ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g95 8/10 стр. 10-12
  • Дали е близу проречениот крај на светот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали е близу проречениот крај на светот?
  • Разбудете се! 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кога ќе дојде крајот?
  • Препознајте го вистинитото пророштво
  • Предупредувања на кои треба да им се обрати внимание
  • Ситуацијата денес
  • Ќе преживее ли овој свет?
    Ќе преживее ли овој свет?
  • Библиско пророштво чие исполнување си го видел
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • ”Крајот на светот“ е близу!
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Библијата — дали навистина е инспирирана од Бог?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
Повеќе
Разбудете се! 1995
g95 8/10 стр. 10-12

Дали е близу проречениот крај на светот?

Списанието Detroit Free Press Magazine од 6 февруари 1994 година, навело: „Апокалиптичните соништа станаа опсесија на почетокот од нуклеарната ера. Откако Хирошима беше претворена во пепел на 6 август 1945 година, на сите им стана јасно: Светот сега навистина би можел да отиде во пропаст!“

Минатиот декември, Чарлс Б. Строзиер, психоаналитичар и професор по историја од Њујорк, рекол: „Веќе не ни се потребни поети за да ни кажат дека сѐ би можело да заврши со еден бум или со цимолење или, пак, во агонија на сидата“. Всушност, тој додал: „Сега ни е потребна бујна фантазија за да не размислуваме за крајот на човештвото“.

Поради тоа што Исус Христос поучувал дека ќе дојде крај на светот, можеме ли од неговите учења да одредиме дали крајот навистина е близу?

Кога ќе дојде крајот?

Учениците го прашале Исус да им даде „знак“ за да распознаат кога ќе заврши овој свет, односно овој систем на ствари. „Кога ќе биде тоа“, прашале тие, „и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?“ (Матеј 24:3). Можете лично да го проверите „знакот“ што го дал Исус како одговор на тоа прашање. Тој е запишан во Библијата во Матеј 24. поглавје, Марко 13. поглавје и Лука 21. поглавје. Некои од главните настани кои го сочинуваат тој знак се следниве:

ГОЛЕМИ ВОЈНИ: „Ќе се дигне народ против народ, и царство против царство“ (Матеј 24:7). Секако, ние сме виделе дека овој знак е исполнет. „Првата светска војна [која започна во 1914 година] беше првата ‚тотална‘ војна“, забележал еден историчар. Сепак, Втората светска војна беше уште поразорна, земајќи приближно 50 милиони жртви. А војните и понатаму ја пустошат Земјата.

НЕДОСТИГ НА ХРАНА: „Ќе има глад“ (Матеј 24:7). По Првата светска војна имало ужасен глад и оттогаш гладот неконтролирано продолжува да се шири на многу места на Земјата. Дури и во побогатите земји гладот и недоволната исхранетост се многу раширени.

ГОЛЕМИ ЗЕМЈОТРЕСИ: „Ќе има и големи потреси“ (Лука 21:11). Разгледајте само неколку поголеми: 1920 година, Кина — 200.000 загинати; 1923 година, Јапонија — 143.000 загубени животи; 1970 година, Перу — 66.800 убиени и 1976 година, Кина — 240.000 (некои велат 800.000) жртви. Еден специјалист за противпотресно градежништво, земјотресот во Кина во 1976-тата година го нарекол „најголемата земјотресна несреќа во историјата на човештвото“.

БОЛЕСТИ: ‚Ќе има чуми од едно место во друго‘ (Лука 21:11, НС). Веднаш после Првата светска војна, околу 21 милион луѓе умреле од шпанскиот грип. Списанието Science Digest известило: „Никогаш порано во историјата смртта не нападнала толку силно и брзо“. Оттогаш, срцевите заболувања, ракот, сидата и многу други болести убиле стотици милиони луѓе.

КРИМИНАЛ: ‚Пораст на беззаконието‘ (Матеј 24:12, НС). Во многу земји криминалот е вон контрола. Убиства, разбојништва, силувања, тероризам, корупција — секојдневно слушаме за такви злочини или самите ги доживуваме.

И други библиски пророштва ги прорекле условите кои ќе владеат во последните денови. На пример, во книгата Откровение се наоѓа една визија за јавањето на четирите коњаници (Откровение 6:1-8). Првиот коњаник го претставува самиот Исус како Цар што победува. Другите јавачи со нивните коњи прикажуваат настани на Земјата што го означуваат почетокот на Исусовото владеење: војна, глад и предвремена смрт на разни начини.

Други библиски пророштва опишуваат ставови и ситуации кои ќе преовладуваат во текот на „последната ера од овој свет“. Разгледајте што напишал еден Исусов апостол. Додека го читате тоа пророштво, запрашајте се: Зарем не ни дава права слика на денешните немирни времиња?

„Последната ера на овој свет“, напишал апостолот, „ќе биде време на неволји. Луѓето ќе ги сакаат само парите и себеси; ќе бидат арогантни, фалбаџии и навредливи; без никакво почитување спрема родителите, без благодарност, без побожност, без природна наклоност; ќе бидат непомирливи во нивната омраза, скандалозни, неурамнотежени и жестоки, туѓинци за сѐ што е добро, предавници, авантуристи, надуени со самоуважение. Ќе бидат луѓе кои задоволствата ги ставаат пред Бога, луѓе кои го чуваат надворешниот облик на религија, но цврсто ја негираат нејзината реалност“ (2. Тимотеј 3:1-5, The New English Bible).

Едно друго важно пророштво во врска со крајот на светот е пророштвото кое ветува дека Бог ќе ‚ги погуби губителите на земјата‘ (Откровение 11:18). Луѓето од претходните генерации никогаш го немале технолошкиот капацитет да ја уништат Земјата, но сега го имаат. Новите технологии денес играат главна улога во загадувањето на околината. Во ноември 1992 година, весниците содржеле наслови како следниов: „Врвните научници предупредуваат на уништувањето на Земјата“.

Препознајте го вистинитото пророштво

Без сомнение, сите работи што ги прорекла Библијата за „последната ера“, односно за „завршетокот на системот на ствари“, се случуваат токму сега. Ние гледаме како вистинитите пророштва се исполнуваат и неопходно е да им обрнеме внимание. Исус го покажал тоа кога ја опишал состојбата во деновите на Ное, ‚проповедник на правдата‘, непосредно пред да биде уништен тогашниот свет (2. Петрово 2:5).

Исус објаснил: „Како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и не узнаа [не забележаа, НС], додека не дојде потопот и истреби сѐ, — така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки“ (Матеј 24:38, 39). Кога се игнорира вистинитото пророштво, последиците се катастрофални.

Можеби велите: ‚Да, верувам во тие библиски пророштва; крајот ќе дојде еден ден, но којзнае кога‘. Сепак, дали сте сигурни? Зарем не треба токму сега да му обрнете внимание на тоа предупредување?

Предупредувања на кои треба да им се обрати внимание

Очигледно, некои предупредувања се без основа и не би било мудро да ги слушаме. Но некои имаат основа. Само затоа што многумина, вклучувајќи и угледни членови на општеството, омаловажуваат некое предупредување, тоа не е причина истото да се занемари. Разгледајте еден пример.

Во март 1902 година, на прекрасниот карипски остров Мартиник се активирала вулканската планина Мон Пеле. До април биле исфрлени чад, пепел и парчиња од карпи со густа водена пареа. Жителите на Сент Пјер, кој се наоѓа на оддалеченост од 8 километри, се исплашиле. „Градот е покриен со пепел“, напишал еден жител. „Повеќето луѓе мораат да носат влажни шамивчиња за да се заштитат од густиот чад.“

Во почетокот на мај, вулканската активност се зголемила. Локалниот весник напишал: „Сѐ уште не престанува дождот од пепел . . . Повеќе не се слуша тропотот на кочиите по улиците. Тркалата се пригушени“. Жештината била задушлива.

Потоа, на 5 мај, од вулканот почнало да се излева лава која убила десетици луѓе на својот пат. Но што рекле градските водачи?

Со оглед на тоа дека жетвата на шеќерната трска се приближувала, деловните луѓе го уверувале населението дека нема голема опасност. И политичарите, загрижени поради претстојните избори кои требало да се одржат на 10 мај, не им било во прилог луѓето да побегнат. Затоа, и тие се обиделе да го задушат стравот кај луѓето. Освен тоа, и свештенството кое соработувало со деловните и политичките групи, ги наговорило своите парохијани да не си одат.

На 8 мај, кратко пред 8.00 часот, Мон Пеле експлодирал со огромна бука. Гигантски, многу топли црни облаци се движеле со неверојатна брзина кон Сент Пјер. Жешкиот гас за кратко време згасил илјадници животи. Скоро сите во Сент Пјер умреле — околу 30.000, па дури и многу повеќе. Единствениот човек кој преживеал бил еден млад затвореник кој се наоѓал во подрумот на затворот.

Ситуацијата денес

Слично и денес, има многу луѓе кои ги омаловажуваат доказите дека библиските пророштва веќе се исполнуваат. Тие одбиваат да го слушаат доказот кој треба да биде уверлив за секој разумен човек, имено дека крајот на овој систем е близу. Сепак, Библијата го прорекла дури и нивниот став, велејќи: „Во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе живеат според своите желби и ќе велат: ‚Каде е ветувањето на Неговото доаѓање? Оти, откако татковците наши изумреа, сѐ си стои така, како од созданието на светот‘“ (2. Петрово 3:3, 4).

Но, денешните подигрувачи не се во право. Всушност, нешто се променило. Библиските пророштва навистина се исполнуваат. Многубројни се доказите дека крајот е близу.

Мудро е да не ги одложувате постапките кои го спасуваат животот. Но што треба да сторите?

[Извор на слика на страница 10]

Фотографија на U.S. National Archives

[Извор на слика на страница 10]

WHO/E. Hooper

[Извор на слика на страница 11]

Фотографија на WHO од W. Cutting

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели