ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Убавото однесување и длабоката почит можат да омекнат нечие срце
Во многу случаи, со своето убаво однесување нашите сестри успеваат да им помогнат на своите сопрузи да ја прифатат вистината. Во меѓувреме, можеби со години ќе мора да поднесуваат тешкотии (1Пе 2:21-23; 3:1, 2). Доколку твојот сопружник не постапува убаво со тебе, труди се да го надвладееш злото со добро (Ри 12:21). Она што најмногу може да го поттикне твојот сопружник да ја прифати вистината е твоето убаво однесување, а не твоите зборови.
Труди се да го сфатиш твојот сопружник — стави се во негова кожа (Фп 2:3, 4). Покажувај сочувство и почит кон својот сопруг, и труди се на најдобар начин да ја извршуваш својата улога во семејството. Внимателно слушај кога тој зборува (Јк 1:19). Биди стрплива и покажувај му љубов на сопругот за да се увери дека го сакаш. Дури и ако твојот брачен другар никогаш не ти покажува љубов и почит како што ти му покажуваш, биди сигурна дека Јехова многу ја цени твојата верност (1Пе 2:19, 20).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЈЕХОВА НИ ПОМАГА ДА ГО НОСИМЕ СВОЈОТ ТОВАР, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Каков ѝ бил животот на Грејс Ли откако стапила во брак?
Што ја привлекло кон библиската вистина?
Што ѝ помогнало на сестра Грејс да истрае и покрај проблемите со кои се соочила откако се крстила?
Што му кажала таа на Јехова во молитва за својот сопруг?
Какви благослови добила сестра Грејс поради тоа што убаво се однесувала и покажувала длабока почит?
Убавото однесување и длабоката почит имаат голема моќ!