ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/9 стр. 8-14
  • Љубоморни за чистото обожавање на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Љубоморни за чистото обожавање на Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Златното теле
  • Ваал-Фегор
  • Предупредувачка поука
  • Подоцнежни примери за божествена љубомора
  • Божјата љубомора е од корист за неговиот народ
  • Идни дела на божествената љубомора
  • Љубовта ја победува неисправната љубомора
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Треба ли христијаните да бидат љубоморни?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Што би требало да знаеш за љубомората
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Јосиф пострадал поради љубомората на своите браќа
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/9 стр. 8-14

Љубоморни за чистото обожавање на Јехова

„Јехова, чие име е Љубоморен, тој е љубоморен Бог“ (2. МОЈСЕЕВА 34:14, НС).

1. Која е Божјата доминантна особина, и како е таа поврзана со неговата љубомора?

ЈЕХОВА се опишува себеси како „љубоморен Бог“. Можеби се прашуваш зошто, бидејќи зборот „љубоморен“ има негативни значења. Се разбира, Божја доминантна особина е љубовта (1. Јованово 4:8). Затоа, секое чувство на љубомора од негова страна мора да биде за добро на човештвото. Всушност, ќе видиме дека Божјата љубомора е животоважна за мирот и хармонијата на вселената.

2. Кои се некои од начините на коишто се преведуваат хебрејските зборови за „љубомора“?

2 Сродниот хебрејски збор за „љубомора“ се среќава преку 80 пати во Хебрејските списи. Скоро половината од нив се однесуваат на Јехова Бог. „Кога се однесува на Бог“, објаснува Џ. Х. Ливингстон, „сфаќањето за љубомора го нема призвукот на искривена емоција, туку, напротив, на инсистирање исклучително да се обожава Јехова“ (The Pentateuch in Its Cultural Environment — Пентатеухот во неговата културна средина). Затоа, во New World Translation (Нов свет преводот) хебрејската именка понекогаш е преведена со „инсистирање на исклучителна оддаденост“ (Језекиил 5:13, НС). Друг соодветен превод е „жар“ или ревност (Псалм 79:5, НС; Исаија 9:7).

3. На кои начини може љубомората понекогаш да служи за добра цел?

3 Човекот бил создаден со способност да чувствува љубомора, но падот на човештвото во грев довел до искривување на љубомората. Меѓутоа, човечката љубомора може да биде и сила на добро. Таа може да го мотивира лицето да заштити некој свој сакан од лоши влијанија. Освен тоа, луѓето можат исправно да покажуваат љубомора за Јехова и за неговото обожавање (3. Царства 19:10). За да се пренесе исправното разбирање на таквата љубомора за Јехова, хебрејската именка може да се преведе како ‚неподнесување на соперништво‘ (НС) кон него (4. Царства 10:16).

Златното теле

4. Која заповед, во која била вклучена праведната љубомора, била истакната во Божјиот Закон за Израел?

4 Пример за праведна љубомора е она што се случило откако Израелците го добиле Законот на гората Синај. Секогаш одново, тие биле предупредувани да не обожаваат богови направени од човек. Јехова им рекол: „Јас, Јехова, твојот Бог, сум Бог кој бара исклучителна оддаденост [или: „Бог кој е љубоморен (ревносен); Бог кој не поднесува соперништво“]“ (2. Мојсеева 20:5, НС, фуснота; спореди 2. Мојсеева 20:22, 23; 22:20; 23:13, 24, 32, 33). Јехова стапил во сојуз со Израелците, ветувајќи им дека ќе ги благослови и дека ќе ги доведе во Ветената земја (2. Мојсеева 23:22, 31). А народот рекол: „Сѐ, што рекол Господ, ќе правиме и ќе бидеме послушни“ (2. Мојсеева 24:7).

5, 6. а) На кој начин Израелците направиле тежок грев додека биле улогорени кај гората Синај? б) Како Јехова и неговите лојални обожаватели покажале праведна љубомора кај Синај?

5 Меѓутоа, набргу Израелците му згрешиле на Бог. Сѐ уште биле улогорени во подножјето на гората Синај. Мојсеј останал на гората повеќе денови за да прими натамошни информации од Бог, а луѓето вршеле притисок врз неговиот брат Арон да им направи бог. Арон послушал и направил теле од златото што му го дале луѓето. Се тврдело дека овој идол го претставувал Јехова (Псалм 105:20). Следниот ден тие му принеле жртви и продолжиле ‚да му се поклонуваат‘. Потоа ‚играле‘ (2. Мојсеева 32:1, 4, 6, 8, 17-19).

6 Додека Израелците славеле, Мојсеј слегол од планината. Кога го видел нивното срамотно однесување, извикал: „Кој е на Јеховината страна?“ (2. Мојсеева 32:25, 26, НС). Левиевите синови се собрале кај Мојсеј и тој ги поучил да земат мечови и да ги погубат идолопоклоничките лумпувачи. Покажувајќи ја својата љубомора за чистото обожавање на Бог, левитите убиле околу 3.000 нивни браќа кои згрешиле. Јехова ја поддржал оваа акција со тоа што им нанел неволја на преживеаните (2. Мојсеева 32:28, 35). Потоа Бог ја повторил заповедта: „Не смееш да паѓаш на колена пред друг бог, бидејќи Јехова, чие име е Љубоморен, тој е љубоморен Бог“ (2. Мојсеева 34:14, НС).

Ваал-Фегор

7, 8. а) На кој начин многу Израелци западнале во тешко идолопоклонство во врска со Ваал-Фегор? б) Како завршил поморот од Јехова?

7 По четириесет години, кога нацијата Израел требало да влезе во Ветената земја, привлечните Моавки и Мадијамки намамиле многу Израелци да појдат и да го уживаат нивното гостопримство. Овие мажи требало да одбијат присно дружење со обожаватели на лажни богови (2. Мојсеева 34:12, 15). Наместо тоа, тие оделе како ‚волови на колење‘, вршејќи блуд со жените и придружувајќи им се во клањањето на Ваал-Фегор (4. Мојсеева 25:1-3; Изреки 7:21, 22).

8 Јехова испратил помор за да ги убие оние кои се впуштиле во такво срамно обожавање на сексот. Исто така, на невините Израелци им заповедал да ги убијат своите виновни браќа. Во дрска непослушност, еден израелски поглавар по име Замври, довел некоја мадијамска принцеза во својот шатор за да има односи со неа. Штом го видел тоа, богобојазливиот свештеник Финес ја погубил неморалната двојка. Тогаш поморот престанал, а Бог изјавил: „Финес . . . го одврати мојот гнев од Израелците; тој ја покажа меѓу нив истата љубомора која ме поттикна и мене, и затоа во својата љубомора не ги истребив Израелците“ (4. Мојсеева 25:11, The New English Bible). Иако нацијата била спасена од уништување, умреле најмалку 23.000 Израелци (1. Коринтјаните 10:8). Тие ја изгубиле својата долго негувана надеж да влезат во Ветената земја.

Предупредувачка поука

9. Што ги погодило жителите на Израел и Јуда поради тоа што не биле љубоморни за чистото обожавање на Јехова?

9 За жал, Израелците набргу ги заборавиле овие поуки. Не се покажале љубоморни за чистото обожавање на Јехова. „Со своите делкани ликови постојано го наведуваа [Бог] на љубомора“ (Псалм 78:58, НС). Како последица на тоа, во 740 година пр. н. е. Јехова дозволил десетте племиња на Израел да бидат одведени во заробеништво од страна на Асирците. Преостанатото двоплеменско царство Јуда претрпело слична казна кога нивниот главен град Ерусалим бил уништен во 607 година пр. н. е. Мнозина биле убиени, а преживеаните биле одведени во заробеништво во Вавилон. Каков предупредувачки пример за сите денешни христијани! (1. Коринтјаните 10:6, 11).

10. Што ќе им се случи на непокајничките идолопоклоници?

10 Една третина од населението на Земјата — околу 1.900.000.000 — сега се исповедуваат како христијани (1994 Britannica Book of the Year). Повеќето од нив им припаѓаат на цркви кои употребуваат икони, ликови и крстови во своето обожавање. Јехова не го поштедил ниту својот народ кој со своето идолопоклонство го навел на љубомора. Тој нема да ги поштеди ниту оние кои се изјаснуваат како христијани, а кои во обожавањето користат материјални предмети. „Бог е дух, и оние кои го обожаваат, треба да го обожаваат со дух и вистина“, рекол Исус Христос (Јован 4:24, НС). Освен тоа, Библијата ги предупредува христијаните да се чуваат од идолопоклонство (1. Јованово 5:21). Непокајничките идолопоклоници спаѓаат меѓу оние кои нема да го наследат Божјето Царство (Галатјаните 5:20, 21).

11. Како би можел еден христијанин да стане виновен за идолопоклонство без да се поклони на некој идол, и што ќе му помогне да избегне такво идолопоклонство? (Ефесјаните 5:5).

11 Иако еден вистински христијанин нема никогаш да се поклони на некаков идол, тој мора да го избегнува сето она што Бог го смета за идолопоклоничко, нечисто и грешно. На пример, Библијата предупредува: „Умртвете ги своите земни членови, односно пороците: блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство! Поради тие пороци иде гневот Божји“ (Колосјаните 3:5, 6). Послушноста кон овие зборови изискува да се отфрли неморалното однесување. Тоа бара да се избегнува онаа забава која има за цел да поттикне нечист сексуален апетит. Наместо да го задоволуваат таквиот апетит, вистинските христијани се љубоморни за чистото обожавање на Бог.

Подоцнежни примери за божествена љубомора

12, 13. На кој начин Исус дал истакнат пример во покажувањето љубомора за чистото обожавање на Бог?

12 Најистакнатиот пример за човек кој покажал љубомора за чистото обожавање на Бог, бил Исус Христос. Во првата година од својата служба, тој ги видел алчните трговци како тргуваат по дворовите на храмот. Евреите кои не биле од Ерусалим, можеби имале потреба од услугите на менувачите на пари за да ги заменат своите странски валути за пари кои ќе бидат прифатливи како храмска такса. Исто така, требало да купат животни и птици за да ги принесат како жртви кои се барале со Божјиот Закон. Таквите трговски зделки требало да се вршат надвор од храмските дворови. Што е уште полошо, трговците очигледно прекумерно ги искористувале религиозните потреби на своите браќа така што им наплаќале претерани цени. Обземен со љубомора за чистото обожавање на Бог, Исус употребил камшик за да ги истера овците и говедата. Исто така, им ги испревртел масите на менувачите на пари, велејќи: „Од домот на Мојот Отец немојте да правите дом за тргување!“ (Јован 2:14-16). Со тоа Исус ги исполнил зборовите од Псалм 68:9, каде стои: „Ревноста [или: „љубомората“, Byington] за Твојот дом ме јаде“.

13 Три години подоцна Исус повторно ги посматрал алчните трговци како тргуваат во Јеховиниот храм. Дали тој ќе го исчисти и по вторпат? Неговата љубомора за чистото обожавање на Бог и тогаш била исто толку силна како на почетокот од неговата служба. Ги истерал и продавачите и купувачите. Тогаш дал уште посилна причина за неговите постапки, велејќи: „Не е ли напишано: ‚Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече‘; а вие го направивте како разбојничко гнездо“ (Марко 11:17). Каков извонреден пример за истрајност во покажувањето на божествена љубомора!

14. Како треба да влијае врз нас Исусовата љубомора за чистото обожавање?

14 Личноста на сега веќе прославениот Господ Исус Христос не е изменета (Евреите 13:8). Во овој XX век, тој е исто толку љубоморен за чистото обожавање на својот Татко како и во времето кога бил на Земјата. Тоа може да се види од Исусовите пораки до седумте собранија што се запишани во книгата Откровение. Нивното главно исполнување е сега, во „Господовиот ден“ (Откровение 1:10, НС; 2:1-3:22). Во визија, апостол Јован го видел прославениот Исус Христос кој имал очи „како огнен пламен“ (Откровение 1:14). Ова покажува дека ништо не може да се сокрие од Христовиот поглед додека тој ги испитува собранијата за да се увери дали и понатаму се чисти и прифатливи за Јеховината служба. Денешните христијани треба да ја имаат на ум Исусовата опомена да не се обидуваат да им служат на двајца господари — на Бог и на богатството (Матеј 6:24). На материјалистички настроените членови на лаодикиското собрание, Исус им рекол: „Бидејќи си млак, и не жежок, ниту студен, ќе те изблуам од устата Своја. . . . Биди ревностен и покај се“ (Откровение 3:14-19). Со збор и со пример, наименуваните собраниски старешини треба да им помогнат на своите соверници да ја избегнуваат замката на материјализмот. Тие мораат да го штитат стадото од моралната расипаност на овој свет кој е ориентиран кон секс. Освен тоа, Божјиот народ не смее да толерира во собранието какво и да било влијание на Језавела (Евреите 12:14, 15; Откровение 2:20).

15. На кој начин апостол Павле го имитирал Исус во покажувањето љубомора за Јеховиното обожавање?

15 Апостол Павле бил имитатор на Христос. За да ги заштити новокрстените христијани од духовно нездрави влијанија, тој рекол: „Љубоморен сум на вас со божествена љубомора“ (2. Коринтјаните 11:2, НС). Пред да го напише тоа, љубомората за чистото обожавање го поттикнала Павле да го поучи истото ова собрание да исклучи некојси непокајнички блудник кој меѓу нив имал заразно влијание. Инспирираните упатства што биле дадени во таа прилика, се од голема корист за денешните старешини додека се трудат да ги одржуваат чисти преку 75.500-те собранија на Јеховини сведоци (1. Коринтјаните 5:1, 9-13).

Божјата љубомора е од корист за неговиот народ

16, 17. а) Каков став покажале народите кога Бог ја казнил древната Јуда? б) Како ја покажал Јехова својата љубомора за Ерусалим по 70 години заробеништво на Јуда?

16 Кога Бог ги казнил жителите на Јуда со тоа што дозволил да бидат одведени во заробеништво во Вавилон, тие биле исмејувани (Псалм 136:3). Со љубоморна омраза, Едомците дури им помогнале на Вавилонците да му нанесат неволја на Божјиот народ, а Јехова го забележал тоа (Језекиил 35:11; 36:15). Додека биле во заробеништво, преживеаните се покајале и по 70 години Јехова ги вратил во нивната земја.

17 Отпрвин, жителите на Јуда биле во очајна беда. Градот Ерусалим и неговиот храм лежеле во урнатини. А околните народи се противеле на сите напори за повторна изградба на храмот (Ездра 4:4, 23, 24, НС). Како се чувствувал Јехова поради тоа? Инспирираниот извештај наведува: „Вака вели Господ Саваот — ‚ревнувам за [бев љубоморен за, НС] Ерусалим и за Сион многу; и негодувам со големо негодување против народите што живеат во спокој, оти кога Јас малку се разгневив, тие го засилија злото‘. Затоа вака вели Господ: ‚Јас се обрнувам кон Ерусалим со милосрдност; во него ќе се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот“ (Захарија 1:14-16). Во склад со ова ветување, храмот и градот Ерусалим биле успешно обновени.

18. Што доживеале вистинските христијани за време на I светска војна?

18 Вистинското христијанско собрание имало слично искуство во XX век. Во текот на Првата светска војна, Јехова го укорил својот народ затоа што не бил строго неутрален во тој световен конфликт (Јован 17:16). Бог им дозволил на политичките сили да го угнетуваат, а свештенството на христијанството се радувало поради оваа неволја. Всушност, свештениците биле меѓу првите кои ги наговарале политичарите да го забранат делото на Истражувачите на Библијата, како што тогаш биле наречени Јеховините сведоци (Откровение 11:7, 10).

19. Како покажал Јехова љубомора за своето обожавање од 1919 година наваму?

19 Меѓутоа, Јехова покажал љубомора за своето обожавање и, во повоената 1919 година, го вратил својот покајнички народ во својата милост (Откровение 11:11, 12). Како последица на тоа, бројот на Јеховините фалители кој во 1918 година изнесувал помалку од 4.000, до денес пораснал на околу 5 милиони (Исаија 60:22). Наскоро, Јеховината љубомора за неговото чисто обожавање ќе се покаже на уште подраматични начини.

Идни дела на божествената љубомора

20. Што ќе стори Бог наскоро за да ја покаже својата љубомора за чистото обожавање?

20 Со векови, црквите на христијанството го следеле патот на отпадничките Евреи кои го навеле Јехова на љубомора (Језекиил 8:3, 17, 18). Наскоро Јехова Бог ќе дејствува на тој начин што ќе им стави една драстична мисла во срцата на членките на Обединетите нации. Тоа ќе ги наведе политичките сили да го опустошат христијанството и остатокот од лажната религија (Откровение 17:16, 17). Вистинските обожаватели ќе го преживеат тоа ужасно извршување на божествен суд. Тие ќе се оѕвијат на зборовите од небесните суштества кои велат: „Алилуја . . . бидејќи он ја осуди големата блудница [лажната религија] која со своето блудство [со нејзините лажни науки и поддршка на расипаната политика] ја расипа земјата, и се одмазди за крвта на слугите Свои, што загинаа од раката нејзина“ (Откровение 19:1, 2).

21. а) Што ќе сторат Сатана и неговиот систем откако лажната религија ќе биде уништена? б) Како ќе реагира Бог?

21 Што ќе се случи по уништувањето на светското царство на лажната религија? Сатана ќе ги поттикне политичките сили да покренат еден глобален напад врз Јеховиниот народ. Како ќе реагира вистинскиот Бог на овој обид на Сатана да го избрише вистинското обожавање од лицето на Земјата? Језекиил 38:19-23 ни кажува: „Во Мојата ревност [или: љубомора], во огнот на Моето негодување, Јас [Јехова] реков . . . И ќе му судам [на Сатана] преку помор и крвопролевање ќе излијам врз него и војските негови и врз многуте народи, што се со него, силен дожд и град како камења, оган и сулфур. Ќе го покажам Моето величие и Мојата светост и ќе се појавам пред очите на многу народи — и тие ќе познаат, дека Јас сум Господ“. (Види и Софонија 1:18; 3:8.)

22. Како можеме да покажеме дека сме љубоморни за чистото обожавање на Јехова?

22 Колку е утешно да се знае дека Суверенот на универзумот љубоморно се грижи за своите вистински обожаватели! Од длабоко ценење кон неговата незаслужена доброта, да бидеме љубоморни за чистото обожавање на Јехова Бог. Да продолжиме ревносно да ја проповедаме добрата вест и со доверба да го очекуваме големиот ден кога Јехова ќе го возвеличи и посвети своето големо име (Матеј 24:14).

Точки за медитирање

◻ Што значи да се биде љубоморен за Јехова?

◻ Што можеме да научиме од примерот што го дале древните Израелци?

◻ Како можеме да избегнеме да го наведеме Јехова на љубомора?

◻ Како покажале Јехова и Исус Христос љубомора за чистото обожавање?

[Рамка на страница 12]

Љубовта не е љубоморна

ВО ВРСКА со зависта, еден библиски научник од XIX век, Алберт Барнс, напишал: „Таа е една од највообичаените манифестации на злоба, која јасно ја покажува длабоката расипаност на човекот“. Тој понатаму рекол: „Оној кој може да го пронајде изворот на сите војни и борби и световни планови — сите методи и намери дури и на наводните христијани, кои толку многу ја расипуваат нивната религија и ги прават световно ориентирани, до нивниот вистински зачеток — ќе биде изненаден кога ќе открие дека голем дел од тоа треба да ѝ се припише на зависта. Нѐ боли кога другите се поуспешни од нас; копнееме да го поседуваме она што тие го имаат, иако немаме право на тоа; а ова, пак, води до различните погрешни методи кои се преземаат за да се намали уживањето на другите во тоа, или самите да го постигнеме истото тоа или, пак, да покажеме дека тие не поседуваат онолку колку што обично би требало да поседуваат. . . . така духот на завидливост во нашите гради ќе биде задоволен“ (Римјаните 1:29; Јаков 4:5).

Спротивно на тоа, Барнс дал една интересна изјава во врска со љубовта, која „не завидува“ (1. Коринтјаните 13:4, King James Version). Тој напишал: „Љубовта не им завидува на другите поради радоста што ја уживаат; таа се радува на нивната благосостојба; и како што нивната среќа се зголемува . . . оние кои се управувани од љубов нема да ја намалуваат среќата на другите; тие нема да ги засрамуваат поради нивните предности; нема да им ја одземаат таа радост; тие нема да мрморат или да негодуваат поради тоа што самите не се толку омилени. . . . Ако ги сакаме другите — ако се радуваме на нивната среќа, не би требало да им завидуваме“.

[Слика на страница 10]

Финес бил љубоморен за чистото обожавање на Јехова

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели