ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/3 стр. 23-26
  • Откритие од поинаков вид на Бахамите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Откритие од поинаков вид на Бахамите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Откритие од поинаков вид
  • Љубезниот одѕив на островјаните
  • Подготвени за иднината
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/3 стр. 23-26

Откритие од поинаков вид на Бахамите

КАКО камења по кои се гази преку плитката вода на азурно синото море помеѓу Флорида и Куба, Бахамите привлекоа невидено внимание кај светските медиуми во 1992. Зошто? Затоа што повеќето авторитети сметаат дека Бахамите биле првото копно кое го забележал Кристифор Колумбо на своето историско патување во 1492, кога ја открил Америка. Петстогодишнината, или 500-тата годишнина од Колумбовото слегување од бродот на 12. октомври доби меѓународно внимание.

И покрај сето тоа, треската по повод петстогодишнината не помина без клеветници. Говорејќи на 23. Национална конференција на црните адвокати, Џон Кари (професор по меѓународни студии) наводно рекол дека Колумбо „предизвикал бран на смрт на Карибите“ (The Nassau Guardian).

Денес, никој од 250.000-ното домородечко население на Бахамите не може да ја потврди својата крвна врска со мирољубивите жители коишто Колумбо ги сретнал и ги опишал како „луѓе со складно градени тела и многу убави лица“. Што се случило со тие островјани? Книгата A History of the Bahamas одговара: „Помеѓу 1500 и 1520, сите жители на Бахамите, можеби околу 20.000 Лукајци, биле одведени“ како робови да работат во шпанските рудници на злато на Еспањола.

Така раселени, Бахамите биле „повторно откриени“ прво од страна на британските, а подоцна од поголеми групи на „лојалисти“. Вториве воглавно биле поседници на плантажи во северноамериканските колонии. Лојални на британската круна, тие побегнале од војната за независност која се разгорувала на континентот. Денешните Бахамци првенствено се потомци на тие колонисти и нивните робови. Откако биле ослободени, мнозина од робовите ги задржале имињата на своите поранешни господари.

Откритие од поинаков вид

Скоро е сигурно дека Колумбо себеси се сметал за некој вид мисионер. Наводно тој рекол: „Бог ме направи гласник на новото небо и новата земја. . . . Тој ми покажа каде да ја најдам“. Сепак, опустошувањето кое уследило покажало нешто друго. Праведните ‚ново небо и нова земја‘ што ги ветил Бог требало да причекаат на едно откритие од друг вид (2. Петрово 3:13).

Во 1926 на Бахамите пристигнаа Едвард Мекензи и неговата сопруга. За разлика од откривачите пред нив, оваа скромна двојка од Јамајка дојде во потрага по луѓе со чесни срца на кои би можеле да им дадат богатство. Тие беа првите кои требаше на Бахамите да им ја донесат добрата вест за Божјето Царство (Матеј 13:44; 24:14). Подоцна истата година им се придружија двајца други Јамајканци, Кларенс Волтерс и Рејчл Грегори. До 1928 на Бахамите имаше седум објавители. Четири години тие се трудеа да им ја проповедаат добрата вест на островјаните.

Потоа дојде Е. П. Робертс, динамичен говорник од Тринидад. Неговите јавни предавања во познатите сали за состаноци многу придонесоа да се разоткријат лажните верувања и ги поттикнаа срцата на мнозина со библиската вистина. На еден од тие состаноци, во публиката фасцинирано седеше и Доналд Оскар Мари, подоцна нагалено познат како Д. О. На крајот тој го презеде водството во делото.

Мисионерката Ненси Портер добро се сеќава како Д. О. Мари ги изговарал своите горливи молитви за помош во делото на проповедање. Во 1947, Ненси и нејзиниот сопруг, Џорџ, заедно со уште двајца други, станаа први мисионери на Бахамите испратени од страна на Друштвото Стражарска кула. Таа се сеќава: „Мислам дека никогаш нема да го заборавиме првиот состанок што го посетивме. Имаше околу девет или десет присутни. Брат Мари беше претседавач и го отвори состанокот со молитва, благодарејќи му на Јехова за доаѓањето на мисионерите. Беше потребна помош, рече тој, и ‚толку долго се молевме за поддршка‘. Друштвото вети дека ќе испрати помош, и сега ние бевме тука. Молитвата беше толку трогателна што нѐ натера да почувствуваме да сакаме да останеме и никогаш да не заминеме“. Сега, околу 45 години подоцна, и покрај смртта на нејзиниот сопруг, сестра Портер сѐ уште им ја носи утешната порака на Царството на островјаните.

Особено од 1947, во делото на проповедање на Царството на Бахамите многу помогнаа полновремените слуги и другите кои ги посетуваа островите со брод. Тие често мораа да пловат помеѓу подмолните песочни наноси и гребенестите плитки места, а потоа да газат кон брегот за да ја донесат добрата вест до оддалечените населби. Тие први напори донесуваат род дури и ден-денеска.

Во 1950 се случи пресвртница. Во декември таа година Натан Х. Нор, тогашниот претседател на Друштвото Стражарска кула, и неговиот секретар, Милтон Г. Хеншел, за првпат ги посетија Бахамите. Нор им говореше на 312 лица начичкани во Mother’s Club Hall, мала дрвена зграда што се наоѓаше на Jail Alley. Беа присутни мнозина познати луѓе, вклучувајќи еден член на парламентот и издавачот на еден дневен весник. Таа вечер брат Нор најави дека на Бахамите ќе биде основана подружница на Друштвото.

Љубезниот одѕив на островјаните

Љубезните луѓе на Бахамите воглавно ја слушаат пораката на Царството. Сепак, предизвик е да се достигнат сите тие. Зошто? Па, иако повеќето луѓе живеат во главниот град Насау и на соседниот остров Велика Бахама, другите се раштркани на 15 поголеми острови и на некои од 700-те островчиња и атоли кои ја сочинуваат оваа островска група.

Увидувајќи ја потребата, сѐ поголем број на месни Сведоци и многу други од разни краишта се преселија во малите островски заедници за да го помогнат делото на проповедање. За пофалба е што тоа го сторија по значителни лични жртви и трошоци. Но нивните напори се обилно наградени.

Една млада двојка се пресели на големиот остров Андрос. Еден ден, проповедајќи од куќа до куќа, сретнале некој имигрант од Хаити. Такви поединци на Бахамите ги има на илјадници. Човекот спремно прифатил домашна библиска студија. Со студијата започнале уште истата вечер, користејќи англиски и француски примероци на книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Следната вечер за првпат присуствувал на христијански состанок. Наскоро човекот се откажал од пушењето, брзо напредувал и почнал да учествува во делото на проповедање.

Утрото кога овој човек требало да биде крстен, добил снимена касета од своето семејство на Хаити, иако пет години ништо не слушнал за нив. Што имале да му кажат? Му раскажале дека станале Јеховини сведоци. Објасниле дека сестра му веќе била општ пионер, односно полновремен проповедник, и го подбудувале да ги пронајде Јеховините сведоци и да ја проучува Библијата со нив. Излишно е да се каже дека човекот тој ден се крсти со полна доверба дека ја прави исправната работа.

Одушевувачките одѕиви како овој ги охрабрија срцата на месните Сведоци. Сѐ поголем број од нив стапуваат во делото како полновремени евангелисти, и тоа придонесе за порастот. Така во 1988 бројот на објавители на Царството на Бахамите достигна 1.000. Денес, во 19 собранија има околу 1.300 објавители на Царството, практично на сите поголеми острови.

Подготвени за иднината

Поради нивниот броен пораст, Сведоците имаа тешкотија да најдат достапни простории кои ќе бидат доволно големи за нивните годишни конгреси. На одделни острови требаше да се одржат два конгреса за да се собере мноштвото. Затоа, беа направени планови за изградба на конгресна сала, како и нова подружница. Работата започна во декември 1989. Стотици меѓународни и месни доброволци работеа на проектот „со сета душа како за Јехова“ (Колосјаните 3:23, NW).

Без сомнение, најголемиот и најсреќен собир на Сведоците на Бахамите до ден-денеска беше на отворањето на новата подружница и на конгресната сала на 8. и 9. февруари 1992. Учеството стануваше сѐ поголемо додека браќата на сите делови од островите правеа подготовки за настанот. Времето беше необично студено, а ноќта пред програмата на свеченото отворање врнеше дожд. Но ништо не можеше да ја намали радоста на развеселеното мноштво од 2.714 души кога Џон Е. Бар, член на Водечкото тело на Јеховините сведоци, го одржа говорот по повод отворањето, под наслов „Песната на теократскиот раст“.

Срцата им беа исполнети со благодарност до небесниот Татко, Јехова Бог, за приликата на ваквата радост и возбудување. Присутните беа уште повеќе решени да ја применат својата полна енергија во духовното образовно дело коешто и доведе до физичкото проширување.

Дали откритието на Колумбо било пресвртница на добро за овие островјани, останува уште да се дебатира. Сепак, Јеховините сведоци на Бахамите се обединети во нивната благодарност до Бог што им дава објавители на Царството чијшто дух на самопожртвуваност ги мотивира храбро да му се спротивстават на непознатото и да ја донесат славната добра вест во порано неоткриените духовни води. Нивното дело и „откритие“ доведе до духовно богатство кое во очите на сите трагачи по вистината на Бахамите е непроценливо.

[Карта/слики на страници 24 и 25]

(Види во публикацијата)

Велика Бахама

Абако

Андрос

Њу Провиденс

Насау

Ељутера

Кет

Велика Ексума

Рум Кај

Сан Салвадор

Лонг

Кривулест Остров

Аклин

Мејагвана

Мала Инагва

Велика Инагва

КАРИПСКО МОРЕ

ФЛОРИДА

КУБА

[Слики]

Проповедање на Пазарот за слама

Прегазување на крајбрежните води за да се сподели добрата вест

Подружницата е сместена на еден рид кој има поглед на конгресната сала

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели