ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/11 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Паѓа довербата во црквата
  • Невработени академски граѓани
  • Мост кородира од плунка
  • Зошто црквата го губи влијанието?
    Разбудете се! 1996
Разбудете се! 2011
g 3/11 стр. 29

Поглед во светот

Во Италија е одржан првиот саем за развод. Посетителите на саемот можеа да побараат најразлични услуги — од агенциите за склопување брак да најдат брачен партнер, од туристичките агенции да им организираат одмор за самци и од агенциите за планирање развод да им најдат адвокати, сметководители, психолози и посредници за развод (CORRIERE DELLA SERA, ИТАЛИЈА).

Сѐ повеќе „паѓа угледот“ на католичката црква поради „начинот на кој се справува со скандалите поврзани со сексуална злоупотреба од страна на нејзините свештеници“. Како резултат на тоа, таа минува низ „најголемата криза во последниве векови, а можеби и од самото свое постоење“ (NATIONAL CATHOLIC REPORTER, САД).

Научниците кои ја анализираа ДНК добиена од замрзнато влакно на Гренландец кој умрел пред околу 4.000 години, сметаат дека „тој најверојатно потекнува од Сибир“ (НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „РОЈТЕРС“, САД).

Паѓа довербата во црквата

„Поголемиот број луѓе веќе немаат доверба во [католичката] црква“, гласи еден наслов во The Irish Times. Извештајот ја става католичката црква во иста категорија со другите институции во кои повеќето Ирци изгубиле доверба — владата и банките. Во оваа земја, каде што црквата отсекогаш била високо почитувана, повеќе од половина од интервјуираните во една неодамнешна анкета изјавиле дека или „воопшто“ немаат доверба во црквата (32 отсто) или дека „немаат вистинска“ доверба во неа (21 отсто). Вината за „разнишаната“ доверба на јавноста се припишува на скандалите кои неодамна ја потресоа црквата.

Невработени академски граѓани

Дали високото образование е гаранција за вработување? Според весникот Manila Bulletin, за многумина не е. Во него е цитиран Херберт Баутиста, градоначалникот на Кезон Сити, кој вели: „Секоја година, од нашите факултети излегуваат милиони дипломци кои едноставно се вбројуваат во групата на невработени бидејќи на пазарот на труд нема слободни места за нивната струка“. Многумина работат како чиновници или во рестораните за брза храна. Владата ги поттикнува матурантите да се запишат на кратки курсеви на кои се стекнуваат практични или технички вештини со кои е полесно да се најде работа.

Мост кородира од плунка

Во Калкута (Индија), плунката на минувачите претставува закана за мостот Ховар, кој е долг 457 метри. Зошто? Мешавината од бетелов лист, орев од арека и гасена вар, позната како гутка, што многумина ја џвакаат и плукаат, е многу корозивна. Според весникот The Telegraph од Калкута, „од 2007 год. наваму, плунката од минувачите ги истенчила челичните облоги што ги штитат столбовите [на мостот] од 6 на 3 милиметри“. Секој ден, овој мост го преминуваат околу 500.000 пешаци и 100.000 возила.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели