ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/11 стр. 24-27
  • Добрата вест допира до селата на Јужна Африка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добрата вест допира до селата на Јужна Африка
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • „Неделно“ училиште во Зулу
  • Во правливите степи
  • Поглаварот издава наредба!
  • Радосно помагање на многумина кои ја бараат вистината
  • Плод на трудот
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/11 стр. 24-27

Добрата вест допира до селата на Јужна Африка

РАЗЛУТЕНИ толпи, полициски метеж, солзавец. Во последните години Јужноафриканските градови и места беа вознемирувани од такви раздори. Дури и прекрасните селски подрачја — кадешто живее повеќе од 40 % од населението — не беа поштедени од пустошењата на политичкото насилство. Меѓутоа, среде сето ова, Јеховините сведоци продолжија да ја објавуваат ‚добрата вест на мирот‘ (Ефесјаните 6:15, NW).

Веќе со години Сведоците спроведуваат една тромесечна кампања на проповедање особено наменета за селското население. На пример, во 1990 преку 12 000 објавители на Царството од 334 собранија зедоа учество во кампањата. Се разбира, мораа да се совладаат многу препреки за да се допре до тие расфрлени жители на Јужна Африка.

Помеѓу останатото, Сведоците мораа да излезат на крај со големата разновидност на култури и јазици. А колкава разновидна мешавина е тоа! На пример, овде има фармери кои зборуваат англиски и африканс, како и припадници на племињата педи, сото, цонга, цвана, венда, коза и зулу. Секоја група има своја особена култура и јазик. Исто така постојат големи оддалечености и тумбести патишта. Сето тоа бара дух на самопожртвуваност и значителен трошок на време и пари. Сепак, Јехова богато ги благослови напорите. Да ви раскажеме малку за тешкотиите и успесите на оваа единствена одлика на делото на проповедање. (Спореди Малахија 3:10.)

„Неделно“ училиште во Зулу

Во самото срце на суптропскиот Зулу лежи длабоката долина на реката Умвоти. Од стрмните карпи може да се видат групи од сламени Зулу колиби кои се протегаат во далечината. Една недела во 1984, двајца објавители на Царството дојдоа во долината по кривулестиот, правлив пат. Овде е толку е жешко и влажно што областа го носи прекарот Ква-Сатане (Сатанско место) — очигледно алудирајќи на лажната наука за пеколниот оган која потекнува од Ѓаволот!

Облеани со пот, браќата ѝ пријдоа на една жена по име Дорис, која водеше едно одделение на неделното училиште. Откако ја слушна веста за Царството, Дорис веднаш ги покани Сведоците да се обратат на нејзината група од околу 40 млади. Со каков резултат? Браќата се вратија следната недела со 70 примероци од публикацијата Моја књига библиских прича за користење во месното училиште. За само неколку седмици атмосферата во неделното училиште беше толку изменета што личеше на група за проучување на Библијата. Наместо црквени химни, се пееја Царски мелодии на африкански начин, со прекрасна природна хармонија. Наскоро групата порасна на преку 60 души. Еден брат објасни: „Какво радосно искуство беше учестувањето во преобразбата на ова неделно училиште во место на вистинско обожавање!“

Во правливите степи

Поради вмешаноста на црквата во политичкиот немир, многумина бели фармери се претпазливи или дури сомничави за кој и да е што им пристапува со библиската порака. Забележи го овој извештај од една група од Јоханесбург која патувала околу 640 километри за да ја проповеда добрата вест во еден предел на Трансвал.

„Патувавме на север преку брановидните степи скоро четири часа. На рамниот пат кој светулкаше под африканското сонце играше фатаморганата. Одеднаш, асфалтниот пат заврши и почна правлив пат, избразден и полн со дупки. Најпосле, една песоклива патека нѐ одведе до една фарма.

‚Доброутро, менеер [господине]‘, го поздравивме крупниот фармер.

‚...Утро‘, ни возврати грубиот глас. ‚Можам ли да ви помогнам?‘

Откако се претставивме, почнавме да му ја објаснуваме причината за нашата посета. Зборовите беа уште недоречени кога тој завреска: ‚Мојот свештеник ме предупреди на вас луѓе! Вие сте комунисти и антихристи. Чистете се од мојот имот, инаку..!

Расположението на фармерот покажуваше дека секој момент тој би можел да стане насилен. Бидејќи немавме никаков избор, одлучивме да заминеме и да ‚го истресеме правот од своите нозе‘ (Матеј 10:14). А имаше доволно прав да го сториме тоа и буквално.

На следната фарма одговорот беше ист. Тогаш заклучивме дека локалната телефонска линија беше „вжештена“ од холандскиот реформаторски свештеник, кој по телефон го предупредуваше ‚своето стадо‘ на ‚опасноста‘ која се закануваше во соседството. Најпосле сретнавме еден фармер кој, иако не беше лично заинтересиран, рече: ‚Да, можете да зборувате со моите работници‘.

Токму тоа и го чекавме. Покрај неколку багремови дрвја беа насобрани неколку мали скромни колиби од печена земја. Ги чувствувавме љубопитните скриени погледи од колибите додека ги редевме куповите со литература на хаубата од нашиот автомобил. Еден куп со Библии, еден со книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, еден куп со Мојата книга со библиски приказни и разни брошури кои го надополнуваа излогот. Едно од месните момчиња отрча да ги извести селаните за нашето доаѓање. Наскоро толпа од околу триесетина луѓе се собира околу колата да ја чуе пораката.

Им пуштивме снимена проповед на јазикот цвана. Колку беа среќни овие луѓе што ја слушнаа добрата вест за Божјето Царство и надежта за рајот на свој јазик! Весело прикажуваа додека им ги нудевме публикациите. За кратко време одвај успевавме со делењето литература. Еден стар човек дури ни понуди пари да го купи касетофонот. Се чувствувавме длабоко трогнати додека гледавме како изразуваат ценење за добрата вест со многу мали гести — со срамежлива насмевка, допир или нежно ‚благодарам‘.

Спонтано децата формираа неправилна редица и пееја традиционална проштална песна. Наеднаш, правливите, избраздени патишта и понекогаш негативните реакции избледуваа до безначајност. Се исплати секој наш труд.

Поглаварот издава наредба!

Едно собрание од Совето имаше задача да проповеда во племенската област близу источниот град Пит Ретиф. Таму е обичај посетителот прво да ја пријави својата работа кај индуна (поглаварот) на областа. Браќата се согласија со тој договор. Колкаво изненадување беше кога поглаварот топло ги пречека и дури им понуди сместување во својот дом! Освен тоа, го употреби својот службен печат и напиша препорака за објавителите за да ја носат со себе од врата до врата. Во неа пишуваше: „Ова се проповедници на Божјето Царство. Примете ги во својот дом, и слушајте ги“.

Одзивот беше толку голем што Сведоците направија подготовки да одржат јавно предавање кое беше изнесено во дворот на куќата на поглаварот истата недела попладне. „Салата“ под отворено небо беше исполнета до последно место, а состанокот започна и заврши со песна и молитва. Слични искуства со поволно настроени луѓе имаше и во други селски подрачја.

Една таква личност беше Натаниел од малото село Питседисулејанг во областа Бопутацвана којашто беше погодена од суша. Тој беше општински претприемач вклучен во програмата за поучување на луѓето како можат делотворно да одгледуваат свежи плодови. Сонуваше за тоа да го претвори ова јалово место во рај. Но кога дозна дека наскоро треба да дојде земски рај, очите му заблескаа. Желно го запиша секој стих којшто објавителите му го покажаа. Натаниел брзо дојде во контакт со најблиското собрание, оддалечено околу 30 километри.

Радосно помагање на многумина кои ја бараат вистината

„Јехова ни покажа дека сиромаштвото не може да ги спречи духовно гладните лица да ја запознаат вистината“, вели Моника, пионерка, односно полновремена објавителка на Царството. Таа беше една од групата пионери која проповедаше од фарма до фарма преку отворените рамници на Орање во централниот дел на земјата. Како се чувствуваа пионерите додека се трошеа себеси во носењето на добрата вест до овие луѓе? „Кој може да ја процени вредноста на она што го доживеавме?“, одговорија тие. Навистина, пионерите беа богато духовно наградени за своите напори.

Дури и неспособноста за читање не ги спречува духовно гладните лица да ја научат библиската вистина. Добро илустрираната брошура Радувај се засекогаш на животот на Земјата! е особено добро прифатена од оние кои се неписмени или кои едвај читаат. Стари и млади еднакво се воодушевени од разнобојните слики на Рајот. Еден полновремен работник кој помага во печатењето на таков материјал забележа: „Оваа брошура им помага на луѓето да гледаат на рајот како на реалност и ја зголемува нивната природна почит и стравопочитување кон Библијата“.

Од истата причина и публикацијата Мојата книга со библиски приказни е неизмерно популарна. Во зафрлената племенска област Лебова две наши духовни сестри биле изненадени кога откриле дека еден стар, делумно слеп човек и неговата жена имаат примерок од оваа книга на јазикот сепеди. Тие двајцата ја користеле книгата како учебник за поучување на децата во нивното место. Всушност, тие толку добро ја проучиле и потцртале книгата што почнала да се распаѓа. Колку биле воодушевени кога добиле нов примерок!

На тој начин вистинските христијански публикции ги задоволуваат големите потреби за помагање на оние кои гладуваат по вистината. Интересно е дека голем дел од печатениот материјал на многу локални јазици во Јужна Африка е произведен од Друштвото Стражарска кула. Само во 1990 во селските подрачја на Јужна Африка беа растурени 113 529 книги, брошури и списанија.

Плод на трудот

Дали овие убави искуства и раздадената литература произвеле траен плод во селските подрачја на Јужна Африка? Навистина да. Од 1989 биле формирани четири собранија и девет изолирани групи како непосреден резултат од објавувањето на добрата вест во Јужна Африка. Привремени посебни и општи пионери го воделе големиот дел од тоа дело.

Дали се сеќаваш на Дорис и нејзиното неделно училиште во оддалечената долина во Зулу? Денес таа е предаден, крстен Сведок на Јехова. Освен тоа, таму има една напредна група од девет објавитела на Царството која постојано духовно напредува. Многумина нови присуствуваат на состаноците што се одржуваат во домот на Дорис, а седум лица со коишто таа водеше библиски студии, се крстија на обласниот конгрес кој се одржа во Дурбан во декември 1990.

Таквиот плод е радосен подстрек за објавителите на Царството во Јужна Африка. Тие ги земаат при срце зборовите од апостол Павле: „Додека имаме поволна прилика, да им правиме добро на сите“ (Галатјаните 6:10, Ст). Да, Јеховините слуги се решени да допрат до сите луѓе со искрени срца, вклучувајќи ги оние кои живеат во селските подрачја на овој „крај на земјата“ (Дела апостолска 1:8, ДК).

[Карти/слики на страница 24]

(Види во публикацијата)

Лебова

ТРАНСВАЛ

Совето

Пит Ретиф

Бопутацвана

ОРАЊЕ

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели