ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/06 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дванаесет години в затвор — зошто?
  • Интернетот закана за живиот свет?
  • Еколошко централно греење
  • Шпагети стари четири илјади години
  • Течното злато од Медитеранот
    Разбудете се! 2008
  • Плодна маслинка во Божјиот дом
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Радувај се! — бочвите се прелеваат од масло
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • ,О длабочино на Божјата мудрост!‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Разбудете се! 2006
g 10/06 стр. 30

Поглед во светот

◼ „Насилството што се прикажува во медиумите и агресивноста [кај тинејџерите] се речиси исто толку силно поврзани како што се поврзани пушењето и ракот на белите дробови“ (THE MEDICAL JOURNAL OF AUSTRALIA).

◼ Најдени се докази кои покажуваат дека е можно лилјаците што се хранат со овошје и кои служат како храна во некои делови на Африка, „да се природен инкубатор на вирусот на ебола“ (MACLEANS, КАНАДА).

◼ Податоците од канцеларијата на јавниот правобранител во Мексико покажуваат дека во последниве осум години, најмалку 130.000 деца во таа земја биле киднапирани за да бидат продавани, за да се искористуваат за секс или за работа, или за да им се извадат и продаваат органите (MILENIO, МЕКСИКО).

Дванаесет години в затвор — зошто?

Последниве 12 години, тројца Јеховини сведоци се во затвор во Сава (Еритреја, источна Африка). Против нив не било покренато никакво обвинение и никогаш не биле судени. Не им е дозволено да имаат посета, дури ни од членовите на семејството. Зошто? Одбиваат да служат војска. Еритрејскиот закон не дозволува одбивање на воена служба поради приговор на совеста. Кога младите момчиња ќе ги уапсат, ги држат во еден воен логор, каде што честопати сурово се тепани и малтретирани на разни начини.

Интернетот закана за живиот свет?

„Дали Интернет го забрзува истребувањето на африканскиот слон?“, прашува весникот The New York Times. Некои поборници за заштита на животните сметаат дека тоа е вистина и дека се загрозени и многу други видови. Се вели дека незаконската трговија преку Интернет се зголемува како што се зголемува и употребата на самиот Интернет. Во период од три месеци, беа набљудувани веб-страници на англиски и беше откриено дека на нив има „преку 6.000 работи поврзани со диви животни што се продаваат незаконски или на сомнителен начин“, меѓу кои и оклопи од желки, скулптури од слонова коска, па дури и живи црни леопарди.

Еколошко централно греење

„Пристигна централното греење што работи на семки од маслинки“, извести шпанскиот весник El País. Со овој извор на енергија се затоплуваат и добиваат топла вода најмалку 300 домови во Мадрид. Како гориво, семките од маслинки се ефтини и чинат 60 отсто помалку отколку нафтата и 20 отсто помалку од јагленот. Не ја загадуваат средината, зашто во текот на горењето се ослободува исто количество јаглерод диоксид како и при природното распаѓање. Друга предност е тоа што ова гориво е лесно достапно. Семките од маслинките се отпад што останува откако ќе се извади масло од маслинките, а Шпанија се смета за најголемиот производител на маслиново масло во светот.

Шпагети стари четири илјади години

Научниците велат дека ги пронашле, како што тврдат, „најстарите шпагети во светот“, се вели во весникот The New York Times. Шпагетите се тенки, жолти, долги 50 сантиметри и се направени од просо што го има во Кина. Биле најдени во еден херметички затворен земјен ќуп под три метри дебел слој од речен талог во близина на реката Хоангхо, во северозападна Кина. Според списанието Nature, тоа место веројатно било уништено во земјотрес и во „катастрофални поплави“ пред околу 4.000 години. Што се однесува до полемиките во врска со тоа дали шпагетите потекнуваат од Италија, од Блискиот Исток или од Ориентот, еден од оние што го пронашле ќупот, Хојуан Лу од Кинеската академија на науките, според весникот Times, вели: „Ова истражување покажа дека најпрво во Кина се произведувале шпагети“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели