Што ќе се случи со религиите? Што вели Библијата?
Дали си разочаран од религиите, па дури и ти се одвратни? Точно е дека религиите извршиле позитивно влијание врз некои општества и поединци, сепак тие предизвикале и голема штета. Во Encyclopedia of Religion and War пишува: „Некои од најстрашните војни во историјата на човештвото биле резултат на различни религиозни идеологии“. Некои верски водачи често ја користеле религијата за да поддржуваат политички идеи наместо за да го поддржуваат обожавањето на Бог. Други, пак, прикривале сексуална злоупотреба или финансиски криминал.
Ако си разочаран од религијата, можеби се прашуваш што мисли Бог во врска со тоа. Библијата открива дека Бог ги осудува повеќето религии поради сето она што го направиле. Исто така, содржи пророштва кои опишуваат што ќе направи тој со религијата. Користејќи симболичен јазик, Библијата објаснува дека Бог наскоро ќе преземе драстични и глобални мерки против неа.
Што вели Библијата за иднината на религиите?
Пророштво: Библиската книга Откровение опишува една блудница која е наречена Големиот Вавилон. Оваа блудница седи на црвен ѕвер. Но, подоцна, ѕверот ќе се сврти против неа и ќе ја уништи (Откровение 17:3, 5, 16).
Значење: Блудницата, Големиот Вавилон, ги претставува сите облици на лажната религија, односно религиите кои Бог не ги одобрува.a Црвениот ѕвер ги претставува Обединетите нации (ОН).b Тоа што оваа блудница седи на црвениот ѕвер покажува дека лажната религија се обидува да изврши влијание, па дури и да има целосна контрола над Обединетите нации. Фактот дека ѕверот ќе ја уништи блудницата покажува дека Обединетите нации, заедно со народите кои ја поддржуваат оваа организација, ќе се свртат против сите лажни религии на овој свет и ќе им стават крај. Овој необичен настан ќе значи потполно уништување на лажната религија.
Како ќе биде уништена лажната религија?
Пророштво: „Десетте рогови што ги виде, и ѕверот — тие ќе ја замразат блудницата и ќе ја опустошат и... ќе ја изгорат со оган. Зашто, Бог им стави во срцата [срцата на светските водачи] да ја извршат неговата замисла, односно да ја извршат својата заедничка замисла, да му го предадат своето царство на ѕверот... Во еден ден ќе дојдат нејзините неволји: смрт и тага и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто е силен Јеховаc Бог, кој ѝ судеше“ (Откровение 17:16, 17; 18:8).
Значење: Бог ќе ги поттикне народите на овој свет да ја извршат „неговата замисла“. Тој ќе ги поттикне да им го предадат „своето царство“, односно својата политичка власт на Обединетите нации. Потоа, со моќта што им ја даваат народите, Обединетите нации ќе ја уништат лажната религија низ целиот свет. Овој значаен настан ќе се случи „во еден ден“, односно одеднаш и неочекувано, поради што многу луѓе ќе бидат изненадени (Откровение 18:21).
Зошто ќе биде уништена лажната религија?
Пророштво: „Нејзините гревови се натрупаа до небото и Бог се сети на нејзините неправедни дела“ (Откровение 18:5).
Значење: Низ вековите, лажната религија направила многу ужасни работи. Ова се некои од „нејзините гревови“ поради кои Бог ќе ѝ суди:
Вмешаност во политика. Исус Христос ги поучувал своите следбеници да не се мешаат во политика, туку да се надеваат на Божјето Царство — небесна влада која ќе ги замени човечките владиd (Даниел 2:44; Матеј 6:9, 10; Јован 6:15; 18:36). Лажната религија го прави токму спротивното. Поради нејзината голема вмешаност во политиката наместо да му биде верна на Бог, пророштвото во Откровение вели дека Големиот Вавилон е виновен за блуд, и со право е наречен „големата блудница“ (Откровение 17:1, 2; Јаков 4:4).
Насилство. Според Библијата, лажната религија е виновна за смртта „на сите што [биле] убиени на земјата“ (Откровение 18:24). Многу религии не само што не ги поучуваат своите членови да се стремат кон мир туку и поддржуваат војни и терористички напади, па дури се и причина за нив.
Алчност. Лажната религија живее во „бесрамен раскош“ (Откровение 17:4; 18:7). Многу религии ги користат своето влијание и врски за да си натрупаат огромно богатство. Ваквата алчност му е одвратна на Бог (Тит 1:7).
Лаги. Лажната религија ги поучува луѓето да веруваат и да прават работи спротивни на она што го учи Библијата.e Поради тоа што лажната религија е извор на толку многу учења и обичаи кои ги заведуваат луѓето и му нанесуваат срам на Бог, пророштвото ја нарекува „мајка... на гадотиите земни“ (Откровение 17:5; 18:23).
Дали сите религии ќе бидат уништени?
Не. Во книгата Откровение се зборува за една група луѓе од различни националности наречена „големо мноштво“ (Откровение 7:9). За луѓето од ова големо мноштво се вели дека се „облечени во бели облеки“, што значи дека верно му служат на Бог во склад со неговите мерила. Тие ќе ја преживеат „големата неволја“ — временски период во кој, според Библијата, ќе бидат уништени лажната религија и сите други Божји непријатели (Откровение 7:13, 14; 19:11, 19-21). Големото мноштво, кое е облечено во бели облеки, припаѓа на вистинската религија која ќе постои засекогаш.f
Едно големо мноштво од вистински обожаватели на Бог ќе го преживеат уништувањето на лажната религија
Што значи за тебе тоа што знаеш дека лажната религија ќе биде уништена?
Тоа што знаеш дека Бог не ги одобрува шокантните работи што ги прави религијата, може да ти даде утеха. Можеш со надеж да гледаш кон иднината, знаејќи дека наскоро човештвото ќе биде ослободено од сите религии кои му носат срам на Бог и се причина за страдањата на луѓето.
Исто така, можеш да бидеш уверен дека постои обожавање кое Бог го одобрува. Библијата вели дека „вистинските поклоници ќе му оддаваат почит на Таткото со дух и со вистина, зашто Таткото бара такви да го почитуваат“ (Јован 4:23). Тој им вели: „Излезете од неа [Големиот Вавилон], народе мој, за да не учествувате и вие во нејзините гревови и за да не ве снајдат нејзините неволји!“ (Откровение 18:4, 5). Да, Бог ги повикува луѓето да го обожаваат во склад со вистината (1. Тимотеј 2:3, 4). На оние што ќе ја прифатат неговата покана им ветува дека ќе живеат засекогаш (1. Јованово 2:17).
a За да дознаеш кои четири работи можат да ти помогнат да го препознаеш Големиот Вавилон, прочитај ја статијата „Што е Големиот Вавилон?“
b За да дознаеш кои шест работи можат да ти помогнат да го препознаеш овој ѕвер, прочитај ја статијата „Шта представља скерлетна звер из 17. поглавља Откривења?“
c Јехова е името на Бог (Псалм 83:18). Види ја статијата „Кој е Јехова?“
e За некои примери, види ја рамката „Дали во Големиот Вавилон спаѓаат и некои ’христијански‘ религии?“
f За да дознаеш како Библијата може да ти помогне да препознаеш која е вистинската религија, прочитај ја статијата „Како да ја препознаеме вистинската религија?“