ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/2 стр. 19
  • „Името на Господа е цврста кула“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Името на Господа е цврста кула“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Сѐ уште живи!
  • Моќта на молитвата
  • Пишува дека ќе го видам
    Разбудете се! 2005
  • Потпирај се на Божјиот дух кога се справуваш со промените во животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • „Научи ме да ја вршам твојата волја“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Јехова — Избавител во библиски времиња
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/2 стр. 19

Објавителите на Царството известуваат

„Името на Господа е цврста кула“

ЖИВЕЕМЕ во нестабилни времиња. Нашите привидно стабилни животи можат да се променат преку ноќ, па некои, без предупредување, пред да го сфатат тоа се нашле во голема опасност. Опасноста може да се појави заради политички преврат, некој насилник, природна катастрофа или сериозна болест. Која и да е причината, каде би можел да се обрати еден христијанин кога неговиот живот е во опасност?

Давид, мисионер кој живее во една од подружниците на Watch Tower Society, го добил одговорот на тоа прашање преку едно застрашувачко искуство. Работејќи како шофер, едно рано утро, ја напуштил подружницата за да довезе некои бетелски соработници (волонтери кои живеат надвор од подружницата). Сѐ уште било темно. Тој ја зел Розалија и минувал покрај полициската станица кога го слушнал првиот истрел.

Тогаш работите се одвивале брзо. Слушнал звук како од некаков голем огномет и сфатил дека една гума пукнала. Наеднаш забележал војник кој стоел на средината од патот нишанејќи право во него. Три работи се случиле скоро истовремено: Серија од истрели од пиштол ја изрешетале страната од џипот, кршејќи ги прозорците; Давид и Розалија се наведнале; војникот пукал низ ветробранот во висина на очите.

Додека џипот бил опсипуван со куршуми, Давид кочел колку што можел, останувајќи сѐ уште свиткан долу. И двајцата, и Давид и Розалија мислеле дека ќе загинат. Тие гласно се молеле на Јехова да ги чува. Подоцна, Розалија рекла дека во тие моменти се прашувала како ќе реагира нејзиното семејство кога ќе слушне за нејзината смрт!

Сѐ уште живи!

Вревата од истрели и кршење на стакло конечно престанала и Давид брзо погледнал кон Розалија. Срцето скоро му застанало кога забележал мала кружна дамка од крв на нејзиниот грб. Но, тоа не било од куршум, туку од едно парче стакло кое одлетало и се забило на тоа место. Колената ѝ крвареле од исечените места од стаклото кое паѓало, но инаку изгледала добро.

Луѓе во воени униформи со бели ленти на рацете се приближиле кон џипот и им наредиле да излезат со кренати раце. Еден, кој изгледа бил со повисок чин, се свртел кон војникот и рекол: „Ви беше кажано да не пукате во цивили“. Војникот се оправдувал, тврдејќи дека слушнал истрели и мислел дека доаѓаат од џипот.

Кога Давид се претставил себеси и Розалија како Јеховини сведоци, реакцијата била поволна. Тој објаснил што правел, но војниците и понатаму сакале да ги задржат. Очигледно, во раните утрински часови, една воена фракција инсценирала државен удар и војниците биле во тек на заземање на полициската станица кога Давид и Розалија поминувале со џипот.

Розалија била многу потресена, но храбро останала мирна додека Давид се заземал за нив да бидат пуштени. На крајот им било дозволено да си одат — но без џипот. Требало да пешачат до најблиската авенија и да фатат автобус до подружницата каде што на Розалија ѝ била укажана болничка нега.

Моќта на молитвата

Давид научил нешто од искуството — никогаш не потценувај ја моќта на искрената молитва и никогаш не заборавај дека смелото претставување како Јеховин сведок честопати е заштита. Може буквално да се обистини изреката: „Името на Господа е цврста кула: ако во неа побегне праведник, во безопасност е“ (Изреки 15:29; 18:11; Филипјаните 4:6).

[Извор на слика на страница 19]

Фотографија од Publicaciones Capriles (Каракас, Венецуела)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели