ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/11 стр. 24-25
  • Пружање на разбирање во Намибија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пружање на разбирање во Намибија
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Доаѓа до пресвртница
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/11 стр. 24-25

Пружање на разбирање во Намибија

НА КОЛКУ јазици си го слушнал изразот: „Не знам“? „Хи нокутува“ — рече една госпоѓа од племето Хереро, облечена во својот традиционален долг фустан и со покривало на главата во вид на рог. „Нги удите ко“ — одговори со насмевка девојката од племето Кванјама. „Кандивите ко“ — одговори еден Ндонга селанец, кревајќи ги рамениците. „Капи на кузува“ — забележа еден Квангали козар.

Сите овие поединци рекоа: „Не знам“. Колку добро ова илустрира дека Јеховините сведоци во Намибија се соочувале со огромни јазични проблеми кога се обидувале да ги достигнат 1.370.000 жители на ова огромно подрачје од околу 824.000 квадратни километри!

Не е ни чудо! Не само племињата Хереро и Нама, туку и племињата Овамбо, Каванго, Цвана, Капривијан, Химба, Бушман и Дамара од Намибија имаат свои јазици. Наспроти тоа, Јеховините сведоци беа опремени со библиска литература на англиски и африканс. Јасно, за што повеќе луѓе да ја разберат вистината, пресудна беше преведувачката работа. Тоа започна многу скромно пред многу години во Виндхук, главниот град на тогашна Југозападна Африка.

„Во Виндхук, црквата и полицијата остро се противеа на нашето дело на сведочење“ — се сеќава Дик Валдрон. Заедно со својата сопруга Корали, тој дојде во оваа земја во 1953 како апсолвент на Библиската школа Гилеад на Друштвото Стражарска кула. „Не ни дозволуваа да одиме во подрачјата каде што живееше црното население, и понекогаш нѐ малтретираа кога ќе нѐ видеа дека зборуваме со црнци. Најпосле најдовме едно место каде што бевме оставени на мира — сувото корито на реката Гаманс! Тоа беше веднаш до градот. Зад багремовите грмушки, скриени од погледите на луѓето водевме библиски студии“.

Исто така на тоа место најпрво беа преведувани публикации на Watch Tower на локалните јазици. Во нив спаѓаа неколку трактати на јазикот кванјама и брошурата „Оваа добра вест за Царството“ (This Good News of the Kingdom) на јазикот нама. Брат Валдрон се сеќава на едно занимливо искуство во врска со оваа брошура во чие преведување помагал еден интересент. Не можело да се најде еквивалент на јазикот нама за реченицата: „Адам беше совршен човек“. Затоа интересентот рекол: „Само ти напиши дека Адам бил како зрела праска. Луѓето од племето нама ќе разберат дека тој бил совршен“. Ете, така почна да им се пружа разбирање на Светото писмо на мнозина меѓу домородците во Намибија. (Спореди Даниил 11:33, NW)

Доаѓа до пресвртница

Пресвртница настана во раните 1970-ти години кога на јазиците ндонга и кванјама беше преведена книгата Вистина која води до вечен живот. Ова се двата главни јазици што ги зборуваа повеќето Намибијци во Овамболанд, кој е сместен на околу 700 километри северно од Виндхук. Тогаш беше основан пионерски дом во Ондангва, населба во Овамболанд. За да им се помогне на заинтересираните луѓе на ова подрачје да извлечат корист од седмичната библиска дискусија темелена на Стражарска кула, на специјалните пионери, коишто служеа во Овамболанд, им беше доделено да преведат кратка содржина од англиските студиски статии на јазиците ндонга и кванјама.

Преведувачката „канцеларија“ беше еден преграден агол од една гаража каде што на еден стар умножувач се правеа копии од преведениот материјал на Стражарска кула. Не беше лесно човек да се концентрира на оваа тешка работа затоа што условите беа прилично примитивни, а летните температури просечно изнесуваа меѓу 38 и 44 °С. Сепак, токму тука беа преведени новите брошури и книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата.

Откако беа формирани собранија во Овамболанд и на други места, одѕивот беше толкав што беа потребни поголеми и подобри простории. Покрај тоа, беше пожелна локација која би била некако на средина, за да може да им се посвети внимание на потребите во другите делови од земјата. Во меѓувреме, предрасудите спрема делото на проповедање на Царството се намалија. Така беше добиена дозвола да се почне со изградбата која се изведе на едно големо парче земја што го даруваше еден Јеховин сведок во Виндхук. Наскоро, преку 40 доброволни работници беа сместени близу градилиштето и, во декември 1990, преведувачките канцеларии беа завршени.

Сега, во комфорните канцеларии и соби во оваа модерна зграда, делото на пружањето на разбирање до мнозина оди брзо. Постојано се преведува нова литература на хереро и квангали. Што се однесува до ндонга и кванјама, сега излегува двојазично месечно издание на Стражарска кула во боја. Тоа ги содржи сите студиски статии како и друг материјал. Секако, ова далеку се разликува од малиот почеток во сувото речно корито пред многу години.

Изразот „не знам“ сега ретко се слуша. Наместо тоа, преку 600 Сведоци на Јехова во Намибија чувствуваат длабока благодарност кон својот небесен Татко и, денес, можат да речат: „Зборовите твои кога ќе се јават, ги просветлуваат и ги вразумуваат простите (неискусните, NW)“ (Псалам 119:130, ДК).

[Слики на страница 25]

Објавување на добрата вест меѓу племето Хереро

Преведување на христијански публикации во корист на луѓето од Намибија

Преведувачки канцеларии во Намибија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели