ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/9 стр. 24-25
  • Јеховините сведоци ширум светот — Индија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јеховините сведоци ширум светот — Индија
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Цврсти за чистото обожавање и во училиште
  • Наградена е послушноста кон Божјиот закон за крвта
  • ‚Ја запазив верата‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • „Од устата на младенците“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Го прифатив Божјето гледиште за крвта
    Разбудете се! 2004
  • Да се оди поучен од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/9 стр. 24-25

Јеховините сведоци ширум светот — Индија

ИНДИЈА! Овој простран потконтинент е дом на секој 6-ти жител на оваа планета. Сѐ на сѐ, во оваа разнообразна земја се зборуваат над 1.000 јазици и дијалекти. Поголемиот број од населението — 83 проценти — се хиндуси, 11 проценти се муслимани, а остатокот го сочинуваат сики, будисти, џаини и номинални христијани.

Во текот на последниве години, Јеховините сведоци во Индија се радуваат на извонреден успех. Тие пронашле луѓе кои се слични на овци и кои се спремни да заземат цврст став на страната на Јеховиното Царство, и покрај сите видови притисоци и противења.

На пример, една девојка од едно православно хиндуско семејство не можела да оди како последица на детската парализа што ја прележала во детството. Страдањето што го претрпела ја натерало да размислува за Бог и за смислата на животот. Барала одговор во многу религии, но никаде не нашла утеха. Како последица на тоа, ја изгубила верата во религијата, но не и во Бог.

Отприлика во тоа време, двајца Сведоци ја сретнале таа девојка во службата од куќа до куќа. „Бев трогната до солзи кога ги слушав додека читаа од Откровение 21:4“, се сеќава таа. Прифатила многу публикации од Друштвото Стражарска кула и се согласила на домашна библиска студија, и покрај тоа што нејзината мајка ѝ се противела. Девојката направила многу промени во својот живот, храбро се соочила со противењето од страна на роднините и станала крстен Сведок. Таа вели: „Поминав долг пат, и тоа многу тежок пат. Но Јехова Бог беше секогаш со мене и ми даваше голем мир и радост“.

Цврсти за чистото обожавање и во училиште

Наставничката на една млада сестра побарала од неа да оди во католичката црква заедно со останатите ученици од одделението. Сестрата учтиво одбила, велејќи дека е Јеховин сведок и дека нема да обожава никого или ништо друго освен Јехова. Наставничката рекла дека штом другите одат в црква, треба да оди и таа. Но сестрата останала цврста и рекла дека, со оглед на тоа што оние кои ќе одат в црква нема да му се молат на Јехова, не гледа причина зошто таа треба да присуствува на службата таму.

Поради цврстиот став на девојчето, наставничката сакала да дознае нешто повеќе за нејзиното верување. Затоа, следниот ден сестрата ѝ дала една статија од Стражарска кула во врска со обожавањето на Јехова. Импресионирана од она што го прочитала, наставничката ја ослободила од сите религиозни активности во училиштето. На тој начин, сестрата можела да подели десет списанија, како на наставничката така и на другите наставници.

Наградена е послушноста кон Божјиот закон за крвта

Неодамна, во некои делови од државата Керала избила епидемија на една вирусна грозница. Оваа болест сериозно ги оштетува бубрезите, поради што е потребна дијализа. Вообичаено е да се применува трансфузија на крв. Во еден град, 14 луѓе кои заболеле од оваа болест биле задржани во болница. Еден од пациентите бил Сведок, старешина од едно локално собрание. Му рекле дека трансфузијата на крв е единствениот начин на лекување кој се користи. Старешината ги објаснил своите библиски верувања и одлучно одбил крв (Дела 15:28, 29). После подолга дискусија, докторите рекле дека ќе умре поради тоа што одбива трансфузија на крв.

Останатите 13 пациенти примиле крв. За жал, сите тие умреле после само неколку дена. Братот бил единствениот што преживеал! Управителите на болницата биле многу изненадени. Медицинскиот персонал бил длабоко импресиониран поради тоа што членовите на собранието редовно доаѓале да го посетуваат. Откако бил пуштен од болница, братот отишол да им се заблагодари на лекарите, но тие рекле: „Зошто ни се заблагодаруваш нам? Заблагодари му се на твојот Бог, Јехова. Тој те спаси. Те молиме, моли му се на твојот Бог Јехова и за нас“.

[Рамка на страница 24]

ИЗВЕШТАЈ ОД ЗЕМЈАТА

за 1994 службена година

НАЈВИСОК БРОЈ НА ОБЈАВИТЕЛИ: 14.271

ОДНОС: 1 Сведок на 65.266

ПРИСУТНИ НА СПОМЕНОТ: 38.192

ПРОСЕЧЕН БРОЈ НА ПИОНЕРИ: 1.780

ПРОСЕК НА БИБЛИСКИ СТУДИИ: 12.453

БРОЈ НА КРСТЕНИ: 1.312

БРОЈ НА СОБРАНИЈА: 410

ПОДРУЖНИЦА: ЛОНАВАЛИ

[Слика на страница 25]

Подружницата во Лонавали

[Слика на страница 25]

Сведочење во врска со конгресот „Вечна добра вест“, во 1963 година

[Слика на страница 25]

Сведочење на еден продавач надвор од Ред Форт, во Делхи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели