000 — еден милион помалку од бројката во 1959 година.

Зошто одат да ја видат одеждата?

Црквата нагласува дека одеждата не треба да се смета за предмет на обожавање. Безшавната одежда се смета за симбол на црковното единство. Frankfurter Allgemeine Zeitung известува дека, кога го најавувал ходочастието, бискупот Шпитал рекол: „Необичната ситуација во нашиов свет нѐ предизвикува нас христијаните да имаме необични одговори. Мораме да се спротивставиме на растечкиот бран од омраза, бруталност и насилство“. Бискупот објаснил дека гледањето на одеждата ќе го потсетело лицето на единството.

Но, зошто некому му е потребна „Света туника“ за да биде потсетен на црковно единство? Што ако одеждата биде оштетена или се распадне или, пак, се покаже како измама? Дали црковното единство тогаш би било во опасност? А како е со луѓето кои не се во состојба да одат на ходочастие во Трир? Дали тие се помалку свесни за некакво единство во црквата?

Светото писмо не споменува дека на раните христијани им биле потребни предмети за да ги потсетат на потребата од христијанско единство. Всушност, апостол Павле ги охрабрувал христијаните со зборовите: „Според верата живееме, а не според гледањето“ (2. Коринтјаните 5:7). Според тоа, единството што го уживаат вистинските христијани е опишано како „единство во верата“ (Ефесјаните 4:11—13).

[Фуснота]

a Види Разбудете се! од 22 април 1980, страници 21—23 (англ.).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели