ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/9 стр. 25-26
  • Извор на неисцрпна храброст

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Извор на неисцрпна храброст
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Лекција за христијаните
  • Бидете смели!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Дај ми храбро срце
    Пеј му од срце на Јехова
  • „Биди храбар и многу силен“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • „Биди храбар... и почни да градиш“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/9 стр. 25-26

Извор на неисцрпна храброст

„ЕДЕН писклив звук предизвика ненадејно да го запреме нашето движење. Потоа, од грмушките од нашата лева страна, две птици истрчаа накај нас со раширени крилја. Пред нас, во една мала вдлабнатина во земјата, лежеа две јајца. Птиците нѐ спречија да не згазнеме случајно на нивните гнезда. Секогаш кога ќе се обидевме да се приближиме и да ги фотографираме тие прекрасни јајца со кафеави точки, птиците ќе ја повтореа својата заканувачка парада. ‚Колку смело‘, си мислевме“.

Тоа било искуството на четворица возрасни луѓе додека се обидувале да се приближат на гнездото на дамчестиот чурулин [Burhinus capensis]. Помалата птица е еден вид калуѓерка [Vanellus armatus]. Во книгата Everyone’s Guide to South African Birds (Прирачник за секого за јужноафриканските птици), орнитолозите Синклер и Менделсон објаснуваат: „Паровите кои лежат на јајцата енергично го штитат своето гнездо и младите, и стануваат многу агресивни при приближувањето на било каков напасник. Тие не се обесхрабрени од големината на напасникот и прелетуваат пиштејќи остро и бестрашно пикирајќи со остар пад дури и на луѓе, обидувајќи се да ги истераат“.

Некои набљудувале како поединечни големи слонови ненамерно се движат во правецот на гнездото на калуѓерката, иницирајќи ја така парадата на птицата. Слоновите обично се покоруваат заобиколувајќи ги.

Од каде им е на птиците ваквата очевидна храброст? Таа потекнува од Оној кој ги создал. Јехова Бог ги програмирал овие мали суштества со инстинктивни механизми, за да ги спречи поголемите животни да ги оштетат нивните гнезда или да ги повредат младите пилиња.

Лекција за христијаните

Христијаните можат од ова да научат една лекција, иако не сакаат да се задржат само на инстинктивната храброст. Тие се повикани да го имитираат нивниот Учител, Исус Христос, кој бестрашно се покорувал на Божјите заповеди (Евреите 12:1-3). Библијата ги прекорува страшливите, кои отстапуваат од служењето на Бог (Евреите 10:39; Откровение 21:8). Во исто време, Јехова има разбирање за нашата несовршена градба и знае дека понекогаш можеби ќе згрешиме или ќе ни недостасува потребната храброст за да ја вршиме неговата волја во потполност (Псалм 102:12-14). Што може да стори едно лице ако поради страв престане да го прави она што е исправно?

Христијанинот мора да се обрати во молитва до Бог, за сила да може да се соочи со тешкотиите и да продолжи да ја врши божествената волја. Библијата го содржи ова утешно ветување за Јеховината помош: „Он му дава сила на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот. Се уморуваат и момчињата и ослабуваат, и млади луѓе паѓаат, а оние кои се надеваат на Господа, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат“ (Исаија 40:29-31). Многумина несовршени луѓе ја искусиле вистинитоста на овие зборови и ‚од немоќни станале крепки‘ (Евр. 11:34). Добар пример во тој поглед бил христијанскиот апостол Павле, кој напишал: „Господ беше со мене и ме укрепи, та преку мене да се утврди Благовестието и да чујат сите незнабошци“ (2. Тимотеј 4:17).

Дури и новозаинтересираните лица кои сакаат да станат следбеници на Исус Христос, можат да почувствуваат таква зајакнувачка помош. Земи го за пример Хенри, еден Јужноафриканец кој бил благајник во својата црква и живеел блиску до својот пастор. Хенри бил во потрага по вистината. И покрај неговата приврзаност кон црквата, еден ден тој ја прифатил понудата за бесплатна библиска студија со Јеховините сведоци. Со текот на времето, тој изразил желба да стане Сведок и се распрашал кои чекори мора да ги преземе за да ја достигне таа цел. Му било објаснето дека прво треба да ја напушти црквата (Откровение 18:4). Бидејќи пасторот бил негов сосед и пријател, Хенри мислел дека не може едноставно да напише писмена оставка, туку дека треба и да ја образложи работата лице в лице. Тој тоа и го сторил храбро.

Пасторот бил шокиран, а подоцна го повикал претседателот на црквениот синод заедно со некои други членови на црквата да го посетат Хенри. Тие сакале да знаат, зошто тој ја напуштил нивната црква за да стане член на религија која, според нив, нема Божји свет дух. „Отпрвин се плашев да им одговорам“, објасни Хенри, „бидејќи тие отсекогаш имаа големо влијание врз мене. Но, му се молев на Јехова за помош и тој ме оспособи да ја дадам оваа одбрана: ‚Единствено која религија, од сите меѓународни религии, го користи Божјето име Јехова? Зарем не се тоа Јеховините сведоци? Дали мислите дека Бог би им дозволил да го носат неговото име, а при тоа да не им го даде својот свет дух?‘“ Црквените службеници не беа способни да го побијат ваквото резонирање. Благодарение на спознанието и силата што ја дава Бог, Хенри сега храбро соработува со Јеховините сведоци во службата од врата до врата.

Да, да се биде вистински христијанин потребна е храброст. Додека се приближува крајот на овој свет, испитите на верата ќе се зголемат. Сатана сака да ги лиши Божјите слуги од нивната прекрасна надеж за вечен живот со тоа што се обидува да ја скрши нивната беспрекорност кон Јехова (Спореди Откровение 2:10). Но, ние не смееме никогаш да се предадеме. Дури и ако патиме од привремена пасивност поради страв, Јехова може да ни помогне да се поправиме. И понатаму барај сила од него за да продолжиш да ја вршиш неговата волја. Запомни, тој кој ги создал бестрашните птици е Изворот на неисцрпна храброст. Навистина, вистинските христијани би требало слободно да кажат: ‚Господ ми е помошник, и нема да се уплашам: што може да ми направи човек?‘ (Евреите 13:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели