ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/11 стр. 8-9
  • Јеховините сведоци ширум светот — Полска

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јеховините сведоци ширум светот — Полска
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Смели во разоткривање на лаги
  • ‚По нивните плодови‘
  • Јеховините сведоци ширум светот — Тајланд
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Јеховините сведоци ширум светот — Република Филипини
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Јеховините сведоци ширум светот — Индија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/11 стр. 8-9

Јеховините сведоци ширум светот — Полска

ЕСЕНТА 1989, комунистичките влади од Балтичкото до Црното Море почнаа да се распаѓаат. Кога се раскина железната завеса, народите во Источна Европа почнаа да си бараат свои независни правци на делување. Меѓу нив беше и Полска, земја прекриена со брановидни ридови, рамни полјани и остри планини.a

Полјаците се вреден народ, а Полска дала и некои од светски познатите уметници и научници. Меѓутоа, уште повеќе од тоа, таму сега има едно растечко мноштво објавители на добрата вест за Божјето Царство.

Смели во разоткривање на лаги

Во Полска има многумина кои би сакале да ја дознаат вистината од Библијата. Но, некои се одвратени од страна на нивните роднини или соседи. На пример, во близината на Вроцлав, една заинтересирана жена прекинала да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци кога фамилијата и пријателите извршиле притисок врз неа. Меѓутоа, нејзината ќерка, тинејџерка, прочитала една серија статии од Стражарска кула кои ја разоткривале лажната религија. Ова го иницирало нејзиниот интерес за вистината.

По шест месеци библиска студија, ова младо лице решило да ги прекине сите врски со лажната религија. Таа го посетила свештеникот од нејзината црква за да го извести за својата одлука. Тој ѝ рекол да го напише следното: „Јас, К— П—, се откажувам од католичката вера“.

Следната недела, оваа изјава била прочитана во црквата. Дедо ѝ се онесвестил, а баба ѝ почнала да плаче. Меѓутоа, другите парохјани биле импресионирани и забележале: „Конечно, се најде некој доволно храбар да каже дека има многу лаги во нашата црква“. Оваа храбра тинејџерка денес е крстена духовна сестра и води седум библиски студии во своето село.

‚По нивните плодови‘

Неделникот Kujawy i Pomorze го објавил извештајот „Ќе ги препознаете по нивните плодови“. Статијата делумно зборувала за тоа дека обожавателите во христијанството „всушност не ги сфаќаат толку сериозно религиозните принципи кои ги прифатиле. Тие стојат во остра спротивност со Јеховините сведоци кои прават онака како што зборуваат, а зборуваат за она што го заповеда Библијата“.

По споредувањето на појавата на Сведоците со онаа на номиналните христијани, извештајот продолжува: „Овие вториве веројатно не знаат, а пречесто и не ги применуваат основните вистини и начела на нивната вера.  . . . Со својот став, Јеховините сведоци покажуваат хармонија меѓу нивните зборови и дела, докажувајќи на тој начин дека не се ‚лажните пророци‘, наместо тоа, тие можат да се препознаат по нивните плодови. ‚Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?‘ (Матеј 7:15-20)“.

Една жена напишала писмо до неделникот Przyjaciółka, жалејќи се дека нејзиниот син ја напуштил католичката црква и станал Јеховин сведок. Каков бил советот на уредничката? „Ако вашиот син почнал да се дружи со Јеховините сведоци, ако ја изучил и ја прифатил нивната вера, тоа си е чисто негова одлука која треба да се признае и да се почитува.  . . . Оваа религиозна група се одликува со многу прекрасни и општествено пожелни особини, како што е нивната необична солидарност и силни врски во групата, голема чесност и тесно следење на општоприфатените правила на општествениот живот и, конечно, способноста да живеат во склад со нивната вистина, практицирајќи ги начелата кои отворено ги исповедуваат. Ова се драгоцени особини“.

[Фуснота]

a За додатни информации, види Календар на Јеховините сведоци за 1994.

[Рамка на страница 9]

ПРОФИЛ НА ЗЕМЈАТА

1993 службена година

НАЈГОЛЕМ БРОЈ АКТИВНИ СВЕДОЦИ: 113.551

ОДНОС: 1 Сведок на 339

ПРИСУТНИ НА СПОМЕНОТ: 235.642

ПРОСЕЧЕН БРОЈ НА ПИОНЕРИ: 7.961

ПРОСЕК НА БИБЛИСКИ СТУДИИ: 79.131

БРОЈ НА КРСТЕНИ: 8.164

БРОЈ НА СОБРАНИЈА: 1.397

ПОДРУЖНИЦА: Надажин

[Слика на страница 9]

Полската подружница во Лоѓ, 1948

[Слика на страница 9]

Работа со плакати во поранешна Источна Прусија, јуни 1948

[Слика на страница 9]

Седумдесет и двајцата членови на персоналот на полскиот Бетел, јануари 1993

[Слика на страница 9]

Новата подружница во Надажин

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели