31 август — 6 септември
2. МОЈСЕЕВА 21-22
Песна 141 и молитва
Воведни зборови (1 мин.)
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ
„Гледај на животот како што гледа Јехова“: (10 мин.)
2Мо 21:20 — Јехова го осудува убивањето (g 7/11 28, пас. 9)
2Мо 21:22, 23 — За Јехова е скапоцен животот на едно неродено бебе (lv 80, пас. 16)
2Мо 21:28, 29 — Јехова очекува од нас да внимаваме на безбедноста (w10 15/4 29, пас. 4)
Најди духовни бисери: (10 мин.)
2Мо 21:5, 6 — Според овие стихови, како ни користи заветот што му го даваме на Јехова? (w10 15/1 4, пас. 4-5)
2Мо 21:14 — Како може да се објасни овој стих? (it-1-E 1143)
Кои духовни бисери ги пронајде во материјалот за читање од Библијата за оваа седмица во врска со Јехова, со службата или со нешто друго?
Читање на Библијата: (до 4 мин.) 2Мо 21:1-21 (th лекција 5)
ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА
Прв разговор: (до 3 мин.) „Предлози за разговор“. Потоа покани го лицето на нашите состаноци. (th лекција 2)
Повторна посета: (до 4 мин.) „Предлози за разговор“. Потоа воведи го видеоклипот Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци?, и дискутирајте за него (но не го пуштај на бината). (th лекција 20)
Говор: (до 5 мин.) w09 1/4 31 — Тема: Јехова — Татко на децата без татко (th лекција 19)
ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Цени го животот како што го цени Бог: (10 мин.) Дискусија. Пушти го видеоклипот. Потоа прашај ги присутните: До какви компликации може да дојде во текот на бременоста? Како она што е запишано во 2. Мојсеева 21:22, 23 влијае врз нашиот став кон абортусот? Зошто ни се потребни вера и храброст за да донесеме одлука која ќе го радува Јехова? Како надежта во воскресение ни влева утеха?
Како ни користи заветот што му го даваме на Бог: (5 мин.) Говор на темел на Стражарска кула од 15 јануари 2010, страница 4, пасуси 4-7. Поттикни ги интересентите да му се заветуваат на Јехова и да се крстат.
Собраниско проучување на Библијата: (30 мин.) jy погл. 130
Заклучни зборови (до 3 мин.)
Песна 15 и молитва