Дипломците на Гилеад — желни да ја шират добрата вест
„НАЈПРЕКРАСНОТО нешто за кое никогаш не сме ни сонувале.“ Така ја чувствуваа Андерс и Амалија Грот нивната мисионерска обука. Тие ги изразија чувствата на сите 48 дипломци од 97-от клас на Библиската школа Гилеад на Watchtower, додавајќи: „Обуката во Гилеад ни даде мотив и нѐ подготви така што сега сме желни да заминеме на нашите нови доделби“.
Можеме и ние да ја почувствуваме оваа радост додека студентите коментираат за дипломската програма. На овој настан, што се одржа на 4. септември 1994, се собраа 6.420 лица.
„Програмата ја отвори Теодор Џерес од Водечкото тело, говорејќи на темата ‚Да се биде поучен од Јехова‘“ — рекоа Дејвид Абел и неговата сопруга Кели. „Нема никогаш да го заборавиме она што го рече брат Џерес: ‚Мораме да ја признаеме нашата незначителност во споредба со Јехова‘, илустрирајќи го тоа со силната поука што се наоѓа во Јов, поглавја 38 и 39. Брат Џерес истакна дека, иако преку школата Гилеад сме го зголемиле нашето библиско спознание, сепак ние не го знаеме одговорот на секое прашање. Мораме да продолжиме да ја проучуваме Божјата Реч“.
Потоа зборуваа Кристијан и Анџел Кофи: „Посебен впечаток ни остави говорот што го одржа Макс Ларсон, на темата ‚Колкава е вредноста на еден добар темел?‘ Ни се допадна тоа што нас нѐ спореди со една зграда на која ѝ е потребен длабок темел во цврсто тло за да остане стабилна дури и при земјотрес. Со марливото проучување можеме да развиеме поблизок однос со Јехова и да ја втемелиме нашата вера на длабоко спознание така што ќе можеме да останеме стабилни во време на тешкотија“.
„Говорот на Милтон Хеншел, претседателот на школата, на тема ‚Полињата се бели за жетва‘, долго ќе се памети“ — забележаа Гари и Лин Елферс. „Клучните стихови од Јован 4:35-38 ја нагласија нашата предност да стапиме на поле што веќе го посеале пред нас други работници. Тоа ќе нѐ поттикне да работиме со чувство на итност.“ Согласувајќи се со ова, Јан и Сирпа Ваатола забележаа: „Брат Хеншел го зголеми нашето очекување во врска со жетвата што претстои, давајќи го најновиот извештај од Прибалтичките држави. Порастот во Естонија е 51 отсто, во Летонија 106 отсто и во Литванија 51 отсто. Колку возбудливо! Браќата таму го молат Господарот да испрати повеќе работници. Кога го чувме ова бевме особено радосни, затоа што ние сме доделени во Естонија!“
„Џоел Адамс го изнесе следниот говор на тема ‚Имај доверба во Јехова‘“ — се присеќаваат Кевин и Евелин Кортина. „Тој нѐ советуваше никогаш да не помислиме дека можеме понекогаш да имаме доверба во Јехова, а понекогаш да се ослонуваме на нашето лично размислување. На нашата доделба ќе се соочиме со многу предизвици — здравје, исхрана, јазик, обичаи итн. Сето тоа ќе бара да имаме доверба во Јехова.“
Следниот говорник беше Герит Леш, член на Водечкото тело, кој ја изнесе темата „Продолжи да размислуваш за Јеховината милосрдност“. Ален и Ан Мари Гокави рекоа: „Тој истакна дека покажувањето милосрдност спрема другите мисионери и спрема оние со кои ја споделуваме добрата вест претставува знак на христијанска зрелост. Доделбите во странски земји бараат жртви, но ако недостига милосрдност, тогаш нашите жртви ќе имаат многу мала вредност“ (Матеј 9:13). Питер и Флер Хапстон додадоа: „Братот Леш рече дека треба да бидеме милосрдни и спрема нашите браќа и сестри, посматрајќи ги, така да се рече, низ другиот крај на двогледот. Тогаш, нивните грешки ќе изгледаат мали, а не зголемени“.
„Џек Редфорд, еден од нашите инструктори во Гилеад, зборуваше на темата ‚Можеш ли да внимаваш на карањето?‘“ — се сеќаваат Мики и Шери Мински. „Тој нагласи дека гордоста отежнува да се прифати карањето и дека ако претерано сме осетливи на совет, ќе бидеме лишени од неговите користи. Потоа, на темел на Плач Јеремиин 3:27-31 даде некои практични предлози како да се прифати укор.“ Чарлс и Џоан Хелд додадоа: „Најчесто сме слепи за нашите сопствени недостатоци и затоа карањето мораме да го сметаме за начин на отворање на нашите очи во однос на работите за коишто не сме биле свесни. Карањето, или советот од Јехова, е доказ за неговата љубов кон нас“.
„Другиот инструктор, Јулизис Глас, говореше на темата ‚Стекни практична мудрост која води во живот‘. Тој запраша: ‚Што ќе сториш со она што си го научил?‘“ — рекоа Кенет и Лизбет Ардшел. „Потоа даде една илустрација темелена на Изреки 30:24-26, за малиот јазовец и за тоа како Јехова потполно го опремил за живот. Ние, од друга страна, не сме инстинктивно мудри, па затоа треба да се напрегаме да стекнеме мудрост. Јехова нѐ опремил со сѐ што ни е потребно за да успееме во тоа. Сѐ додека се приближуваме кон Јехова и еден кон друг во љубов, ќе постигнеме многу.“
Главниот говор
„Братот Карл Ф. Клајн, член на Водечкото тело, во својот говор ‚Бисер меѓу бисерите‘ срдечно го разгледа со нас 18. Псалм“ — рекоа Џеј и Гвен Абрасинскас. „Тој го истакна длабокото ценење што псалмистот Давид го имал спрема Јехова и неговата љубов кон Божјата Реч.“ „Брат Клајн го подели псалмот на три дела“ — забележаа Кит и Дона Хорнбак. „Првиот дел (стихови 1-6) го покажува Давидовото ценење спрема Божјето творештво; вториот дел (стихови 7-10) го изразува неговото ценење за Божјите закони; а третиот дел (стихови 11-14) нѐ потсетува дека, како Давид, треба и ние да сакаме да бидеме во добар однос со Јехова.“
„Уживавме во делот кој зборуваше за тоа дека стравот од Јехова е животоважен ако сакаме да го избегнеме она што е лошо. Тоа нѐ тера да го правиме она што е чисто во неговите очи“ — рекоа Дејвид и Рејлин Лонг. Френк и Вибеке Мадсен се сложија. „Коментарите на брат Клајн за тоа колку се корисни Јеховините потсетници, закони и заповеди, на еден убав начин го сумираа она што го научивме во Гилеад“ — рекоа тие. „Тоа нѐ направи уште поодлучни да се држиме за Божјата Реч во иднина и да ја сметаме за ковчег со скапоцени камења.“
После главниот говор, студентите ги добија дипломите и беа објавени нивните доделби во странски земји. По кратката пауза за освежување, повторно се собраа сите да присуствуваат на попладневната програма. Дипломците учествуваа во одговарањето на прашањата поставени за време на скратената студија на Стражарска кула.
„Потоа следеше студентската програма ‚Обучени да бидат објавители на Царството по целата Земја‘“ — се сеќаваат Боб и Шанон Лакатос. „Првиот дел од програмата зборуваше за искуствата на студентите во службата на проповедање во текот на петмесечниот курс. Таа се сосредоточи на вештата употреба на прашања во нашата служба. Делот со интервјуата прикажа позитивни начини како да се соочиме со предизвиците и променливите околности во мисионерскиот живот. Трите презентации на дијапозитиви од Костарика, Индија и Малави ни овозможија краток поглед во Јеховината светска организација.“
„Драмата што следеше: Биди теократски, а не световен, го илустрираше лошото влијание што можат да го имаат некои световни, независно настроени роднини“ — забележаа Џеси и Мишел Данкан. „Таа покажа дека христијаните мораат да ги прифатат теократските упатства и налози како неопходни и корисни“ — додадоа Венцел и Кели Коула.
Завршната песна и молитва го означија крајот на прекрасната програма. Додека дипломците излегуваа, очекувајќи го своето заминување на странските доделби во 18 земји, нивните мисли добро ги изразија Томи и Јаел Кауко, кои на заминувањето коментираа: „Едвај чекаме да заминеме на нашата доделба и да го спроведеме во пракса она што го научивме. Добивме толку многу — сега е ред на нас да дадеме“.
[Слика на страница 26]
97. клас дипломци на Библиската школа Гилеад на Watchtower
Во долниот попис, редовите се нумерирани од напред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред.
1) Хонг Џ.; Хонг Д.; Грот А.; Кортина Е.; Лакатос Ш.; Хорнбак Д.; Асеведо Л.; Кофи А.; 2) Елферс Л.; Гокави А.; Ардшел Л.; Абрасинскас Г.; Нот К.; Лизер Т.; Абел К.; Абел Д.; 3) Данкан М.; Гокави А.; Хелд Џ.; Хапстон Ф.; Лакатос Б.; Лонг Р.; Мински Ш.; Асеведо Е.; 4) Ардшел К.; Кауко Ј.; Ваатола С.; Кортина К.; Карсон Н.; Мински М.; Лизер Г.; Коула К.; 5) Данкан Џ.; Абрасинскас Џ.; Ваатола Ј.; Мадсен Ф.; Мадсен В.; Лонг Д.; Карсон К.; Елферс Г.; 6) Кауко Т.; Хапстон П.; Хелд Ч.; Грот А.; Хорнбак К.; Коула В.; Нот Д.; Кофи К.