ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/12 стр. 22-23
  • Гледајте! Сала на Царството на Ниуе

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гледајте! Сала на Царството на Ниуе
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Одлука да се почне
  • Дух на соработка и гостопримство
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/12 стр. 22-23

Гледајте! Сала на Царството на Ниуе

НИУЕ е мал корален остров во Јужниот Пацифик, 2.160 километри североисточно од Нов Зеланд. Според една туристичка брошура, името Ниуе потекнува од два збора: Ниу што значи „дрво на кокосов орев“ и е што значи „види“ или „гледај“. Брошурата вели: „Според легендата, овие зборови ги изговориле првите полинезиски доселеници при нивното пристигнување кога ги виделе кокосовите дрвја како растат на копното“.

Денес, Јеховините сведоци на Ниуе се гордеат да им кажат на посетителите: „Е! Фале хе кауту ха маутолу!“, што значи „Гледајте! Нашата Сала на Царството!“ Зошто тие имаат толку длабоки чувства спрема оваа сала? Јеховините сведоци насекаде се гордеат со своите Сали на Царството, особено ако самите ги изградиле. Но, да се изгради Сала на Царството на еден оддалечен остров среде пространиот Јужен Пацифик, е нешто сосема друго. Впрочем, Ниуе опфаќа само 260 квадратни километри, а на целиот остров има само 2.300 жители.

Постоеше прашање кој ќе ја гради Салата на Царството. Единственото собрание на Ниуе има само 32 Сведоци. Сета главна потребна опрема, како што се камиони, булдожери и дигалки, е во сопственост на владата. Освен тоа, речиси сите неопходни градежни материјали — челик, бетонски блокови, кровниот материјал, електрични и водоводски материјали, озвучување и столици — би морало да се превезат со брод од Нов Зеланд преку транспортна служба која работи само еднаш во пет недели. Најпосле, карпестата површина на островот би ја отежнала изградбата, а салата би требало да се изгради на таков начин што ќе може да биде издржлива на тропските урагани. Навистина, застрашувачка задача за секого!

Меѓутоа, овде се работеше за нешто посебно. За Јеховините сведоци, Салата на Царството е локален центар на вистинското обожавање, и затоа тие бараат водство и помош од Јехова Бог (Псалм 55:11; 126:1). Христијанските браќа од Нов Зеланд, вклучувајќи и членови на ниуенското собрание од Оукленд, ѝ дојдоа на помош на малата група Сведоци на Ниуе, давајќи му сесрдна поддршка на градежниот проект.

Одлука да се почне

Во јуни 1994 година, на градилиштето на Салата на Царството во Роторуа (Нов Зеланд), се расчу повикот за оние кои се заинтересирани да учествуваат во проектот на Ниуе. Зачудувачки беше тоа што како доброволци се пријавија 200 христијански браќа и сестри. Од нив беа избрани 80 лица, вклучувајќи столари, челичари, водоводџии, покривачи на покриви, гипсари, молери, електричари, техничари за озвучување, бетонери, ѕидари и општи работници.

Браќата нацртаа планови и тргнаа напред, со доверба во Јехова. Еден од двајцата собраниски старешини од Ниуе, инаку локален бизнисмен, започна со подготовките за превезување на сите потребни материјали со брод. За прекуморските работници кои доброволно ги платија своите трошоци, беше уговорена посебна цена за авионски превоз и сместување, и беа утврдени датумите за изградбата. Проектот требаше да се заврши за 20 дена, од 4 до 23 март 1995 година, кога требаше да биде свечено отворена Салата на Царството.

„Ме фати паника кога го видов местото“, рече директорот на проектот, кој дојде од Нов Зеланд една седмица однапред за да ги подготви работите. „Земјиштето е само карпи. Ќе бидат потребни две седмици само за да се ископаат темелите.“ Но, подоцна призна дека ги потценил локалните Сведоци. „Браќата од Ниуе умеат да ги читаат карпите“, рече тој. „Тие знаат каде да ја удрат карпата за да откршат големи парчиња.“ Темелите беа завршени за два дена!

На 4 март пристигна првиот авион со новозеландски Сведоци и беа извршени бетонските работи. Додека доаѓаа групи со работници една по друга, беа завршувани различни фази од проектот. Работните денови почнуваа во 7 часот со кратка дискусија на дневниот библиски текст. Некои браќа работеа по 12 часа на ден на температури од 36° Целзиусови. Конечно, до 23 март беше уредено земјиштето. Еден привлечен натпис изработен од мангово дрво ја идентификуваше зградата како „Сала на Царството на Јеховини сведоци“.

Дух на соработка и гостопримство

Еден битен фактор кој придонесе за успехот на проектот беше соработката со луѓето од Ниуе. Локалните жители, обземени од духот на браќата, даруваа храна и пари. Многумина ја сметаа изградбата на салата за нивни проект. Владини службеници и бизнисмени извршуваа услуги кои беа вон нивната службена должност. Беше ставена на располагање потребната опрема, како и една фабрика за дрво. Бродската компанија ја измени дури и маршрутата на својот брод за да овозможи неопходните материјали да стигнат точно навреме.

Посетителите навистина ја ценеа напорната работа и гостопримството на Сведоците од Ниуе, кои спремно ги делеа своите домови и имоти. „Локалните сестри беа прекрасни“, рече еден градежен работник. Освен топлиот ручек секој ден, сестрите секое утро во 6.30 часот послужуваа топол појадок. Некои стануваа во 4.30 часот за да ја подготват храната. Еден градежен работник рече: „Мислам дека овде на Ниуе живеевме подобро отколку во нашите сопствени домови“.

На 10 март, весникот Niue Star извести за настанот во една репортажа на насловната страница, под наслов „Првата Сала на Царството на Ниуе“, со слика од Новозеланѓани и Ниуејци како работат на местото. Во него пишуваше дека салата е со површина од 280 квадратни метри, со седишта за 70 до 100 лица. Статијата додаде: „Всушност, задачата може да се заврши за две [седмици], но во овој случај таа ќе биде пролонгирана. Во моментов, само два дена откако почна работата, поставени се темелите, конструкцијата, кровните греди и покривот, и тоа предвреме“.

Еден локален бизнисмен изрази желба сите на островот Ниуе да го видат проектот и да извлечат поука од тоа. Тој рече дека се надева оти проектот на секого ќе му покаже што може да се направи со љубов и соработка.

На свеченото отворање дојде едно мноштво од 204 лица. Многу трогателно искуство за сите присутни беше една посебна претстава во која браќата, сестрите и децата од Ниуе низ песна и игра го опишаа градењето на Салата на Царството. Беа упатени изрази на благодарност до градежната екипа и до Јехова, чијшто дух ги поттикна умовите, срцата и рацете да ја извршат задачата (Исаија 40:28-31).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели