ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/6 стр. 3-4
  • Колку е точна библиската историја?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Колку е точна библиската историја?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Сведоштва за точноста
  • Лукиното патување по море
  • „Зборуваа смело во името на Јехова“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Инспириран образец на христијанско мисионерско дело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • „Ниту една душа меѓу вас нема да пострада“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • „Тој е мое сакано и верно дете во Господарот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/6 стр. 3-4

Колку е точна библиската историја?

„ЗБОРУВАМ вистина, . . . не лажам“, изјавил еден библиски писател на својот млад пријател (1. Тимотеј 2:7). Ваквите изјави во Павловите писма претставуваат предизвик за библиските критичари.a Поминале преку 1.900 години откако Павле ги напишал тие писма. После толку време, никој не предложил ниту успеал да докаже барем едно неточно становиште во неговите писма.

Библискиот писател Лука исто така покажал заинтересираност за точноста. Го запишал извештајот за Исусовиот живот и служба, а после него следи неговиот извештај под наслов Дела на апостолите. „Намислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да . . . опишам точно по ред“, напишал Лука (Лука 1:3).

Сведоштва за точноста

Библиските критичари од почетокот на XIX век ја оспорувале точноста на Лука како историчар. Поправо, тврделе дека историјата во Дела на апостолите била измислена во средината на вториот век н. е. Еден од нив кој верувал во тоа, бил британскиот археолог Сер Вилијам Мичел Ремзи. Но, откако ги истражил имињата и местата кои ги спомнува Лука, тој признал: „Постепено се уверував дека во различни детали расказот покажува чудесна вистинитост“.

Кога Ремзи го напишал ова, едно прашање во врска со точноста на Лука останало неодговорено. Тоа се однесува на тесно поврзаните градови Иконија, Листра и Дерва. Лука наведува дека Иконија била одвоена од Листра и Дерва, опишувајќи ги последниве два како ‚ликаонски градови‘ (Дела на св. апостоли 14:6). Но, како што покажуваат придружните мапи, Листра била поблиску до Иконија отколку Дерва. Некои древни историчари ја опишале Иконија како дел од Ликаонија; затоа критичарите го оспориле Лука зошто и тој не постапил така.

Подоцна, во 1910, Ремзи открил споменик во урнатините на Иконија со кој докажал дека јазикот во тој град бил фригиски, а не ликаонски. „Бројни други записи од Иконија и нејзината околина го поткрепуваат фактот дека, што се однесува до родот, градот повеќе би можел да се опише како фригиски“, вели д-р Мерил Ангер во својата книга Archaeology and the New Testament. Всушност, Иконија во времето на Павле по својата култура била фригиска и одвоена од „ликаонските градови“ каде што луѓето ‚зборувале ликаонски‘ (Дела на св. апостоли 14:6, 11).

Библиските критичари исто така го оспориле зборот „политарси“ кој Лука го употребил за градоначалниците на Солун (Дела на св. апостоли 17:6, New World Translation of the Holy Scriptures, фуснота). Овој збор не бил познат во грчката литература. Меѓутоа, бил пронајден свод во еден древен град на кој стоеле имињата на градските владетели опишани како „политарси“ — токму зборот кој го употребил Лука. „Точноста на Лука е одбранета со употребата на овој израз“, објаснува В. Е. Вајн во неговиот Expository Dictionary of Old and New Testament Words.

Лукиното патување по море

Поморските стручњаци ги испитале деталите за бродоломот кој е опишан во Дела на св. апостоли, 27. поглавје. Според Лука, еден североисточен бурен ветар го уловил големиот брод со кој пловеле тој и Павле близу малиот остров Клавда, па морнарите се исплашиле да не удрат во опасните песочни наноси на северниот брег на Африка (Дела на св. апостоли 27:14, 17). Со помош на вештите морепловци тие успеале да го свртат бродот од правец кон Африка во западен правец. Бурата продолжила со несмален интензитет и на крајот бродот пристигнал блиску до бреговите на островот Малта, поминувајќи растојание од околу 870 километри. Поморските стручњаци пресметале дека за еден голем брод кој плови по бура, би биле потребни 13 дена за да отпатува толку далеку. Нивните пресметувања се совпаѓаат со извештајот на Лука кој наведува дека бродоломот се случил на четиринаесеттиот ден (Дела на св. апостоли 27:27, 33, 39, 41). Откако ги истражил сите детали на Лукиното патување по море, едриличарот Џејмс Смит заклучил: „Тоа е расказ за вистинити настани, запишани од страна на еден од нив кој во тоа лично бил вклучен . . . Ниеден човек или морепловец не би можел да напише расказ за патување по море толку доследно со сите негови поединости, доколку лично не ги набљудувал тие настани“.

Поради таквите откритија, некои теолози радо ги бранат Христијанските Грчки списи како точна историја. Но што е со пораната историја која е запишана во Хебрејските списи? Многу свештеници се приклонуваат на современата филозофија и изјавуваат дека тие содржат митови. Меѓутоа, голем број детали од библиската рана историја се исто така потврдени, на чудење на критичарите. Земи го на пример, откривањето на некогаш заборавеното Асирско царство.

[Фуснота]

a Види и Римјаните 9:1; 2. Коринтјаните 11:31; Галатјаните 1:20.

[Карта на страница 3]

(Види во публикацијата)

ФРИГИЈА

ЛИКАОНИЈА

Иконија

Листра

Дерва

СРЕДОЗЕМНО МОРЕ

КИПАР

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели