ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/07 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Земјотреси предизвикани од човечки фактор?
  • Католицизмот во Франција
  • Пречки во говорот кај децата
  • Суеверието — превентивна мерка во Јапонија
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 1996
  • Закана од нови силни земјотреси
    Разбудете се! 2010
  • Духовни вредности — каде одат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 12/07 стр. 29

Поглед во светот

◼ Во 2006 год., „167 новинари и членови на помошниот персонал“ како, на пример, возачи и преведувачи, „загинаа во обид да известат за најновите настани“. Повеќето известуваа за настани поврзани со криминал, корупција или локални судири, а 133 од нив беа убиени (INTERNATIONAL NEWS SAFETY INSTITUTE, БЕЛГИЈА).

◼ Секоја година се произведуваат од 10 до 14 милијарди куршуми, што е „доволно секој човек на планетата да биде застрелан двапати“ (ROYAL MELBOURNE INSTITUTE OF TECHNOLOGY, АВСТРАЛИЈА).

Земјотреси предизвикани од човечки фактор?

Според еден извештај во весникот Die Zeit од Германија, од 19 век наваму, повеќе од 200 силни земјотреси биле резултат на човечката активност. Половина од нив настанале поради рударската индустрија. Други можни причини се: црпење на изворите на природни гасови, нафта или вода; вбризгување течности во длабоки бунари и создавање на големи вештачки езера. Научниците сметаат дека причина за земјотресот што во 1989 год. го погоди Њукасл (Австралија), во кој животот го изгубија 13 лица, а 165 беа повредени и беше причинета материјална штета од 2,6 милијарди евра, е подземното ископување на јаглен. Се проценува дека штетата што ја предизвика овој земјотрес е поголема од вкупниот приход на рударската индустрија во Њукасл од нејзиното основање пред два века па сѐ до денес.

Католицизмот во Франција

Во 1994 год, 67 отсто од луѓето во Франција се изјасниле како католици. Според списанието Le Monde des Religions, оваа бројка денес е 51 отсто. Според резултатите од една анкета, половина од католиците во Франција одат на црква само во посебни прилики како, на пример, за свадби. Иако 88 отсто тврдат дека напамет ја знаат молитвата Оченаш, 30 отсто никогаш не се молат. Речиси секое второ католичко семејство има Библија, што не мора да значи и дека ја чита.

Пречки во говорот кај децата

„Сѐ повеќе деца почнуваат да зборуваат доцна и имаат многу мал фонд на зборови затоа што возрасните не им зборуваат“, пишува во полското списание Wprost. Во просек, мајките поминуваат по 30 минути дневно со своите деца, а татковците „само седум минути“. Поради тоа, секое 5-то дете „има пречки во развојот на говорот само затоа што родителите не им обрнуваат внимание“. Михал Битњок, логопед и професор по лингвистика на Шлескиот Универзитет, предупредува: „Ако на овие деца не им се укаже стручна помош доволно рано или никогаш не им се укаже таква помош, поради пречките во говорот ќе имаат проблеми на училиште и воопшто во животот“.

Суеверието — превентивна мерка во Јапонија

Нелегалното фрлање отпад на државно земјиште е голем проблем во Јапонија. Дење постојано се патролира, но без успех. Луѓето го фрлаат ѓубрето ноќе. За да го спречат тоа, локалните власти се служат со суеверие. Тие поставуваат тории, односно црвени дрвени порти, какви што има на влезот на шинтоистичките светилишта. „Замислата е прилично едноставна“, стои во весникот IHT Asahi Shimbun. „Повеќето луѓе ги сметаат ториите за нешто свето и се плашат дека ќе ги снајде несреќа ако фрлат ѓубре во нивна близина.“ Очекувањата се исполнија — луѓето не го оставаат отпадот во нивна близина. „Но, само неколку чекори понатаму, сликата е сосема поинаква“, пишува во весникот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели