Известувања
◼ Насловот на јавното предавање што покраинскиот надгледник ќе го држи во втората половина од 2015 службена година е „Се менува лицето на овој свет“.
◼ Понуда на литература за март и април: Стражарска кула и Разбудете се!
◼ Вечерта кога ќе се одржува Спомен-свеченоста, во петок на 3 април 2015 год., во Струмица сонцето ќе зајде во 18.56 часот, а во Охрид во 19.03 часот. Иако говорот може да започне порано, подавањето на симболите не треба да започне пред зајдисонце. Пожелно е секое собрание посебно да ја одржи Спомен-свеченоста. Онаму каде што обично по неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе мораат да користат друг објект за таа вечер. Таму каде што е изводливо, предлагаме помеѓу двете програми да поминат барем 40 минути, за да можат сите малку да поразговараат со другите по Спомен-свеченоста. Треба да се размисли и за сообраќајот и за паркирањето, вклучувајќи го и оставањето и земањето патници. Старешинството треба да одлучи за тоа што ќе биде најдобро за нивното собрание.