ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/3 стр. 14
  • ”Овците го слушаат неговиот глас“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ”Овците го слушаат неговиот глас“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Конечно слушнал
  • Молитвите на една богобојазлива жена се сослушани
  • Каде да се најде утеха
    Учи од Големиот Учител
  • Добриот пастир и трлата
    Исус — патот, вистината и животот
  • Среќен сум што сум пастир
    Разбудете се! 2011
  • Посети ја земјата, посети ги овците!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/3 стр. 14

Објавителите на Царството известуваат

”Овците го слушаат неговиот глас“

◻ ИСУС рекол: ”Овците го слушаат Неговиот глас [на пастирот], и тој ги вика своите овци по име; и ги изведува.“ (Јован 10:3, СПМ). Понатаму додал: ”Јас ги познавам моите овци и моите овци ме познаваат мене.“ (Јован 10:14, Нов свет превод со објаснувања). Луѓето слични на овци го слушаат Исусовиот глас додека тој им зборува преку Библијата. Забележи како две лица со искрени срца од Италија го следеле тој повик.

Конечно слушнал

◻ Алберто пишува: ”Имав 16 години кога почнав да пушам марихуана и да земам ЛСД, а на 18 продолжив да земам хероин. За да дојдам до дрога правев сѐ што можеше да се замисли. Крадев, препродавав дрога, мамев, продадов сѐ што имав. Едноставно не можев да се сопрам. Одморите во странство, долгите периоди поминати на село или политичкото вплеткување со екстремни групи во борбата против неправдата - ниту една од тие работи не ми помогна. Се обидов и со брак, но по кусо време се вратив таму од кадешто почнав. Дури ниту раѓањето на ќеркичката не ме сопре во земањето дрога. Всушност, состојбата стануваше сѐ полоша бидејќи ми требаа сѐ повеќе пари. Сопругата ме напушти, и за две години кои ги поминав сам, само два пати ја видов својата ќеркичка. Бев во бегство и од растурачите на дрога на кои им должев пари, а честопати и страдав поради симптомите предизвикани од недостигот на дрога.

Во меѓувреме се сетив на книгата што ми ја оставија Јеховините сведоци неколку години порано. Сѐ уште ја имав кај мене па почнав да ја читам заедно со Библијата. На тој начин го запознав вистинскиот Бог, Јехова, и го молев да ми помогне. Додека постепено ги применував работите што ги учев, симптомите на зависноста стануваа сѐ побезболни. Најдов работа, и со Јеховина помош моето семејство повторно се врати кај мене. Отидов во Царската сала и таму конечно сфатив дека Јеховините сведоци ја поседуваат вистината. Повторно обединети, јас и мојата сопруга ја студиравме Библијата со Сведоците и најпосле се крстивме. Колку е голема сега нашата радост кога ја споделуваме нашата надеж со другите како пионери во полновремената служба.“

Молитвите на една богобојазлива жена се сослушани

◻ Една жена раскажува: ”Во 1958 година бев активно вклучена во активностите на црквата, особено во посетувањето на светилиштето на Мајката на Божествената љубов во Рим. Со тек на времето станав блиска пријателка со кардиналот кој беше римски црковен намесник, и водев повеќе приватни разговори со Папата Павле VI и Јован Павле II. По 25 години организирање на посети на свети места, добив повелба за заслуги. Сепак, мојата вера како ревносен католик постепено почна да слабее. Забележував кражби, измами, непотизам и невообичаена трговија. Почнав да гледам на црквата со други очи кога сфатив дека Божјиот закон многу често се кршеше. Таквите работи длабоко ме вознемируваа и го молев Бог да ми помогне, бидејќи чувствував како ја губам верата. Честопати плачев.

Пред четири години син ми ми донесе неколку примероци на Стражарска кула и Пробудете се! кои ги добил од Јеховините сведоци. Списанијата беа толку интересни што го замолив да ми донесе уште. Набргу потоа ја пронајдов Царската сала на Јеховините сведоци и на вратата им оставив порака со молба некој да ме посети. Сведоците дојдоа по четири дена. Започнавме библиска студија и напредував до крштение. Сега сум сигурна дека конечно го пронајдов она што го барав сиот свој живот — вистината.“

Овие поединци го слушнале гласот на Добриот Пастир, Исус Христос, и ’вистината ги ослободила‘ (Јован 8:32).

[Извор на слика на страница 14]

Гаро Налбандиан

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели