ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Исус умрел и за твојот брат
Исус го дал својот живот за несовршените луѓе (Ри 5:8). Сигурно сме многу благодарни што Исус ни покажал љубов со тоа што го дал животот за нас. Но, од време на време, добро е да се потсетиме дека Исус умрел и за нашиот брат. Како можеме по примерот на Исус да покажеме љубов кон нашите браќа и сестри кои се несовршени исто како нас? Да разгледаме три начини. Прво, можеме да си го прошириме кругот на пријатели и да ги вклучиме и оние што се од поинакво потекло и култура (Ри 15:7; 2Ко 6:12, 13). Второ, треба да внимаваме да не кажуваме или да правиме работи со кои би можеле да ги навредиме другите (Ри 14:13-15). И трето, ако некој ни згреши, треба брзо да му простиме (Лк 17:3, 4; 23:34). Ако со сите сили се трудиме да го следиме примерот на Исус, Јехова и понатаму ќе го благословува собранието и во него ќе владеат мир и единство.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОКАЖУВАЈ РАЗБИРАЊЕ!, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Како гледаше Мика на објавителите од нејзиното собрание во почетокот?
Зошто почна да гледа негативно на другите?
Како примерот на Исус ѝ помогна да си го исправи гледиштето? (Мр 14:38)
Како зборовите од Изреки 19:11 можат да ни помогнат да гледаме позитивно на нашите соверници?