ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w26 Март стр. 2-7
  • Стани повешт во службата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стани повешт во службата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПОКАЖИ ГРИЖА ЗА ЛУЃЕТО
  • КОРИСТИ ЈА БОЖЈАТА РЕЧ
  • ВНИМАНИЕТО НАСОЧИ ГО КОН ЈЕХОВА
  • ПОДОБРУВАЈ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ НА ПОУЧУВАЊЕ
  • Помогни им на интересентите да почнат да му служат на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Оние кои исправно гледаат на вечниот живот ќе ја прифатат вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Скромно прифати дека има работи кои не ги знаеш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
w26 Март стр. 2-7

4-10 МАЈ 2026

ПЕСНА 53 Да се подготвиме за служба

Стани повешт во службата

Проповедај ја Божјата реч, а притоа биди многу стрплив и вешт во поучувањето (2. ТИМ. 4:2)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Ќе разгледаме три работи што ќе ни помогнат да станеме повешти во службата.

1. Какви вештини треба да развиеме, и зошто? (2. Тимотеј 4:2; види ја и сликата).

ИСУС им рекол на своите следбеници: „Правете ученици... учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (Мат. 28:19, 20). Ова покажува дека од секој христијанин се очекува да поучува. Знаеме дека Јехова ги привлекува оние што сакаат да го запознаат, а ангелите ни помагаат да ги најдеме (Јован 6:44; Дела 13:48; Отк. 14:6). Сепак, и ние треба да го дадеме својот дел. Размисли за примерот што ни го оставиле Павле и Варнава. Библијата објаснува што се случило додека тие проповедале во синагогата во Иконија. Извештајот вели: „Зборуваа на таков начин што големо мноштво Евреи и Грци станаа верници“ (Дела 14:1). Без сомнение, Павле и Варнава ги развиле потребните вештини за да можат добро да поучуваат. (Прочитај 2. Тимотеј 4:2.) Такви вештини треба да развијат сите христијани.

Во една синагога, Павле со увереност ги поучува другите. Варнава е во негова близина и радосно го гледа.

За да станеме повешти во поучувањето, многу може да ни помогне примерот што ни го оставиле Исус и неговите ученици, како што биле Павле и Варнава (види во пасус 1)


2. Зошто можеби некои мислат дека не можат да ги подобрат своите вештини на поучување?

2 Некои можеби мислат дека не можат да ги подобрат своите вештини на поучување бидејќи немаат доволно образование или таленти. И во Библијата се зборува за луѓе кои не се чувствувале доволно способни (2. Мој. 4:10; Ерем. 1:6). А други браќа и сестри можеби мислат дека не знаат добро да поучуваат бидејќи сметаат дека немаат толку голем успех во службата како некои други. Се разбира, не секој со кого ќе зборуваме или што ќе го сретнеме ќе реагира позитивно на добрата вест. А дали луѓето ќе слушаат или не, не зависи само од нашиот труд. Како што видовме, Јехова и ангелите се грижат искрените лица да бидат пронајдени. Сепак, ние сакаме да дадеме сѐ од себе за да ја пренесеме пораката на привлечен начин. Затоа, во оваа статија ќе разгледаме три работи кои ќе ни помогнат да станеме повешти во поучувањето.

ПОКАЖИ ГРИЖА ЗА ЛУЃЕТО

3. Зошто Исус можел да допре до срцето на оние што го слушале?

3 Во врска со Исус, Библијата вели: „Знаеше што му е на човекот во срцето“ (Јован 2:25). Што значи ова? Исус знаел како размислуваат луѓето и какви мотиви имаат. Тој можел да допре до срцето на оние што го слушале бидејќи знаел кои се нивните потреби. Исто така, можел да види дека луѓето се духовно гладни и преоптоварени со безброј традиции и човечки правила (Мат. 9:36; 23:4). Токму за овие работи Исус зборувал во Проповедта на гората. Многу луѓе уживале да го слушаат затоа што зборувал за работи што ги засегале нив лично.

4. Како може да покажеме дека се грижиме за луѓето? (Види ги и сликите.)

4 Може да покажеме дека се грижиме за луѓето што ги среќаваме така што ќе се трудиме да разбереме со какви проблеми се соочуваат. Секој човек на кого му проповедаме страда на некаков начин поради злобниот свет на Сатана. Тоа што ќе го имаме ова на ум ќе ни помогне да сочувствуваме со луѓето со кои зборуваме. На пример, дали некој неодамнешен настан ги загрижува луѓето на нашето подрачје? Дали родителите се загрижени за безбедноста на нивните деца кога се на училиште? Дали има голема невработеност? Пробај да си замислиш каков им е животот на луѓето во овие „особено тешки времиња“ без надежта што ја дава Библијата (2. Тим. 3:1; Иса. 65:13, 14).

Слики: Една сестра се подготвува за служба така што размислува за околностите во кои се наоѓаат луѓето на нејзиното подрачје. 1. Една мајка заштитнички го гушка своето синче, додека еден маж им се заканува со подигната тупаница. 2. Една девојка пуши цигара. 3. Една постара жена добива лоши вести за своето здравје од докторот.

Труди се да ги разбереш околностите на оние кои ги поучуваш, и научи да покажуваш грижа кон нив (види во пасус 4)


5. Зошто Исус бил многу подобар учител од фарисеите? (Матеј 11:28-30).

5 Исус се грижел за луѓето што го слушале, а тие можеле да го забележат тоа од начинот на кој постапувал со нив. Тој бил толку поинаков од фарисеите, кои вообразено и со голем презир гледале на обичниот народ (Мат. 23:13; Јован 7:49). Исус се однесувал со луѓето љубезно и со почит. Тој бил благ и понизен, особини што придонеле да биде толку добар учител. (Прочитај Матеј 11:28-30.) И ние треба да се однесуваме со луѓето љубезно и со почит.

6. Како може да покажуваме љубезност и почит кон оние кои ја одбиваат нашата порака или ни се противат?

6 Некои ја одбиваат нашата порака, па дури и ни се противат. Како треба да реагираме? Исус нѐ поучил да правиме нешто повеќе отколку само да го поднесуваме противењето. Тој рекол: „Правете им добро на оние што ве мразат, благословувајте ги оние што ве проколнуваат“, па дури и „молете се за оние што ве навредуваат“ (Лука 6:27, 28). Ќе ни биде полесно да постапуваме така ако имаме на ум дека можеби луѓето не сакаат да нѐ слушаат поради причини кои нам не ни се познати. Точно е дека има луѓе што свесно и намерно ни се противат. Меѓутоа, некои можеби се загрижени поради семеен проблем или ги мачи нешто друго што нема никаква поврзаност со нас. Можеби само сме дошле кај нив во лош момент. Во секој случај, треба да го следиме советот: „Вашиот збор секогаш нека биде пријатен, зачинет со сол, да знаете секому да му одговорите како што треба“ (Кол. 4:6). Ако имаме сочувство кон луѓето и се трудиме да ги разбереме нивните потреби, нема брзо да се навредуваме, туку ќе бараме начин да ги поучуваме.

КОРИСТИ ЈА БОЖЈАТА РЕЧ

7. Како Исус покажал дека не поучува за свои идеи? (Јован 7:14-16).

7 Исус не ги поучувал луѓето за свои идеи. Сѐ што кажувал се темелело на Божјата Реч. Тој ги применувал поуките на едноставен начин за да можат луѓето лесно да ги разберат и запомнат. Библијата вели дека Исус поучувал „како некој зад чии зборови стои Бог, а не како познавачите на Законот“. Затоа, луѓето биле восхитени (Мар. 1:22). Познавачите на Законот цитирале некои познати и почитувани рабини за да ги поткрепат своите учења. За разлика од нив, Исус цитирал од вдахновените списи. Како Божји Син кој живеел на небото, тој можел да ја употреби својата огромна мудрост за да ги импресионира луѓето што го слушале, па дури и да направи да се чувствуваат како да не знаат ништо. Но не го сторил тоа, туку ја користел Божјата Реч за да ги поучи што очекува Бог од нив. (Прочитај Јован 7:14-16.) Исус оставил извонреден пример за своите следбеници.

8. Како Петар го следел примерот на Исус?

8 И учениците на Исус ја користеле Божјата Реч кога поучувале. Да го земеме за пример говорот што го одржал апостол Петар на Педесетница 33 год. од н.е. Петар не бил високо образован човек. Сепак, со начинот на кој објаснил како Исус ги исполнил пророштвата од Писмото, допрел до срцето на слушателите (Дела 2:14-37). Што се случило потоа? Извештајот вели: „Оние што со сето срце го прифатија она што тој го зборуваше, беа крстени, и тој ден на учениците им се придружија околу три илјади души“ (Дела 2:41).

9. Зошто е важно да ја користиме Божјата Реч кога поучуваме?

9 Не постои подобра алатка од Божјата Реч со која би можеле да ги достигнеме срцата на луѓето (Евр. 4:12). Затоа, кога поучуваме, вниманието треба да го насочуваме кон Библијата. Ние сакаме да ја проповедаме Божјата Реч, а не да поучуваме со свои идеи (2. Тим. 4:2). Во Изреки 2:6 пишува: „Јехова дава мудрост, од неговата уста доаѓаат знаењето и проникливоста“. Кога поучуваме на темел на Библијата, може да се каже дека му дозволуваме на Јехова да зборува (Мал. 2:7). Ние сакаме луѓето да знаат дека Библијата содржи нешто далеку подобро од човечката мудрост. Таа е вдахновена од Бог и ни го дава знаењето што ни е потребно за да му угодиме на нашиот Творец и да имаме среќен и исполнет живот (2. Тим. 3:16, 17).

10. Како можеме да му го насочиме вниманието на интересентот кон Божјата Реч?

10 Додека се подготвуваш за некој библиски курс, размисли како можеш да му го насочиш вниманието на интересентот на поуките од Библијата. Тој треба да сфати дека, иако сликите и видеоклиповите се многу корисни алатки, Библијата е главниот учебник. Затоа, барај ги клучните стихови и помогни му на интересентот да размислува за она што е напишано во нив. А кога користиш слики и видеоклипови, помогни му да сфати кои библиски начела стојат зад нив. За да го постигнеш тоа, не треба да зборуваш премногу, ниту пак да читаш многу стихови. Наместо тоа, дај му време на интересентот да го сфати значењето на секој стих што го читате, па ако е потребно и повторно прочитајте го. На тој начин интересентот нема да проучува некој книга, слика или видеоклип, туку ќе ја проучува Библијата (1. Кор. 2:13).

11-12. а) Како може да покажеме стрпливост со интересентите? (Дела 17:1-4; види ја и сликата). б) Што можеби не знаат некои за Библијата и како можеме да им помогнеме?

11 Ако на интересентот му е тешко да разбере или да прифати некое учење, сети се на следниов совет: „Проповедај ја Божјата реч... а притоа биди многу стрплив“. Не напредуваат сите со исто темпо. На некои интересенти можеби ќе им треба повеќе време за да разберат некои вистини што нам ни се добро познати. Затоа, треба стрпливо да ги поучуваме. Евреите во Солун не го разбрале веднаш она за кое ги поучувал Павле, па тој во повеќе прилики им ги објаснувал Писмата. Како резултат на тоа, некои од нив ги разбрале поуките. (Прочитај Дела 17:1-4.)

12 Може да покажеме стрпливост со интересентите и така што ќе им поставуваме прашања за да го дознаеме нивниот став. Освен тоа, ќе се контролираме да не зборуваме премногу. Труди се да слушаш внимателно за да дознаеш што мислат за одредена работа. Потоа, прочитајте и зборувајте за конкретни стихови, за да им помогнеш да сфатат што мисли Бог за таа работа. Имај го на ум и следново: Има луѓе што никогаш не виделе Библија и немаат претстава што содржи таа. Би можел ли да им покажеш печатен примерок од Библијата? Освен тоа, со брошурката Запознај се со Божјата Реч можеш да им објасниш што сѐ можат да научат од Библијата. Потоа, би можел да им покажеш колку практична книга е Библијата така што ќе им прочиташ еден или два стиха наведени под прашање 15 за да увидат дека Библијата може да ни помогне да бидеме среќни. Со други зборови, ако им покажеш на интересентите колкава моќ има Божјата Реч, твоето поучување ќе има поголем ефект.

Сестрата од претходната слика води библиски курс на една клупа во парк со девојката која пушеше. Сестрата внимателно слуша додека девојката зборува.

Оној што вешто поучува повеќе слуша отколку што зборува (види во пасуси 11-12)


ВНИМАНИЕТО НАСОЧИ ГО КОН ЈЕХОВА

13. Кон кога треба да го насочуваме вниманието додека поучуваме? Наведи пример.

13 Нашата цел е да им помогнеме на оние што нѐ слушаат да го запознаат Јехова и да се зближат со него (Јак. 4:8). Делото што го извршуваме можеме да го споредиме со работата на техничар за светло во театар. За време на претставата, тој не го насочува светлото кон себе. Наместо тоа, го насочува кон актерите на сцената, за тие да бидат во центарот на вниманието. И ние треба да го правиме истото кога поучуваме — да го насочуваме вниманието кон Јехова, а не кон себе.

14. Како може да му помогнеме на интересентот да сака да му угоди на Јехова?

14 Кога водиш библиски курс, помогни му на интересентот да развие желба да му угоди на Јехова (Изр. 27:11). Твојата цел не е да го наведеш интересентот да се придржува до одреден кодекс на однесување, како да треба да се приклучи на некое здружение. Ти сакаш интересентот да ги направи потребните промени за да го радува Јехова. На пример, ако му е тешко да се избори со некоја лоша навика, би можел да го прашаш: „Зошто Јехова ја мрази таа работа? Зошто Јехова би барал од тебе да се откажеш од нешто во кое уживаш? Како ова барање покажува дека Јехова те сака?“ Колку повеќе го поттикнуваш интересентот да размислува за Јехова, толку полесно ќе му биде да види каков прекрасен Татко имаме. На тој начин, ќе му помогнеш да сака да му угоди на Јехова.

ПОДОБРУВАЈ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ НА ПОУЧУВАЊЕ

15. Како можеш да ги подобриш своите вештини на поучување?

15 За да видиш каде треба да се подобриш, моли го Јехова да ти помогне да го преиспиташ начинот на кој поучуваш (1. Јов. 5:14). Што можеш да правиш за да постапуваш во склад со таквите молитви? Труди се да го извлечеш најдоброто од обуката што Јехова ни ја дава на собраниските состаноци. Можеш да поканиш објавители што се вешти во службата да дојдат со тебе на некој библиски курс. Потоа, замоли ги да ти кажат каде можеш да се подобриш. Исто така, не заборавај дека можеби материјалот ти е познат тебе, но не и на интересентот. Труди се од негова перспектива да гледаш на материјалот што го проучувате. Помогни му да увиди дека она што го учи навистина е добра вест, бидејќи може да го зближи со Јехова и да го направи вистински среќен (Пс. 1:1-3).

16. Зошто е важно да продолжиме да се подобруваме во поучувањето?

16 Да поучуваш некого за Јехова е една од работите што ни носат најголема радост. И во новиот свет ќе има многу луѓе кои ќе треба да бидат поучени. Затоа, додека ја проповедаме добрата вест, да продолжиме да се грижиме за оние што нѐ слушаат, да се потпираме на Божјата Реч и да го насочуваме вниманието кон Јехова. Правејќи го тоа, ќе стануваме сѐ повешти во поучувањето.

КАКО ЌЕ ПОКАЖЕШ ДЕКА...

  • се грижиш за оние што те слушаат?

  • се потпираш на Божјата Реч?

  • го насочуваш вниманието кон Јехова?

ПЕСНА 65 Напред!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели