ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/8 стр. 20-21
  • Колку е значајна 2000-та година?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Колку е значајна 2000-та година?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Јехова, Контролорот на времето
  • „Кога ќе бидат овие работи?“
  • Кога започнува третиот милениум?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • 2000 — значајна година?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Прерано или предоцна?
    Разбудете се! 2000
  • Имај доверба во Јехова, кој ги одредува „времињата и раздобјата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/8 стр. 20-21

Гледиште на Библијата

Колку е значајна 2000-та година?

ПОВЕЌЕТО луѓе не му придаваат апсолутно никакво религиозно значење на она што во западните земји, како и во многу други земји, ќе биде 2000-та година. На пример, Евреите, муслиманите и Хиндусите имаат свои религиозни календари кои не се совпаѓаат со западните. За религиозни и за традиционални датуми, Кинезите следат лунарен календар. Значи, милијарди луѓе денес, можеби поголемиот дел од светското население, не ѝ припишуваат некакво посебно значење на 2000-та година.a

Сепак, особено во западните земји, многумина со љубопитност го очекуваат претстојниот почеток на следниот милениум како што е означен во грегоријанскиот календар. За некои тоа е повеќе отколку само љубопитност. 2000-та година ја сметаат како вовед во една нова ера, како пресвртница во историјата. Многумина кои изјавуваат дека веруваат во Библијата го поврзуваат исполнувањето на пророштвата со 2000-та година. Некои очекуваат некаква духовна манифестација од огромни размери. Други се плашат од катаклизма — од крај на светот. Дали Библијата дава некаква основа за ваквите очекувања?

Јехова, Контролорот на времето

Богот на Библијата е опишан како „Прастариот на денови“ (Даниил 7:9, NW). Тој го контролира времето со совршена прецизност, што е очигледно во функционирањето на многу од неговите творештва — од ротацијата на планетите до движењето на субатомските честички. Тој има свој временски распоред за кој се придржува со точност. „Ги утврдил одредените времиња и поставените граници на човечкото живеење“, вели Библијата (Дела 17:26, NW). Јехова е прецизен Контролор на времето.

Според тоа, Библијата посветува посебно внимание на хронологијата. Таа дава еден континуиран запис кој допушта методично одбројување наназад сѐ до почетокот на човечката историја. Таквото пресметување укажува на 4026 пр. н. е. како на годината во која Бог го создал Адам. Околу 2000 години подоцна се родил Авраам. Поминале уште 2000 години до времето на Исусовото раѓање.

Некои кои ја проучуваат библиската хронологија формулирале произволни усогласувања кои укажуваат на конкретни датуми во иднината. На пример, користејќи како основа последователни периоди од приближно 2000 години кои ги одделуваат Адам, Авраам и Исус, некои предвидуваат злокобен настан на крајот на 2000-годишниот период од Исусовото раѓање. Ова е само еден пример од неколкуте временски формули кои наводно се темелат на библиската хронологија.

Вистина е дека Библијата зборува за времето кога Јехова Бог ќе интервенира во човечките работи со тоа што ќе ја отстрани злобата и ќе воведе еден нов свет. Библиското пророштво зборува за „крајот од времето“, „свршетокот на светот“, „последните денови“ и „Божјиот ден“ (Даниил 8:17; Матеј 24:3; 2. Тимотеј 3:1; 2. Петрово 3:12). Меѓутоа, „крајот“ што е проречен во Библијата на никаков начин не е поврзан со 2000-та година. Ништо во Писмото не му припишува некакво посебно значење на крајот на вториот милениум како што е пресметан според грегоријанскиот календар.

„Кога ќе бидат овие работи?“

Исусовите апостоли покажале жив интерес за Божјиот временски распоред кога го запрашале Исус: „Кажи ни: Кога ќе бидат овие работи, и што ќе биде знакот на твојата присутност и на завршетокот на системот на ствари?“ (Матеј 24:3, NW). Денес многумина споделуваат слична љубопитност за иднината. Природно е да се биде живо заинтересиран за такви значајни библиски пророштва и за времето на нивното исполнување. Меѓутоа, мудро е да се прифати и да се почитува Божјиот став за таа работа.

Преку својот Син, Јехова го открил својот наум и дал директен одговор на ова спорно прашање. Кратко пред Исусовото вознесување на небото, неговите ученици повторно го прашале за временскиот термин на исполнување на Божјите ветувања. Исус одговорил: „Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт“ (Дела 1:7). Во една претходна прилика, Исус им рекол на своите ученици: „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец“ (Матеј 24:36).

Јасно е дека ‚знаењето на времињата или годините‘, особено кога станува збор за идното исполнување на библиските пророштва, не е во човечка надлежност. Бог одлучил да не ни ги открива таквите информации (Матеј 24:22—44). Дали би можеле на некој начин да влијаеме врз Божјата намера ако сами го дешифрираме „тој ден и час“ против неговата желба? Очигледно, ова би било невозможно (4. Мојсеева 23:19; Римјаните 11:33, 34). Библијата изјавува: „Замислата Господова вечно постои“ (Псалм 32:11). Бидејќи е Семоќен Бог, тој секогаш успева (Исаија 55:8—11).

И покрај Божјата моќ да го задржи ‚знаењето на времињата или годините . . . во Своја власт‘, сепак многумина сакаат да нагаѓаат. Некои стануваат самонаименувани пророци на неволја. Од оваа причина апостол Павле им дал конкретна поука на солунјаните во врска со тоа колку е опасно да се слушаат оние кои нагаѓаат датуми. Тој напишал: „Ве молам, браќа, да не се поколебате лесно во мислите свои и да доаѓате во ужас било преку духот, било преку словото, или преку послание, како да е од нас испратено, како божем настапува веќе Христовиот ден. Никој да не ве измами ни по каков начин“ (2. Солунјаните 2:1—3).

Јеховините сведоци цврсто веруваат дека Божјите намери за иднината сигурно ќе се исполнат во негово однапред одредено време, токму во денот и часот што ги означил тој (Авакум 2:3; 2. Петрово 3:9, 10). А ние веруваме дека овие настани ќе се одиграат во не толку далечна иднина (2. Тимотеј 3:1—5). Меѓутоа, ние не нагаѓаме ниту ги поддржуваме теориите кои се шират денесb. Сигурно, ниту 2000-та ниту 2001 година ниту, пак, некој друг временски почеток што го поставиле луѓето нема никаква врска со Јеховиниот временски распоред.

[Фусноти]

a Технички гледано, таканаречениот трет милениум започнува на 1 јануари 2001. Првиот милениум не започнал со нултата година, туку со 1 година. Меѓутоа, јавноста го поврзува изразот „трет милениум“ со 2000-та година. Оваа статија се сосредоточува на популарните очекувања во врска со 2000-та година.

b Изданието на Стражарска кула од 1 септември 1997, страници 21, 22 навело: „Јеховините сведоци биле желни да знаат кога ќе се збидне Јеховиниот ден. Во својата желност, тие повремено правеле обиди да проценат кога би можел тој да дојде. Но, правејќи го тоа, тие пропуштиле, како што било и со Исусовите рани ученици, да внимаваат на предупредувањето од својот Господар дека ‚не знаеме кога ќе настане [одреденото, NW] време‘ (Марко 13:32, 33). Исмејувачите ги исмејувале верните христијани поради нивните предвремени очекувања (2. Петрово 3:3, 4). Меѓутоа, Јеховиниот ден ќе дојде, потврдува Петар, според Неговиот временски распоред“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели