ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/3 стр. 10-15
  • Седмицата која го промени светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Седмицата која го промени светот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • 8 низан
  • 9 низан
  • 10 низан
  • 11 низан — ден на активност
  • Како што привршува 11 низан
  • 12 низан
  • 13 низан
  • „Дојде часот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Повторно доживување на Исусовите последни денови на Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Наближувала последната Пасха за Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Денот за сеќавање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/3 стр. 10-15

Седмицата која го промени светот

„Благословен е Кој иде во името Господово [Јеховино, NW]!“ (МАТЕЈ 21:9).

1. Кои две различни групи биле минатиот август погодени од настани?

„МНОГУ ВОЗНЕМУРУВАЧКИ ТРИ ДЕНА КОИ ГО ПОТРЕСОА СВЕТОТ.“ Во август 1991, насловите на средствата за јавно информирање, како што е овој, го истакнаа фактот дека за неколку дена светот може да се преврти наопаку. Всушност, последните денови на август не беа значајни само за светот, туку и за една група за која Исус рекол: „Тие не се од светот“. Оваа група денес е позната како Јеховини сведоци (Јован 17:14).

2, 3. (а) Како била истакната слободата во Загреб и покрај облаците на војната? (б) Како била наградена јаката вера во Одеса?

2 Првиот меѓународен конгрес на Јеховини сведоци некогаш планиран за Југославија беше предвиден за 16 до 18 август. Како што се покажа, тоа беше првиот голем конгрес на Јеховиниот народ во рамките на една нација на работ на граѓанска војна. Месните Сведоци, заедно со доброволни работници од соседните земји работеа два месеца за потполно да го реновираат фудбалскиот стадион ХАШК Граѓански во Загреб. Стадионот беше потполно чист и уреден, идеално место за конгресот „Љубители на божествената слобода“. Планираа да присуствуваат илјадници меѓународни делегати, вклучувајќи 600 од Соединетите Држави. Додека се закануваа облаците на граѓанската војна, се ширеше глас: „Американците никако нема да дојдат“. Но дојдоа, како што дојдоа и делегати од многу други земји. Се очекуваа 10 000 присутни, но 14 684 беа на стадионот на последниот ден! Сите тие беа богато благословени бидејќи не ‚го напуштија своето собрание‘ (Евреите 10:25).

3 Во текот на трите дена после конгресот во Загреб, во Советскиот Сојуз беше изведен неуспешен државен удар. Во тоа време, љубителите на божествената слобода ги правеа последните подготовки за својот конгрес во Одеса во Украина. Дали конгресот би можел да се одржи? Со јака вера браќата ги завршуваа последните работи во потполното реновирање на стадионот, а делегатите продолжуваа да доаѓаат. Како чудо, државниот удар заврши. Се одржа прекрасен конгрес на 24, 25 август, со 12 115 присутни и 1 943 — 16 проценти од највисокиот број на присутни — се крстија! Тие нови Сведоци, заедно со долгогодишните чувари на беспрекорноста, се радуваа што дошле на тој конгрес со целосна доверба во Јехова (Соломонови изреки 3:5, 6).

4. Кој пример оставен од Исус го следеле Сведоците во Источна Европа?

4 Тие верни Сведоци го следеа образецот поставен од нашиот Пример, Исус Христос. Тој никогаш не пропуштал да присуствува на празниците кои Јехова ги заповедал, дури и кога Евреите сакале да го убијат. Кога дошол во Ерусалим за својата последна Пасха, тие биле собрани во храмот и се прашувале: „Што мислите? Нема ли да дојде на празникот?“ (Јован 11:56). Но секако дека дошол! Со тоа се поставила сцената за седмица која кулминирала во променување на текот на човечката историја. Да погледнеме некои од врвните точки на таа седмица — 8 до 14 низан од еврејскиот календар

8 низан

5. За што бил свесен Исус додека патувал во Витанија на 8 низан 33 н.е.?

5 На овој ден Исус и неговите ученици пристигнуваат во Витанија. Овде, Исус ќе помине шест ноќи во домот на својот сакан пријател Лазар, кого што неодамна го воскреснал од мртвите. Витанија е близу до Ерусалим. Исус насамо веќе ги советувал своите ученици: „Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт, и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и биен, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне“ (Матеј 20:18, 19). Исус е потполно свесен дека сега мора да се соочи со болни искушенија. Меѓутоа, додека се приближува времето на најголемо испитување, не се штеди да им служи со љубов на своите браќа. Нека и ние секогаш бидеме со „овој мисловен став кој беше и во Христос Исус“ (Филипјаните 2:1-5, NW; 1. Јованово 3:16).

9 низан

6. Што направила Марија, и што му рекол Исус на Јуда вечерта на 9 низан?

6 После зајдисонце, додека започнува 9 низан, Исус ужива во оброкот во домот на Симон кој порано бил лепрозен. Токму овде Лазаровата сестра Марија му ги полева главата и нозете на Исус со скапо миризливо масло и понизно му ги брише нозете со својата коса. Кога Јуда приговара, Исус вели: „Оставете ја! Таа го запазила тоа за денот на Моето погребение“. Бидејќи слушаат дека многу Евреи ќе одат за Витанија и веруваат во Исус, првосвештениците планираат завера да го убијат него и Лазар (Јован 12:1-7).

7. Како му се оддало чест на Јеховиното име утрото на 9 низан, и што прорекол Исус?

7 Рано наутро, Исус тргнува кон Ерусалим. Мноштва излегуваат да го пречекаат, мафтаат со гранки од палми и викаат: „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово [Јеховино, NW], Царот Израилев!“ Исус тогаш го исполнува пророштвото од Захарија 9:9 со тоа што јава до градот на магаре. Додека се приближува до Ерусалим, го оплакува, претскажувајќи дека Римјаните ќе го опколат со остри колци и потполно ќе го уништат — пророштво кое ќе има забележително исполнување 37 години подоцна. (Тоа исто така навестува зло за т.н. христијанство, кое отпаднало по примерот на стариот Ерусалим.) Еврејските владетели не го сакаат Исус за свој цар. Во гнев извикуваат: „Ете, светот тргна по Него“ (Јован 12:13, 19).

10 низан

8. Како Исус покажал длабоко почитување за Јеховиниот дом на молитва на 10 низан, и што следело потоа?

8 Исус повторно го посетува храмот. По втор пат, ги истерува алчните трговци и менувачите на пари. Комерцијализмот — „среброљубието“ — не треба да владее во Јеховиниот дом на молитва! (1. Тимотеј 6:9, 10). Исус набргу ќе умре. Зборува за садењето на семето за да го покаже тоа. Првобитното семе умира, но изртува за да создаде стебленце кое раѓа изобилство од зрна. Слично на тоа, Исусовата смрт ќе доведе до бескраен живот за мноштвата кои покажуват вера во него. Загрижен при помислата за својата претстоечка смрт, Исус моли името на неговиот Татко да биде со тоа прославено. Како одговор, Божјиот глас, загрмува од небесата за да го чујат сите присутни: „И Го прославив, и пак ќе Го прославам“ (Јован 12:27, 28).

11 низан — ден на активност

9. (а) Како Исус употребил споредби за да ги осуди отпадничките Евреи на почетокот на денот, на 11 низан? (б) Кој пропуштил величествена прилика во согласност со Исусовата споредба?

9 Исус и неговите ученици повторно ја напуштаат Витанија за еден исполнет ден на активност. Исус употребува три споредби за да покаже зошто отпадничкото еврејство е осудено. Тој проколна едно бесплодно стебло смоква, а нејзината исушена состојба ја осликува безверната, бесплодна еврејска нација. Влегувајќи во храмот, објаснува како недостојните одгледувачи на лозјето на еден господар на крајот го убиваат дури и господаровиот син и наследник — кое ги претставува Евреите кои ја изневериле довербата што Јехова ја имал во нив, а кое ќе достигне кулминација со убиството на Исус. Опишува една свадбена гозба која ја приредува еден цар — Јехова — чии поканети гости (Евреите) себично се изговараат дека нема да дојдат. Затоа, поканата оди до оние однадвор — Народите — од кои некои се одзиваат. Но еден човек кој нема свадбена облека е исфрлен надвор. Тој ги претставува лажните христијани на т.н. христијанство. Многу Евреи од времето на Исус биле поканети „а малцина избрани“ да бидат меѓу 144 000 запечатени кои го наследуваат небесното Царство (Матеј 22:14; Откровение 7:4).

10-12. (а) Зошто Исус го укорил еврејското свештенство, и со какви остри осуди ги натрупал тие лицемери? (б) Како конечно бил извршен суд над отпадничкото еврејство?

10 Лицемерните еврејски свештеници бараат прилика да го фатат Исус, но тој одговара на неколку нивни лукави прашања и ги посрамува пред народот. Ах, тие отпаднички религиозни Евреи! Како Исус отворено ги укорува! Тие копнеат по истакнатост, посебна облека и високо звучни титули, како „Рави“ и „Оче“, слично на многу од свештениците во денешно време. Исус го навел правилото: „Кој се воздига, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат“ (Матеј 23:12).

11 Исус остро ги осудува тие религиозни водачи. Седум пати извикува: „Тешко вам“, нарекувајќи ги слепи водачи и лицемери. И секојпат дава јасна причина за осудувањето. Тие го затвораат влезот во небесното Царство. Кога ќе фатат во замка еден проселит, тој станува двоен предмет за Гехена, кој веројатно веќе е на ред за уништување поради поранешниот голем грев или фанатизам. „Безумни и слепи!“, објавува Исус затоа што фарисеите се вртат околу златото на храмот наместо на задржувањето на чистото обожавање таму. Тие ја занемаруваат правдата, милоста и верноста додека плаќаат десетина од посакуваното нане, копра и кимин, а ги занемаруваат важните работи на Законот. Ритуалните перења никогаш нема да ја отстранат нивната внатрешна валканост — само срце исчистено преку верата во Исусовата претстоечка жртва можело да го постигне тоа. Нивното внатрешно лицермерство и беззаконието побиваат секаква ‚варосана‘ надворешност (Матеј 23:13-29).

12 Да, навистина тешко на фарисеите, кои се вистински „синови на оние, што ги убиле пророците“ од старо време! Тие се змии, пород на змии, осудени на Гехена, зашто нема да го убијат само Исус, туку и оние кои тој ќе ги испрати. Тој суд ќе биде извршен „врз овој род“. Во исполнение на тоа, Ерусалим бил потполно уништен 37 години подоцна (Матеј 23:30-36).

13. Во кои ситуации денес се одразени Исусовите забелешки околу прилозите во храмот?

13 Пред да го напушти храмот, Исус пофално зборува за една сиромашна вдовица која во благајната ставила две мали парички — „сѐ што имаше за својот живот“. Навистина спротивно од алчните богаташи кои ставаат само симболични прилози! Како сиромашната вдовица, Јеховините сведоци денес спремно го жртвуваат времето, енергијата и средствата за да го поткрепат и прошират делото на Царството ширум светот. Колку се различни од оние неморални ТВ проповедници кои ги лажат своите стада за да изградат империи на лично богатство! (Лука 20:45–21:4).

Како што привршува 11 низан

14. Каква жалост изразил Исус, и како одговорил на понатамошното испитување од страна на неговите ученици?

14 Исус го оплакува Ерусалим и неговиот народ и објавува: „Нема да Ме видите отсега дури не кажете: ‚Благословен е Оној, Кој иде во името Господово [Јеховино, NW]!“ (Матеј 23:37-39). Подоцна, кога седат на Маслинската гора, Исусовите блиски ученици го распрашуваат за тоа, и Исус дава одговор со опишување на знакот којшто ќе го обележи неговото присуство во царска сила и завршетокот на Сатановиот злобен систем (Матеј 24:1–25:46; Марко 13:1-37; Лука 21:5-36).

15. Каков знак дал Исус во врска со неговата присутност за осуда, и од кога тој се исполнува?

15 Мислејќи на Јеховината осуда којашто требала набргу да биде извршена над храмот, Исус укажува дека тоа ги симболизира идните катастрофални настани на крајот на целиот систем. Тоа време на неговата присутност ќе биде обележано со избувнување на војни во нечуена мера, а исто и со глад, земјотреси и болести, како и со недостаток на љубов и беззаконието. Колку е тоа вистинито за нашиот свет во XX век од 1914!

16, 17. Каков светски развој опишал Исус, и како треба христијаните да реагираат на тоа пророштво?

16 Ќе се достигне кулминација во „голема неволја каква што не се случила од почетокот на светот досега, не, ниту повторно ќе се случи“. Бидејќи таа ќе биде опустошувачка како Потопот од времето на Ное, Исус предупредува на зафатеноста со светски тежнеења. „Затоа бидете будни, бидејќи не знаете во кој ден ќе дојде вашиот Господ.“ Колку можеме да бидеме среќни што Господарот одредил помазан ‚верен и разумен роб‘ за да го огласи предупредувањето и да дава изобилство на духовна храна за овој ден на неговата присутност! (Матеј 24:21, 42, 45-47, сите NW).

17 Во нашиов XX век, гледаме „на земјата — тага кај народите од неизвесноста (...) луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот“. Но Исус ни кажува: „Кога ќе почне тоа да станува, исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение“. И нѐ предупредува: „Пазете се: вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет, за да не ве затече оној ден ненадејно“. Само ако останеме будни можеме да стоиме со признание пред Исус, „Синот Човечки“ во неговата присутност (Лука 21:25-28, 34-36).

18. Какво охрабрување можеме да извлечеме од Исусовите споредби за десетте девојки и за талантите?

18 Завршувајќи го својот мајсторски преглед на современиве настани, Исус дава три споредби. Прво, во споредбата за десетте девојки повторно ја нагласува потребата да се ‚биде буден‘. Потоа, во споредбата за робовите и талантите, покажува како марливоста е наградена со покана да се ‚влезе во радоста на господарот‘. Помазаните христијани кои се претставени во овие споредби, како и другите овци можат да извлечат големо охрабрување од тие сликовити описи (Матеј 25:1-30).

19, 20. Каков прекрасен современ однос е прикажан во Исусовите споредби за овците и козите?

19 Третата споредба се однесува на Исусовата присутност во царска сила откако пристигнува да седи на својот славен небесен престол. Тоа е време за судење на народите и за делење на народите на Земјата во две групи, една која се состои од кротки луѓе слични на овци, а другата од тврдоглави слични на кози. Овците прават посебни напори за да ги поддржат браќата на Царот — останатите помазаници на Земјава во ова време на крајот на светот. Тие овци се наградени со живот, додека неблагодарните кози одат во вечно уништување (Матеј 25:31-46).

20 Каков величествен однос гледаме помеѓу другите овци и браќата на Царот во овој завршеток на системот! Иако помазаниот остаток го носеше најголемиот товар на одговорности на делото во почетокот на царската присутност, милионите ревносни други овци сега сочинуваат 99,8 проценти од Божјите слуги на Земјава (Јован 10:16). И тие се покажале спремни да издржат ‚глад, жед, голотија, болест и затвор‘ како другари на помазаните чувари на беспрекорноста.a

12 низан

21. Што се развило на 12 низан, и како?

21 Заверата да се убие Исус се развива. Јуда ги посетува првосвештениците во храмот, и се согласува да го издаде Исус за 30 сребреници. Дури и тоа било проречено (Захарија 11:12).

13 низан

22. Каква подготовка се направила на 13 низан?

22 Исус, кој останува во Витанија, веројатно за молитва и медитирање, ги испраќа своите ученици во Ерусалим за да го најдат „тој и тој човек“. Во куќата на тој човек, во една голема горна одаја, ја подготвуваат Пасхата (Матеј 26:17-19). Додека сонцето зајдува на 13 низан, Исус им се придружува во најзначајната прослава во целата историја. Што претстои сега на 14 низан? Тоа ќе го покаже нашата следна статија.

[Фуснота]

a Следната статија треба да ни помогне уште повеќе да го цениме блискиот однос помеѓу помазаното мало стадо и другите овци.

Како накратко би кажал?

◻ Какво гостопримство и дочек некои му приредиле на Исус во текот на 8 па сѐ до 10 низан?

◻ Како Исус го разоткрил лицемерното свештенство на 11 низан?

◻ Какво големо пророштво дал Исус, и како се исполнува денес?

◻ Како настаните се движеле кон кулминација на 12 и 13 низан?

[Слика на страница 12]

Исус ја пофалува сиромашната вдовица која дала две мали парички — сѐ што имала

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели