ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/4 стр. 32
  • „Тоа е дело на Јехова“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Тоа е дело на Јехова“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/4 стр. 32

„Тоа е дело на Јехова“

Така гласеше насловот на една статија во весникот El Norte од Монтереј (Мексико). Статијата беше во врска со една нова конгресна сала на Јеховините сведоци.

Монтереј е град во северниот дел од Мексико со 2.300.000 жители (заедно со предградијата) и со 19.200 објавители на Царството. Во рок од околу година и пол, Сведоците ги обединија своите напори за да изградат една прекрасна и практична конгресна сала со 3.000 удобни седишта и со клима уреди. Локалните Сведоци се радуваа кога еден член на Водечкото тело на Јеховините сведоци го изнесе говорот за свеченото отворање. Во програмата беше вклучена кратка историја на делото во Монтереј, како и интервјуа со оние кои учествуваа во изградбата. Потоа, 4.500-те лица кои присуствуваа на состанокот, уживаа во предавањето за свеченото отворање.

Ова е третата однеодамна изградените конгресни сали во Мексико во, како што се опишува, кампањата за „Повеќе, поголеми и подобри конгресни сали и Сали на Царството“.

Со преку 443.000 објавители во Мексико и со 1.492.500 присутни на Споменот во 1995 година, новите конгресни сали, како оваа во Монтереј, сигурно ќе ѝ послужат на божествената намера.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели