ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lc стр. 2-3
  • Во што веруваш ти?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во што веруваш ти?
  • Дали животот е Божје дело?
  • Поднаслови
  • Која е целта на оваа брошура?
Дали животот е Божје дело?
lc стр. 2-3
Девојче гледа во пеперутка

Во што веруваш ти?

Некои верски групи многу буквално ја толкуваат Библијата и веруваат дека Земјата и сѐ на неа било создадено пред само неколку илјади години, во период од шест дена од по 24 часа. Некои атеисти, пак, ќе те уверуваат дека Бог не постои, дека Библијата е книга со бајки и дека животот е производ на случајни, неконтролирани настани.

Повеќето луѓе веруваат во нешто што е помеѓу овие две крајности. Тоа што ја читаш оваа брошура покажува дека веројатно и ти си еден од нив. Можеби веруваш во Бог и ја цениш Библијата. Но, можеби го почитуваш и мислењето на учените и влијателни научници кои не веруваат дека животот е Божје дело. Ако си родител, можеби си во недоумица што да им кажеш на своите деца кога ќе те прашаат дали животот настанал со еволуција или, пак, нѐ создал Бог.

Која е целта на оваа брошура?

Целта на оваа публикација не е да ги исмее гледиштата ниту на оние што строго се држат за буквалното толкување на Библијата ниту на оние што не веруваат во Бог. Напротив, се надеваме дека оваа брошура ќе те поттикне да преиспиташ на што се темелат некои твои верувања. Во неа е дадено објаснување за библискиот извештај за создавањето какво што можеби досега не си чул. Исто така, истакнува зошто е важно што веруваш во врска со потеклото на животот.

Ќе веруваш ли во тврдењата на оние што велат дека не постои мудар Творец и дека не може да ѝ се верува на Библијата? Или ќе испиташ што, всушност, вели таа? Во чии учења можеш да имаш доверба — во учењата на Библијата или во учењата на еволуционистите? (Евреите 11:1). Зошто не ги разгледаш фактите?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели