Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 30 јуни 2014 год.
Зошто е многу важно да го земеме предвид начелото од 2. Мојсеева 23:2 кога избираме на каков начин ќе се забавуваме и рекреираме? [5 мај, w11 15/7 стр. 10-11, пас. 3-7]
Колку била сериозна заповедта според која свештениците требало да се мијат пред да му ги принесат жртвите на Јехова, и зошто таа служи како предупредување за Божјите слуги денес? (2. Мој. 30:18-21) [19 мај, w96 1/7 стр. 9, пас. 9]
Зошто Арон не бил казнет за тоа што го направил златното теле? (2. Мој. 32:1-8, 25-35) [19 мај, w04 15/3 стр. 27, пас. 4]
Во што може да бидеме уверени ако ги ставаме духовните работи на прво место? (2. Мој. 34:24) [26 мај, w98 1/9 стр. 20, пас. 5]
Зошто извештајот за Веселеил и Олијав може многу да нѐ охрабри? (2. Мој. 35:30-35) [26 мај, w10 15/9 стр. 10, пас. 13]
На што го потсетувал првосвештеникот во древниот Израел „светиот знак на предаденоста“ кој бил прицврстен на неговиот турбан, и што учиме од овој знак во врска со заветот што сме му го дале на Јехова? (2. Мој. 39:30) [2 јуни, w01 1/2 стр. 14, пас. 2-3]
Каква одговорност имаат сите христијани ако дознаат дека некој соверник направил тежок грев? (3. Мој. 5:1). [9 јуни, w97 15/8 стр. 27]
Каква важна улога имале жртвите на заедништвото во времето на Израелците, и што симболизираат тие денес? (3. Мој. 7:31-33) [16 јуни, w12 15/1 стр. 19, пас. 11-12]
Што можеби вклучувал гревот на Ароновите синови Надав и Авиуд, и што учиме од овој извештај? (3. Мој. 10:1, 2, 9) [23 јуни, w04 15/5 стр. 22, пас. 6-8]
Зошто жената била „нечиста“ откако ќе родела дете? (3. Мој. 12:2, 5) [23 јуни, w04 15/5 стр. 23, пас. 1]