ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/10 стр. 23-26
  • Да се проповеда во земјата на спротивности

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се проповеда во земјата на спротивности
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Добрата вест напредува
  • Брзо изградени Царски сали во изолирани подрачја
  • На „Крајниот север“
  • До Алис Спрингс и повторно назад од пустината
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/10 стр. 23-26

Да се проповеда во земјата на спротивности

КЕНГУРИ, коали, торбари, клунари, Аерс Рок, Големиот Корален Гребен — сето тоа се поими кои први ни доаѓаат на ум кога ќе помислиме на Австралија. Но, ќе се изненадите, повеќето Австралијанци веројатно никогаш не биле на Аерс Рок или Големиот Корален Гребен ниту, пак, виделе коала, торбар или клунар освен во зоолошка градина. Причината е што 85 проценти од 17,3 милионското население се градски жители, населени во петте најголеми градови долж крајбрежјето.

Ако го напуштиме крајбрежјето и патуваме околу 200 километри во внатрешноста на земјата, ќе дојдеме до почетокот на континентот или, како што е познато, до пустината. Пејзажот се менува од густи тропски дождливи шуми и плодна земјоделска површина до жешка и сува рамнина каде преживуваат само грмушки и дива трева. Но, во пустината сепак постои живот. Огромните фарми за овци и говеда се протегаат на површина од стотици квадратни километри. Уште подлабоко во внатрешноста на земјата се наоѓаат врелите пустини каде, ако не се биде претпазлив, може и да се загуби животот.

Добрата вест напредува

Под вакви околности се проповеда добрата вест за Божјето Царство во оваа земја „од онаа страна на светот“. Илјадници луѓе секоја година се одѕиваат на Јеховиното ветување за праведен нов свет. Минатата службена година, бројот на објавителите на Царството достигна нов најголем број од преку 57.000, што е речиси два пати поголем број од бројот пред десет години. Иако повеќето објавители, како и поголемиот дел од населението, се концентрирани во крајбрежните градови, добрата вест напредува и во подрачјата во внатрешноста на земјата.

За да добиеме претстава како изгледа да се проповеда во оваа пространа земја на контрасти, ќе му се придружиме на еден од петте обласни надгледници и на неговата сопруга додека ги посетуваат собранијата во зафрлените пустински предели. Нивната служба го покрива подрачјето од државата Западна Австралија, половина од државата Квинсленд и целата Северна Територија, пространство големо преку 4,7 милиони квадратни километри. Тоа е речиси цела Европа, без бившиот Советски Сојуз.

Нашето патување започнува во Перт, главниот град на Западна Австралија. Во овој современ град со 1,2 милиони жители, денес има 49 собранија на Јеховините сведоци. Покрај собранија од англиското говорно подрачје, постојат уште и собранија на грчки, италијански, португалски и шпански јазик, како и помали групи на други јазици. Постои и собрание кое е составено исклучително од браќа и сестри Абориџини кои се трудат да проповедаат меѓу ова домородно население на континентот. Повеќето од овие понизни луѓе сега се одѕиваат на пораката за Царството. Но, како изгледа сето тоа вон големите градови?

Од Перт патуваме 1.800 километри кон север до Порт Хедленд, каде се оддржува покраински состанок. Повеќето од 289-те присутни патувале од 200 до 700 километри за да присуствуваат таму. Дошле од изолирани места каде што најблиското собрание е оддалечено и до 250 километри неасфалтиран пат со остри камења кои често пати ги дупчат автомобилските гуми. Неодамна, на ова подрачје три собранија изградиле Царски сали со методата на брзоградба.

Брзо изградени Царски сали во изолирани подрачја

Колкава е само разликата меѓу градењето Царска сала во овие предели и градењето во големите градови или, пак, во поголемите места! Поголемиот дел од градежниот материјал е носен од Перт, 1.600 километри на југ. Стотици браќа и сестри го поминуваат ова и поголемо растојание во текот на одредениот викенд за да дојдат и да ја градат Царската сала на температура од 40-45 Целзиусови степени. Толкав народ во едно така малечко и изолирано место е само по себе извонредно сведоштво. Кога се градела Царската сала во Том Прајс, малечко рударско гратче за железна руда, на насловната страница на месниот весник било изјавено: „Срдечно добредојде на доброволните работници и соработници кои работат на тридневната ‚брза‘ изградба на Царска сала на Јеховините сведоци во Том Прајс“.

Изгледа дека сите во градот биле заинтересирани да соработуваат. Наместо 11.000 австралиски долари, колку што вообичаено чинело доставувањето на 50 тони материјал, еден великодушен сопственик на камиони барал од браќата само да ги надоместат трошоците за бензин. Месните молерско-фарбарски претпријатија дарувале 100 литри боја. Претпријатијата за ископ и превоз на земја позајмиле машини, а рударската компанија им доставила бесплатен кран. Проблем било да се сместат 300 посетители, но соработката на месните граѓани била извонредна. Некои дури телефонирале и нуделе сместување. Некој човек телефонирал и рекол дека ќе биде отсутен во текот на викендот, но ќе ја оставел вратата од домот отклучена. Рекол: „Куќата ви стои на располагање додека трае работата на проектот“.

Се случил еден смешен инцидент кога некои браќа добиле адреса од таму каде што требало да земат една приколка, сопствеништво на месната покраина. Се изненадиле кога на портата го здогледале натписот „Не сакаме религиозни посети“. Но, внатре била приколката. Така, на домаќинката ѝ рекле дека ќе ја земат приколката, полна со отпадоци. Кога ја испразниле, виделе дека тоа не е приколката на месната покраина! Кога сопственикот на приколката дошол дома, жена му му рекла дека Јеховините сведоци им ја однеле приколката. Набргу се вратиле и браќата, со сега испразнетата приколка, објаснувајќи им ја забуната. Потоа уследил еден прекрасен разговор при што овие поранешни противници имале многу прашања за нас и нашето дело. Сега се заинтересирани да дојдат и да ја видат новата Царска сала.

За да се проповеда добрата вест на ова подрачје, потребна е истрајност. Како прво, тоа се огромни пространства. Една сестра пионерка и нејзиниот сопруг секојдневно поминуваат по 350 километри неасфалтиран, прашлив пат од Порт Хедленд до Марбл Бар за да направат повторни посети и водат библиски студии. Марбл Бар е еден од најжешките места во Австралија, со температури кои често пати достигнуваат преку 50 степени Целзиусови од октомври до март.

На „Крајниот север“

Дарвин, 2.500 километри кон север, е следниот град во кој се одржува покраински состанок. Обласниот надгледник и неговата сопруга ги користат долгите часови патување за да ја одржат личната студија. Најнапред го читаат и разгледуваат дневниот цитат. Потоа слушаат читање на Библијата на касета. Како што се менуваат при возењето, така се менуваат и во читањето на статиите од Стражарска кула и Разбудете се!

Патните знаци ги предупредуваат да внимаваат на „друмските возови“. Овие долги погонски машини составени се од по три или четири камионски приколки со вкупна должина од 55 метри и потребно е големо растојание при разминувањето. Овие возила се користат за пренесување на добиток или друга стока до изолираните градови.

Времето секогаш е топло, а земјата постојано сува. Овдешната спржена земја би можела сосема да се поистовети со пространи гробишта бидејќи земјата е исшарана со правилно распоредени мравјалници. Овие мравјалници се разликуваат по бојата во зависност од земјата што мравките ја употребиле, и ги има насекаде. Високи се од 1 до 2,5 метри. Понатаму, додека нашите сопатници ја поминуваат реката Викторија, неколку рачно изработени знаци им го привлекуваат вниманието: „Опасност: Капењето е забрането. Во овие реки има крокодили-човекојадци!“ — пишува на едниот. Се разбира, одлучуваат да најдат друго место каде ќе се капат и освежат!

Конечно, стигнуваат до најсеверната точка на Австралија, позната како „Врвот“. Во Дарвин, главниот град на Северната територија, има две големи собранија на Јеховините сведоци. Повеќенационалната култура на Дарвин лесно може да се види кога ќе се посети покраинскиот состанок. Запознај се со 30-годишниот Чарлс, кој е од Ист Тимор во Индонезија, сега разрушен од војна. Неговите родители, Кинези, го поучувале да обожава претци. Исто така, многу ги практикувал борбените вештини. Не му било лесно да прекине со сето тоа поради силната поврзаност со спиритизмот. Меѓутоа, имајќи го на ум Исусовото ветување дека „вистината ќе ве ослободи“, се ослободил од ваквиот начин на живот (Јован 8:32). „Денес“ — вели тој — „имам чиста совест пред Јехова и моментално служам како слуга помошник. Цел ми е да присуствувам на Школата за оспособување на слуги.“

Понатаму, запознај се со Беверли од Папуа Нова Гвинеја. „На почеток не се осмелував толку да им сведочам на белите луѓе“ — признава Беверли — „затоа што англискиот не ми беше мајчин јазик и одредени изрази, особено поради австралискиот акцент, не можев да ги разберам. Но, знаејќи дека Библијата ни вели да имаме доверба во Јехова и да го испитаме и видиме колку е добар, почнав со полновремената пионерска служба во јануари 1991. Мојата прва интересентка со која проучував сега е пионер. Две нејзини ќерки исто така ја прифатија вистината, а едната од нив е пионер заедно со својот сопруг“.

Пред да го напуштиме Дарвин, да скокнеме 250 километри на исток, до Националниот парк Какаду, познат по своето богатство на птици. Тука ја запознаваме Деби, објавителка на добрата вест која е сама на целото подрачје. Ја прашуваме како успева да се одржи духовно цврста во толкава изолација. Ни одговара: „Како прво, со молитва. . . . А извлекувам многу утеха и од таквите библиски стихови како што се Исаија 41:10, кој вели: „Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не се вознемирувај, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со десницата на Мојата правда“.

Во Џилкминган, 450 километри јужно од Дарвин, се запознавме со една малечка група Абориџини. Со години оваа абориџинска заедница била сметана за заедница на Јеховините сведоци поради тоа што многумина од нив редовно ги посетувале конгресите и состаноците, иако ниту еден од нив не бил крстен. Во заедницата чистотата е на забележително ниво. Радосно е што некои од нив во меѓувреме зазеле цврст став за вистината и се крстиле. Тие се меѓу првите вонградски Абориџини кои сториле такво нешто. Навистина е потребна храброст и доверба во Јеховиниот свет дух за поединци од овој понизен народ да се ослободат од вековните племенски традиции и спиритистички практики.

До Алис Спрингс и повторно назад од пустината

Сега е време да го оставиме „Врвот“ и да отидеме 1.600 километри јужно до Алис Спрингс, до „Црвениот центар“ на континентот, близу до познатиот Аерс Рок. Тука, во Царската сала со клима уред, постојат удобни седишта за конгрес, со 130 и повеќе присутни од двете собранија на ова подрачје. Повторно можеме да ја видиме прекрасната глетка од Полинезијци, европејци и Абориџини, како се здружени заедно во христијанско братство.

Конечно, го напуштаме Алис Спрингс и одиме на последната етапа од патувањето со нашиот патувачки обласен надгледник и неговата сопруга. Ова патување трае 2.000 километри преку континентот кон североисток. Додека патуваме, ѝ велиме збогум на пустината и, на крајот, пристигнуваме до густите тропски дождливи шуми во Квинсленд. Овде, на северниот брег од Квинсленд — земјата на Големиот Корален Гребен — има многу собранија каде соодносот помеѓу Јеховините сведоци и светското население е мал.

Меѓутоа, ние сѐ уште не сме завршиле со нашето патување, бидејќи треба да посетиме уште еден покраински конгрес. Земаме авион во Кернс — тропскиот град на Квинсленд на познатиот Корален Гребен — и го напуштаме австралискиот континент со кратко авионско патување преку северниот завршеток на полуостровот Јорк, истоимениот ’рт Јорк, преку Торесовиот Премин до Островот Четврток. Таму постои малечко собрание од само 23 објавители. Колкава радост е да се видат 63 присутни на нашиот последен конгрес на ова патување!

Се надеваме дека уживаше на овој краток осврт на делото на проповедање на Царството кое се извршува во оваа земја на спротивности. Можеби еден ден ќе можеш да нѐ посетиш во оваа занимлива земја од онаа страна на светот и лично да се запознаеш со браќата и сестрите кои верно ја извршуваат службата во нивната посебна задача.

[Карта/слика на страница 23]

(Види во публикацијата)

Порт Хедленд

Канбера

Том Прајс

Марбл Бар

Њумен

Дарвин

Катерин

Алис Спрингс

Аерс Рок

Остров Четврток

Кернс

Аделејд

Мелбурн

Хобарт

Сиднеј

Бризбејн

Перт

[Слика на страница 24]

Главниот град на Западна Австралија — Перт

[Слика на страница 25]

Сведочењето на улица донесува добри резултати

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели