ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wcg погл. 11 стр. 58-61
  • „Оди кај фараонот“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Оди кај фараонот“
  • Храбро оди со Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Копај подлабоко
  • Размислувај за поуките
  • Размислувај за поголемата слика
  • Дознај повеќе
  • Ја донел вистинската одлука
    Храбро оди со Бог
  • Мојсеј и Арон одат кај фараонот
    Мојата книга со библиски приказни
  • Да ги запознаеме Јеховините патишта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Бог ги ослободува Израелците од ропство
    Библијата — која е нејзината порака?
Повеќе
Храбро оди со Бог
wcg погл. 11 стр. 58-61

11 МОЈСЕЈ

„Оди кај фараонот“

Печатено издание
Печатено издание

МОЈСЕЈ, со текот на времето, станал друг човек. Се чини дека уште одамна се откажал од идејата дека тој е оној кој ќе ги ослободи Израелците од ропството во Египет. Мојсеј наполнил 80 години и, во меѓувреме, се оженил и добил две деца. Тој се научил на понизност додека 40 години ги пасел стадата на својот тест во топлото и сушно подрачје на кое што живееле Мадијамците.

Јехова видел дека Мојсеј се променил. Еден ден, тој му го привлекол вниманието на Мојсеј на планината Хорив (Синај) со една грмушка што горела, но не изгорувала. Кога Мојсеј се приближил, Јехова му прозборел од огнот преку еден моќен ангел. Тој му рекол да се врати во Египет и да го ослободи неговиот народ. За да го охрабри Мојсеј, Бог му открил дел од значењето на своето свето име, Јехова, со тоа што му рекол: „ЌЕ СТАНАМ СЀ ШТО ЌЕ ПОСАКАМ ДА СТАНАМ“. Значи, Јехова можел да стане Спасител на својот угнетуван народ така што ќе сторел сѐ што било потребно за да го ослободи и од него да направи моќен народ.

И покрај ова, Мојсеј се колебал. Тој не се чувствувал способен да го води народот и да зборува со фараонот на Египет. Јехова му го исправил размислувањето, а и му ја зајакнал верата со тоа што направил нешто неверојатно. Бог му дал на Мојсеј моќ да прави чуда. Ова е првото место во Библијата на кое се спомнува дека еден човек добил таква моќ. Освен тоа, Јехова му дал задача на Арон, братот на Мојсеј, да му помага и да зборува наместо него. На крај, Мојсеј ја прифатил задачата. Тој станал месија или помазаник, човек кого Јехова го избрал за да го спаси својот народ (Евр. 11:26).

Мојсеј се сретнал со Арон на планината Хорив. Тие двајцата се вратиле заедно во Египет и отишле кај фараонот. Тој многу се разгневил кога слушнал што бараат од него. Наместо да ги ослободи Израелците, овој разлутен владетел уште повеќе им ја отежнал ропската работа. Потоа, Јехова му рекол на Мојсеј повторно да оди кај фараонот и да му каже дека Тој ќе го казни Египет со неволја. Големата река Нил била претворена во крв. Но, фараонот не ги пуштил Израелците да си одат. Јехова продолжил да го праќа Мојсеј кај фараонот за да му ја објави секоја следна неволја. Тој храбро одел кај него, но овој горд владетел не сакал да го слуша. Од четвртата неволја па натаму, само Египќаните биле погодени, а Израелците биле заштитени од Јехова.

Мојсеј и Арон стојат пред фараонот и пред египетски дворјани.

Секоја неволја покажала дека египетските богови, свештениците што се занимавале со магија, како и самиот фараон се немоќни. Но, срцето на фараонот станувало сѐ позакоравено, и тој не ги пуштал робовите да си одат. Со деветтата неволја, цел Египет бил прекриен со густа темнина, а само на подрачјето на кое живееле Израелците имало светлина. Отпрвин, фараонот се согласил да ги пушти, но потоа овој тврдоглав владетел се премислил. Тој го предупредил Мојсеј дека, ако уште еднаш се појави пред него, ќе умре.

Мојсеј повеќе пати морал да се соочи со гневот на најмоќниот владетел на Земјата

Сепак, Јехова го испратил Мојсеј кај фараонот за последен пат, и Мојсеј отишол. Со десеттата и последна неволја, биле погубени сите првородени во Египет, и од луѓето и од животните. Фараонот, чиј син исто така умрел, конечно попуштил. Понижен, го повикал Мојсеј. Му кажал дека Израелците се слободни да си одат и побарал од него да го благослови. Најпосле, Израелците биле на слобода, по точно 430 години откако Авраам влегол во Ветената земја. Израелците повеќе не биле робови и го напуштиле Египет со „мноштво други луѓе“, од кои многумина веројатно биле Египќани. По некое време, фараонот повторно се предомислил. Ја собрал својата огромна војска и тргнал во потера по Израелците.

Кога Мојсеј и народот стигнале до брегот на Црвеното Море, изгледало дека се во стапица. Израелците биле преплашени. Мојсеј повикал кон Јехова за помош. Јехова одговорил така што направил чудо — едно од најневеројатните чуда во историјата. Го разделил Црвеното Море, и така Израелците можеле да поминат по суво морско дно. Кога видел дека Израелците поминуваат, фараонот тргнал со својата војска по нив. Но, кога Израелците биле на сигурно на другата страна, Јехова ги пуштил назад водите на Црвеното Море, и така ги потопил Египќаните. Најмоќната војска на светот била збришана од лицето на Земјата!

Мојсеј никогаш не ги заборавил овие неверојатни настани. Неговата вера станала појака од кога и да било порано. Следните 40 години, сѐ до својата смрт на 120 години, Мојсеј го водел Божјиот народ и се грижел за него, покажувајќи извонредна вера, љубов и храброст.

Прочитај го библискиот извештај:

  • 2. Мојсеева 2:15 — 5:23; 7:1 — 11:10; 12:29-41; 13:17 — 14:31

  • 5. Мојсеева 29:2, 3; 34:5-7

За дискусија:

На кои начини Мојсеј покажал храброст во овој период од неговиот живот?

Копај подлабоко

  1. 1. Името на фараонот кој владеел кога Израелците излегле од Египет не е познато. Исто така, не е пронајден ниту еден египетски запис за тој настан. Сепак, зошто е разумно да веруваме дека овој библиски извештај е точен? (g04 8/4 7, пас. 4 — 9, пас. 1-wcgr)

  2. 2. Зошто народот се плашел од фараонот? (w14 15/4 8, пас. 1) А

    PRISMA ARCHIVO/Alamy Stock Photo

    Слика А: Древен ѕиден релјеф на еден фараон

  3. 3. Како со десетте неволји биле понижени египетските богови? (it „Богови и божици“ пас. 24-26-wcgr)

  4. 4. Што покажува дека Јехова направил широк пат низ Црвеното Море, и колку Израелци можеби поминале по него? (it „Излегување од Египет“ пас. 46-51-wcgr) Б

    Слика Б: Местото на кое можеби Израелците го преминале Црвеното Море гледано од Синај

Размислувај за поуките

  • Како може примерот на Мојсеј да нѐ охрабри кога мислиме дека не сме доволно способни да извршиме некоја задача што ни ја дава Јехова? (2. Мој. 4:10; 7:6, 7)

  • Исто како што Арон му помагал на Мојсеј храбро да ја изврши својата задача, како може ние денес да им помагаме на нашите браќа и сестри? (2. Мој. 4:14-16) В

    Слики: Една зрела сестра ѝ помага на друга сестра да биде повешта и да сведочи поуверено во службата. На следните три слики е прикажана секоја сцена посебно. Една зрела сестра гледа како на друга сестра не ѝ е лесно да му сведочи на еден човек на пазар. Подоцна истиот ден, зрелата сестра ѝ дава практични предлози на другата сестра со помош на брошурата „Сакај ги луѓето, поучувај ги за Бог“. Двете сестри му сведочат на друг човек на пазарот. Сестрата на која претходно не ѝ беше лесно да сведочи сега зборува со увереност.

    Слика В

  • Како ти би можел да покажуваш храброст каква што имал Мојсеј според овој извештај?

Размислувај за поголемата слика

  • Што учам од овој извештај за Јехова?

  • Како овој извештај е поврзан со Јеховината намера?

  • Што би сакал да го прашам Мојсеј кога ќе воскресне за периодот од неговиот живот што е опишан во овој извештај?

Дознај повеќе

Дознај како значењето на Божјето име може да им помогне на децата да бидат храбри.

Името Јехова (1:54)

Што научил Мојсеј за особините на Јехова од она што го доживеал?

„Да ги запознаеме Јеховините патишта“ (w05 15/5 20-25)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели