Известувања
◼ Ако сѐ уште не го сториле тоа, сите објавители треба да ја пополнат својата ТП (трајно полномоштво) картичка. Оваа ТП картичка го штити твоето право да одбиеш трансфузија на крв. Бидејќи ‚не знаеш каков ќе ти биде животот утре‘, многу е важно однапред да одлучиш и да запишеш какви медицински третмани и постапки би прифатил ако итно ти треба медицинска помош (Јак. 4:14; Дела 15:28, 29). За овие одлуки треба да бидат детално информирани твоите застапници за здравствена грижа. Исто така, добро е да ги информираш и членовите на семејството кои не се Јеховини сведоци, но сепак сметаш дека треба да го знаат твојот став. Ако некому му треба помош да ја пополни картичката, може да им се обрати на старешините. (Види го додатокот во Нашата служба за Царството од ноември 2006 год.)
◼ Доколку е можно, пред да отидеш во болница, извести ги старешините за да можат да ти пружат помош и, ако е неопходно, да контактираат со Одборот за посредување меѓу лекари и пациенти Јеховини сведоци. Ако се работи за мало дете, замоли ги старешините доволно однапред да го известат овој Одбор. Искуствата покажуваат дека некои браќа и сестри чекаат до последен момент за да им кажат на лекарите дека не сакаат да примат крв. Тоа не е фер кон медицинскиот персонал и се доведуваш во опасност да ти биде дадена трансфузија. Ако лекарите ги знаат твоите убедувања и ако имаш потпишан документ во кој се наведени твоите желби и твоите конкретни упатства, тоа ќе им помогне брзо да дејствуваат, а честопати ќе им помогне и да видат кои опции за бескрвно лекување можат да ги применат.
◼ Старешинствата треба да го разгледаат писмото од 6 јули 2006 год., во кое се зборува дека треба да бидеме подготвени во случај на природна катастрофа, и да проверат дали ја имаат најновата адреса и телефонскиот број од секој објавител.
◼ Понуда на литература за јануари: Најголемиот човек кој некогаш живеел на Земјата.