ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/7 стр. 9-12
  • Јехова го штити својот народ во Унгарија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова го штити својот народ во Унгарија
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Скромен почеток
  • Нападите се засилуваат
  • Години на забрана
  • Поволната ситуација е само привремена
  • Започнува терор
  • Светла иднина
  • Најпосле слободни
  • Што се случува денес
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/7 стр. 9-12

Јехова го штити својот народ во Унгарија

УНГАРИЈА, сместена во центарот на Европа, многупати ги искусила бурните промени во историјата. Народот многу пропатил и покрај тоа што ѝ бил предаден на Богородица, а првиот цар, Стефан, го принудил да го прифати христијанството во 1001 година.

Низ вековите, Унгарија ослабела поради бројните внатрешни судири што придонело другите народи секогаш одново да ја потчинуваат. Во тие судири цели села биле збришувани од постоење, а подоцна биле населувани со странско население. На тој начин, населението станало смеса од повеќе националности. Од религиозен аспект, приближно две третини од населението на земјата останале католици покрај Реформацијата која подоцна се проширила во некои делови.

Скромен почеток

Во 1908, семето на библиската вистина за прв пат било посеано во Унгарија, преку една жена која дознала за вистината од Истражувачите на Библијата, како што Јеховините сведоци биле познати во тоа време. Многумина се заинтересирале за она што таа го проповедала. Кратко после тоа, двајца мажи се вратиле во Унгарија од Соединетите Држави, за да ја шират добрата вест како полновремени колпотери. Вистината бавно но сигурно се ширела, и една канцеларија со печатарска машина била отворена во Клуж.

Првиот веродостоен извештај бил добиен во 1922, кога 67 Истражувачи на Библијата од десет града присуствувале на Споменот на Христовата смрт. Нивното дело на сведочење имало резултат кој довел до противење бидејќи свештенството влијаело на владата и на печатот да се забрани делото на проповедање.

Нападите се засилуваат

Во 1928, католичкиот свештеник Золтан Њиштор издал памфлет под наслов Миленијалистички Истражувачи на Библијата, во кој за библиските студенти изјавил: „Тие се полоши од црвените болшевици кои напаѓаат со оружје, бидејќи овие ги заведуваат неискусните така што се кријат зад Библијата. Унгарската царска државна полиција будно ја набљудува нивната активност“.

Во тоа време, еден ревен брат, кој се викаше Јожеф Киш, ги посетувал собранијата. Жандармеријата тајно го следела. Во 1931, тој бил во домот на еден брат кога полицијата го изненадила и му наредила веднаш да излезе. Додека брат Киш си ги пакувал работите, еден жандарм го удрил со кундакот од пушката, заканувајќи му се: „Побрзај, или ќе те натнам на нож!“ Брат Киш се насмевнал и рекол: „Тогаш побрзо ќе си отидам дома“, мислејќи на неговата небесна надеж како помазан христијанин.

Војниците го следеле брат Киш до возот. Во собранието Дебрецин го очекувале да пристигне на 20. јуни 1931, но тој никогаш не се појавил. Браќата заклучиле дека непријателите го убиле, односно, дека навистина ‚отишол дома‘ во својата небесна награда. Иако неговото дело беше спречено, властите никогаш не можеа да го згаснат светлото на вистината.

Честопати се користела и досетливост за да се даде сведоштво. На пример, во средината на 1930-ите, починал некој брат во Тисакарад. Погреб можело да се одржи само со дозвола на властите. На браќата им било дозволена само една минута молитва и една минута песна. Жандармите, кои дошле на погребот со пушки и бајонети, требало да се погрижат за тоа. Многу љубопитни граѓани дошле да видат на кој начин ќе се одржи погребот.

Еден брат стоел крај ковчегот и се молел половина час така што луѓето рекле дека никогаш немале слушнато такво нешто. „Дури и шест свештеника да го држеа погребот“, рекле, „немаше да биде толку трогателен“. Потоа еден брат со добар глас почнал да го предводи пеењето, но жандармот му наредил да престане. Полицијата подоцна признала дека иако се чувствувале незгодно, не можеле да ја прекинат молитвата.

Како што нападите продолжиле, Лајош Сабо, свештеник на реформаторската црква, во својата брошура Антихрситот од реката Тиса од 1935, го напишал следново: „Тоа е една вешта идеја да се храни народот со болшевизам под име на религијата . . . Маркс беше преслечен како Христос . . . Антихристот беше тука со своите црвени алишта претставен со Јеховините сведоци“.

Години на забрана

Во 1939, делото на Јеховините сведоци сосема беше забрането. Беше жигосано како активност „против религијата и општеството“. Адвентисти, баптисти, евангелисти и презбитеријанци издаваа памфлети против Сведоците. Но Јехова не ги напушти своите слуги, и за нив се грижеа Сведоците од другите земји. Следствено, Божјиот народ во Унгарија имаше многу искуства кои ја зацврстуваа верата.

На пример, кога еден брат донел пакет полн со наши списанија од Чехословачка, цариникот го прашал: „Што имаш во пакетот?“ Братот одговорил чесно: „Стражарски кули“. На тоа службеникот направил гест со раката да покаже дека братот е луд, и го пуштил да си врви по својот пат. Така, духовната храна безбедно пристигнала во Унгарија.

Сепак, нападите не престануваа. Сѐ повеќе и повеќе браќа беа апсени и држени в затвор на различен временски период. Потоа на еден специјален оддел за испитување му беше даден налог да ги истреби Јеховините сведоци. Во 1942, мажи, жени и деца биле собрани во штали или празни еврејски училишта. После два месеци тортура, биле испитани и осудени. На едни им била изречена доживотна казна; некои добиле од 2 до 15 години затвор. Три брата — Денеш Фалувеги, Андраш Барта и Јанош Конрад — биле осудени на смрт со бесење, но казната подоцна им била сменета на доживотна робија. Понатаму, 160 браќа биле однесени во логорот на смртта во Бор. Откако ја поминале границата, им било речено дека нема никогаш да се вратат живи. Од 6.000 депортирани Евреи кои биле однесени во овој логор, само 83 останале живи. Но, од Сведоците се вратиле сите освен четворица.

Јеховините сведоци навистина имале свои маченици. Кон крајот на Втората светска војна, нацистите погубиле повеќе браќа. Берталан Сабо, Јанош Шондор и Антал Хониш биле стрелани, а Лајош Дели обесен (Матеј 24:9).

Поволната ситуација е само привремена

По втората светска војна, ситуацијата повторно се смени. Коалиционата влада вети човечки права. Браќата кои се вратија од логорите веднаш започнаа да проповедаат и да организираат собранија. Сметале дека Јехова им дал слобода за да можат да го фалат неговото големо име, а не да собираат материјални поседи. Кон крајот на 1945, имаше 590 активни објавители на Царството. Во 1947 купија вила која се користеше како подружница на Друштвото Стражарска кула и се одржа првиот национален конгрес во една спортска сала. Имаше 1.200 присутни, а унгарската државна железница дозволи попуст дури од 50 проценти за оние кои патуваа на конгресот.

Меѓутоа, слободата не траеше долго. Наскоро Комунистичката партија доби власт, и владата беше сменета. Растот на Јеховиниот народ го привлече вниманието на новата влада, бидејќи тој порасна од 1253 објавители во 1947 на 2.307 во 1950. Таа година службениците почнаа да го попречуваат делото на проповедање. Се бараа дозволи за проповедање, но владата одби да ги разгледува, а оние кои ги поднесуваа беа тепани од националната гарда. Новинските статии постојано ги именуваа Сведоците како ‚агенти на империјалистите‘. Интересно, пред да дојде комунизмот на власт, Сведоците биле праќани во казнени логори под обвинение дека се ‚комунистички еврејски пратеници‘.

Започнува терор

На 13. ноември 1950, надгледникот на подружницата и преведувачот (двајца од оние кои претходно беа осудени на смрт) беа уапсени заедно со надгледникот на првата покраина. Биле одведени во озлогласениот подземен затвор на улица „Андрас“ бр. 60 во Будимпешта за да ги „омекнат“. Судењето беше одржано на 2. февруари следната година. Надгледникот на подружницата беше осуден на десет години затвор, преведувачот на девет, а покраинскиот надгледник на осум години. На сите тројца им беше конфискуван имотот. За време на судењето, уште на четворица собраниски надгледници им беа изречени затворски казни во траење од пет до шест години под обвинение дека се обиделе да ја срушат владата.

Браќата биле ставени во строго чуван затвор, каде не можеле да примаат писма, пакети или посети. Нивните семејства не слушале никакви вести за нив. Нивните имиња дури и не се спомнувале меѓу стражарите. За идентификација секој од нив носел дрвена плочка со број обесена околу вратот. На ѕидот дури постоел натпис кој гласел: „Немојте само да ги чувате затворениците; мразете ги“.

Сведоците отидоа во илегала, но делото на проповедање не престана. Другите Сведоци продолжија на местото на затворените. Со време и оние кои ги заменуваа беа уапсени. Во текот на 1953, преку 500 браќа беа обвинети и ставени в затвор, но добрата вест не можеше да се врзе во синџири. Само неколку браќа поверуваа на примамливите ветувања на стражарите и ја компромитираа вистината.

Светла иднина

Кон крајот на 1956, народот почна да се буни против владата. Советската армија ја задуши револуцијата, а Комунистичката партија повторно дојде на власт.

Сите затворени Сведоци беа ослободени, но потоа неколкумина познати браќа беа испратени на понатамошно издржување на казната в затвор, додека новите не беа ниту судени. Конечно, во 1964 ситуацијата се подобри. Властите повеќе не преземаа ништо за да ги спречат погребите или свадбените свечености. Покраинските конгреси се одржуваа во шумите. Некои беа прекинувани, но Сведоците повеќе не беа затворани.

Во 1979, на браќата кои надгледуваа им беше дозволено да присуствуваат на конгресот во Виена. Во текот на истата година, властите им ветија на Јеховините сведоци законско признание, но поминаа уште десет години пред тоа навистина да се случи. Во 1986 беше одржан првиот обласен конгрес, во Младинскиот парк на шумата Камара, со дозвола на властите. Дури беше поставен и знак на кој пишуваше дека тоа е Обласен конгрес на Јеховините сведоци „Божествен мир“. Следната година се одржа конгресот „Имај доверба во Јехова“, а во 1988 браќата се радуваа на конгресот „Божествена правда“.

Најпосле слободни

Дваесет и седми јуни 1989 беше прекрасен ден, бидејќи тој ден браќата добија документ со кој на религиозната организација на Јеховините сведоци во Унгарија ѝ се доделува службено признание. Во јули, величествената спортска сала во Будимпешта собра 9.477 присутни на Обласниот конгрес „Оддаденост на Бог“. Истата сала беше употребена за Обласниот конгрес „Чист јазик“ во 1990, а конгреси се одржаа и во три други големи града во Унгарија.

Денес, кога забраната сосем е укината, можно беше да се организира првиот меѓународен конгрес. Наспроти лошото време, тој се одржа на Неп стадионот во Будимпешта каде што се собраа 40.601 за да се радуваат на срдечната братска љубов. Присутни беа и членови на Водечкото тело кои ја зајакнаа верата на браќата со своите говори, а на конгресот беа објавени и нови брошури и книги со илустрации во боја.

Што се случува денес

Унгарските изданија на Стражарска кула и Разбудете се! денес се печатат симултано со англиските примероци и во истиот прекрасен формат. Во 1992 почна да се печати Годишникот на унгарски. Бројот на објавителите на добрата вест скокна од 6.352 во 1971 на 13.136 во јануари 1993.

Денес, Јеховините сведоци во Унгарија се радуваат на слобода на религијата и слободно проповедаат од куќа до куќа. Има 205 собранија, а 27.844 присуствуваа на Споменот на 17. април 1992. Додека не се обезбедат доволно Царски сали, собранијата и понатаму ќе одржуваат состаноци во училишта, културни центри, празни бараки, па дури и во празните канцеларии на Комунистичката партија. Од 1992, десет собранија отворија свои Царски сали, а други сали се во изградба.

Низ сите тие промени и револуции, браќата му останаа верни на Јехова Бог и неговиот Син Исус Христос и продолжија да проповедаат. Бурните времиња не ги уништија бидејќи Јехова го штитеше својот народ во Унгарија (Соломонови изреки 18:10).

[Карта на страница 9]

(Види во публикацијата)

Виена

АВСТРИЈА

Будимпешта

Дебрецин

УНГАРИЈА

РОМАНИЈА

[Слика на страница 10]

Јеховиниот народ се собра во Будимпешта

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели