БИБЛИСКИ ЛИК
Биди храбар и верен како Венај
Венај бил храбар војник кој му служел на цар Давид, а подоцна и на цар Соломон. Венај бил син на свештеник. Свештениците и левитите обично не учествувале во војни и не користеле оружје, но Венај активно учествувал во војните на Јехова. Тој покажал голема храброст. На пример, убил лав во една јама за вода и поразил еден вооружен џин. Давид имал толку голема доверба во Венај што го поставил за заповедник на својата телесна стража (2. Сам. 23:20-23).
Венај му останал верен на Давид за време на побуната на Авесалом и побуната на Адонија (2. Сам. 8:18; 15:18; 1. Цар. 1:8). Исто така, кога Давид остарел, Венај помогнал Соломон да биде поставен за цар (1. Цар. 1:32-40). Значи, Венај им останал верен на Јехова и на оние кои Бог ги помазал, дури и кога другите не биле верни.
И нам ни е потребна храброст да се бориме против нашиот моќен непријател Сатана и оние кои го поддржуваат. И, треба да бидеме решени и понатаму да живееме според Јеховините мерила (Еф. 6:11; 1. Пет. 5:8, 9). Дури и ако некој одлучи да го напушти Јехова, ние ќе му останеме верни на Бог, уверени дека тој ќе нѐ награди (2. Сам. 22:26).